знамиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Apr 2023 19:49:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png знамиња – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Објавена листата со најзастапени европски презимиња – македонското сосема очекувано https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/objavena-listata-so-najzastapeni-evropski-prezimina-makedonskoto-sosema-ochekuvano/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/objavena-listata-so-najzastapeni-evropski-prezimina-makedonskoto-sosema-ochekuvano/#respond Wed, 12 Apr 2023 19:49:19 +0000 https://kurir.mk/?p=823278

Ако Американците со презиме Смит би формирале своја држава, тоа би била 35-та најнаселена американска држава. Смит е многу често презиме во другите земји од англиско говорно подрачје, но секоја земја во светот има „најпопуларно“ презиме. Во Македонија најзастапено презиме секако е Стојановски, а во продолжение ви ги претставуваме најчестите европски презимиња и нивното значење. Андора Гарсија - од ова најпопуларно презиме, евидентно е дека оваа земја, сместена меѓу Франција и Шпанија, со јазикот повеќе се приклонува кон Шпанија. Австрија Грубер - ова е презиме изведено од германскиот збор Groube, што значи дупка или вдлабнатина. Се однесува на личност која живее во низините. Белорусија, Бугарија Иванов – синот на Иван, дополнителни објаснувања сметаме дека не се потребни. Белгија Питерс - од зборот Петрус, што значи камен или карпа. Босна и Херцеговина Хоџиќ – презимето доаѓа од зборот хоза, што значи „син на мајсторот“. Црна Гора Поповиќ - изведенка на српскиот збор поп, буквално значи „син на свештеник“. Чешка Новак – доаѓа од словенскиот збор за дојденец (што е прилично збунувачки). Данска Јенсен - кратенка од „син на Јоханес“, а Јоханис значи „Јахве ме благослови со син“, т.е. „благословено дете“. Естонија Тамм – во превод значи „даб“. Финска Корхонен – изведенка на зборот корхо, што буквално значи глув човек, но може да се преведе и како итар. Франција Мартин – слично на презимето Мартинез, тоа е изведенка на името Марс, римскиот бог на војната. Германија, Швајцарија Милер – значи мелничар, кој меле жито. Грција Пападопулос – комбинација од зборовите papas (свештеник) и poulus (син). Унгарија Наѓ - преведено како голема, значи голема или моќна личност. Исланд Jónsdóttir - значи ќерка на Јон. Ирска Марфи – доаѓа од галското име O Murchadha, што значи „потомок на Murchad“, т.е. морски воин. Италија Роси – преведено како личност со црвена коса и румено лице (неочекувано за Италијанците, кои обично ги замислуваме како темни и црнокоси). Косово Красниќи – значи потомци на племето Красниќи од северот на Албанија. Латвија Bērziņš – буквално преведено би значело „оној што живее меѓу брезите“. Лихтенштајн Büchel – изведенка од германскиот збор за рид, ова презиме може да се преведе како „оној што живее на ридот“. Луксембург Шмит – слично презиме на германскиот Шмит и англискиот Смит. Македонија Стојановски - етимологијата на ова презиме не е разјаснета, но на македонските зборови често им се додавала наставката –ски. Малта Борг - значи тврдина. Па кога се презиваат така, ги викаат „еј, тврдина!“ Молдавија Русу – преведено како личност која потекнува од Русија. Монако Роси - иако Роси во моментов е најчестото презиме со 89 жители, тие имаат голема конкуренција од луѓето со презимето Лоренцо, од кои моментално има 67. Холандија Де Јонг – во превод значи „млад“. Норвешка Хансен – старонордиски збор што означувал луѓе кои создавале песни. Се толкува и како форма на името Ханс, т.е. Јоханис. Полска Новак – исто така значи и некој што е нов, дојденец Романија Попа – изведенка на романскиот збор за свештеник. Сан Марино Гасперони – ова презиме доаѓа од латинскиот збор gasparus, што значи „оној што го чува богатството“. Србија Јовановиќ – во превод „син на Јован“. Словенија Новак - значи и некој што е нов во областа. Шпанија Гарсија - речиси 1,5 милиони Шпанци се презиваат според баскискиот збор за мечка. Шведска Андерсон – син на Андерс, а Андерс доаѓа од грчкиот збор andreios, што значи „мажествен“. Турција Јилмаз – „непопустлив, нефлексибилен“. Украина Мелник – руска верзија на презимето Милер, „оној што меле жито“. Ватикан Бахман – дури четири лица во Ватикан го имаат тоа презиме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/objavena-listata-so-najzastapeni-evropski-prezimina-makedonskoto-sosema-ochekuvano/feed/ 0
Запалени знамиња на Шведска, Данска, Холандија пред шведската Амбасада во Џакарта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapaleni-znamina-na-shvedska-danska-holandija-pred-shvedskata-ambasada-vo-dhakarta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapaleni-znamina-na-shvedska-danska-holandija-pred-shvedskata-ambasada-vo-dhakarta/#respond Tue, 31 Jan 2023 07:29:09 +0000 https://kurir.mk/?p=793993

Неколку стотици муслимани во Индонезија се собраа пред шведската Амбасада во Џакарта во знак на протест против палењето на копии на Куранот во Шведска и Холандија. По тој повод демонстрантите ги запалија портретите на данскиот антиисламски активист Расмус Палудан, како и знамињата на Шведска, Данска и Холандија. Локалните власти ги блокираа улиците што водат до амбасадата, каде што беа распоредени повеќе од 200 полицајци и војници, а зградата беше опкружена и со бодликава жица. На 21 јануари Палудан запали копија од Куранот за време на протестите пред турската Амбасада во Стокхолм, а потоа холандскиот лидер на екстремно десничарското движење Пегида, Едвин Вагенсвелд, искина копија од Куранот во близина на седиштето на холандската влада. Тоа ги налути муслиманите ширум светот кои организираа протести во некои земји, вклучително и Индонезија, каде демонстрантите извикуваа „Алах е голем“ и бараа затворање на шведската Амбасада во Џакарта. Претходно индонезиската Влада остро го осуди палењето на Куранот и ја повика на разговор шведската амбасадорка Марина Берг. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapaleni-znamina-na-shvedska-danska-holandija-pred-shvedskata-ambasada-vo-dhakarta/feed/ 0
УМС однесе атлас со знамиња пред Влада: Известете нè ако имаат и другите институции проблем со распознавање, ќе им однесеме помагала да не нè срамат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-odnese-atlas-so-znaminja-pred-vlada-izvestete-ne-ako-imaat-i-drugite-institucii-problem-so-raspoznavanje-kje-im-odneseme-pomagala-da-ne-ne-sramat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-odnese-atlas-so-znaminja-pred-vlada-izvestete-ne-ako-imaat-i-drugite-institucii-problem-so-raspoznavanje-kje-im-odneseme-pomagala-da-ne-ne-sramat/#respond Thu, 20 Oct 2022 09:16:18 +0000 https://kurir.mk/?p=748239

По случувањата вчера каде што повторно протоколот на МНР ги помеша знамињата на државите, се поставува прашањето дали освен непотизам како причина, причина за ова во МНР е тоа што во протоколот се вработени трајно неспособни личности по пример на трајно неспособниот премиер, истакнува Александра Николовска од УМС на ВМРО-ДПМНЕ. „По не знам кој пат ја посрамотуваат државата. За таа цел денес им носиме атлас на знамиња од светот со лепенки низ чие собирање владата ќе ги научи знамињата. Имаме разбирање дека е комплицирано да се разликуваат знамињата и поради ова се потрудивме преку вакви интерактивни содржини да им помогнеме да се запознаат со знамињата од светот и да не се случуваат вакви пропусти во иднина. Ве молиме да нè известите ако другите институции имаат потреба од вакви помагала, стоиме на располагање да помогнеме“ - посочи таа.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ums-odnese-atlas-so-znaminja-pred-vlada-izvestete-ne-ako-imaat-i-drugite-institucii-problem-so-raspoznavanje-kje-im-odneseme-pomagala-da-ne-ne-sramat/feed/ 0
МНР: Сите амбасади и мисии во странство ги спуштија знамињата на половина копје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-site-ambasadi-i-misii-vo-stranstvo-gi-spushtija-znaminjata-na-polovina-kopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-site-ambasadi-i-misii-vo-stranstvo-gi-spushtija-znaminjata-na-polovina-kopje/#respond Tue, 23 Nov 2021 13:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=598815

Министерството за надворешни работи информира дека сите амбасади и мисии на земјава во странство ги спуштија знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост. – Согласно Одлуката на Владата за тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Република Бугарија, во која животот го изгубија повеќе наши државјани, сите амбасади и мисии во странство ги спуштија знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост, пишува на Фејсбук страната на МНР. Истовремено, од МНР потенцираат дека сите наши амбасади и мисии имаат отворено книги на жалост, а сите закажани настани, приеми и промоции во рамките на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во деновите на жалост се откажани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-site-ambasadi-i-misii-vo-stranstvo-gi-spushtija-znaminjata-na-polovina-kopje/feed/ 0
Занимливости за знамињата ширум светот – македонското знаме во истражување од 2015 година прогласено за „најубаво национално знаме“ во светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zanimlivosti-za-znaminjata-shirum-svetot-makedonskoto-zname-vo-istrazuvanje-od-2015-godina-proglaseno-za-najubavo-nacionalno-zname-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zanimlivosti-za-znaminjata-shirum-svetot-makedonskoto-zname-vo-istrazuvanje-od-2015-godina-proglaseno-za-najubavo-nacionalno-zname-vo-svetot/#respond Thu, 22 Jul 2021 07:56:27 +0000 https://kurir.mk/?p=540091

Речиси сите знамиња на светот се правоаголни, a само две се во облик на квадрат… Следат неколку занимливи факти за знамињата ширум светот. 1. Швајцарија и Ватикан имаат државни знамиња во облик на совршен квадрат. 2. Како што пишува „Квизклаб“, кога некоја земја избира симбол за своето знаме, тој обично носи посебно значење. На некои знамиња има животни, а на други – ѕвезди или други симболи. Некои земји пак, избрале измислени животни… На пр., знамето на Велс содржи змеј, а оние на Албанија, Србија и Црна Гора имаат двоглав орел. 3. Земјите обично користат бои поврзани со нивната историја. Тоа пак, ќе рече, повеќето национални држави ги претпочитаат основните бои – црвена, жолта, бела, сина… 4. Само една земја на светов, има знаме кое не е четириаголно. Тоа е националното знаме на Непал – составено од два триаголника, еден над друг. 5. Најмалку популарна боја на знамињата е виолетовата. Само Доминикана и Никарагва – држави во Средна Америка, ја содржат оваа боја на нивните знамиња. 6. Белизе го сака шаренилото! Нивното знаме е најшаренолико во светот – со 12 бои прикажани на државниот симбол, коишто меѓу другото, ја одразуваат и мултиетничноста и мултикултурализмот на земјата. 7. Честа да го има најстарото знаме на светот, според „Квизклаб“, ѝ припаѓа на Данска. Нивното сегашно знаме првпат било користено 1625 година, но самиот дизајн, се верува, потекнува од раниот 13. век. 8. Истражување на канадскиот портал „Провинс“ од 2015 година, по гласање на читателите во 64 држави во цел свет, македонското државно знаме е прогласено за „најубаво национално знаме“ во светот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zanimlivosti-za-znaminjata-shirum-svetot-makedonskoto-zname-vo-istrazuvanje-od-2015-godina-proglaseno-za-najubavo-nacionalno-zname-vo-svetot/feed/ 0
ФОТО: Чаир контра владата на ДУИ- се вее знамето на Палестина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-chair-kontra-vladata-na-dui-se-vee-znameto-na-palestina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-chair-kontra-vladata-na-dui-se-vee-znameto-na-palestina/#respond Fri, 21 May 2021 17:49:52 +0000 https://kurir.mk/?p=513429

Откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја стави Македонија на листата на земји кои го поддржале Израел во конфликтот со Хамас, среде Скопје има јавна поддршка за Палестина. Во општината Чаир во т.н. населба Јаја Паша денеска во знак на поддршка се вее знамето на Палестина. Според огромниот банер составен од повеќе знамиња официјалната позиција на македонската влада за поддршка на Израел во конфликтот со Хамас, кој заврши денеска со примирје, не важи во овој дел од главниот град. Предходно премиерот Зоран Заев, МНР на министерот Бујар Османи и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ја поддржаа позицијата на САД и ЕУ кои ги осудија нападите на Хамас врз Израел. Во Чаир локалната власт ја предводи ДУИ односно партијата на Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-chair-kontra-vladata-na-dui-se-vee-znameto-na-palestina/feed/ 0
Интересен факт: Зошто ниту едно национално знаме нема виолетова боја? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/interesen-fakt-zoshto-nitu-edno-nacionalno-zname-nema-violetova-boja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/interesen-fakt-zoshto-nitu-edno-nacionalno-zname-nema-violetova-boja/#respond Fri, 14 Aug 2020 07:10:41 +0000 https://kurir.mk/?p=390505

Виолетовата боја била премногу скапа до 1800-тите. Како резултат на тоа, често била поврзувана со моќ, власт и богатство. Дури и кралицата Елизабета I им забранила на сите да ја носат оваа боја, освен на блиските членови од семејството. Оваа боја била исклучително ценета, бидејќи била многу ретка. Оригиналната виолетова боја била добиена од мали морски полжави кои можат да се најдат само во областа на денешниот Либан. Не само што било тешко да се добие бојата, но биле потребни околу 10,000 морски полжави за да се направи еден грам виолетова боја. Затоа само богатите и кралските семејства можеле да си дозволат работи во виолетова боја, пишува КафеПауза. Освен ова, виолетовата боја претставувала духовност, па луѓето ги сметале за богови сите антички владетели што ја носеле. Според некои пресметки, 350 г виолетова боја чинеле купови злато. Оваа боја станала достапна околу 1856 година кога 18-годишниот хемичар Вилијам Хенри Перкин случајно направил синтетичка виолетова боја, додека се обидувал да направил лек против маларија. Од тој момент, започнало масовното производство на виолетова боја, па поради таа причина денес може да се пронајде само на некои знамиња создадени во 19-от век. Сепак, само две национални знамиња ја имаат виолетовата боја на нив. Станува збор за знамињата на Доминиканската Република и Никарагва. Како и да е, можеби ќе ја забележите и на некои знамиња чиишто држави го промениле знамето во последните години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/interesen-fakt-zoshto-nitu-edno-nacionalno-zname-nema-violetova-boja/feed/ 0
Зошто и од каде потекнува традицијата за спуштање на знамето на половина копје? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-i-od-kade-poteknuva-tradicijata-za-spushtanje-na-znameto-na-polovina-kopje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-i-od-kade-poteknuva-tradicijata-za-spushtanje-na-znameto-na-polovina-kopje/#respond Fri, 24 Jul 2020 20:45:58 +0000 https://kurir.mk/?p=381018

Од каде потекнува оваа традиција? Со векови се користи ширум светот и кореспондира со законите на одредена држава. Најчесто, во деновите на жалост, сите државни органи и органите на локалната самоуправа како и јавните служби го спуштаат државното знаме на половина копје. Сепак, не е целосно познато кога за прв пат било спуштено знаме на половина копје, меѓутоа најстариот датум бил 1612 година, кога капeтанот на еден британски брод починал за време на пловењето до Канада. Кога бродот се вратил во Лондон, знамето на главниот јарбол било спуштено на половина копје во чест на починатиот капетан. Зошто морнарите го спуштиле знамето? Многу историчари веруваат дека со спуштањето на британското знаме, морнарите сакаат да направат место за невидливо знаме на смртта. Објаснувањето се совпаѓа со британската традиција на спуштање на знамето „точно на место под нормалната положба“ за да се стави знамето на смртта. Интересно е тоа што знамето всушност не се спушта на половина копје. Според правилото, знамето во ден на жалост прво брзо се издигнува на врвот на јарболот, а потоа полека се спушта до позиција за да биде на половина копје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-i-od-kade-poteknuva-tradicijata-za-spushtanje-na-znameto-na-polovina-kopje/feed/ 0
Стојаноски по низата гафови со знамиња: Нѐ води проста и неписмена багра која прави да бидеме за потсмев насекаде низ светот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-po-nizata-gafovi-so-znaminja-n-vodi-prosta-i-nepismena-bagra-koja-pravi-da-bideme-za-potsmev-nasekade-niz-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-po-nizata-gafovi-so-znaminja-n-vodi-prosta-i-nepismena-bagra-koja-pravi-da-bideme-za-potsmev-nasekade-niz-svetot/#respond Wed, 11 Dec 2019 10:25:06 +0000 https://kurir.mk/?p=275952

По низата гафови на Владата поврзани со официјалните знамиња на државите, со свој коментар се јави и Влатко Стојаноски од УМС на ВМРО-ДПМНЕ. -Почнаa со Курц ??, го пречекаа со латвискo??. Сагата продолжи со Тимоние ??, каде што беше пречекан со холандското ?? знаме. Народот ги истрола и заклучија дека сите им бегале од часови по географија и нема никој доветен, па Брнабиќ ??ја пречекаа без знаме ❌ за да не пукне брука повторно. И откако се опуштивме и мислевме дека нема повеќе гафови - на Ѓукановиќ ??? му го свртија наопаку, а се заблагодарија на Јемен ?? наместо на Холандија ?? за НАТО. Денес, како јагода на шлагот го згрешија и нашето.???‍♂️ Нас нѐ води проста и неписмена багра која прави да бидеме за потсмев насекаде низ светот,? и просто се чудам како две децении истите фаци опстојуваат на политичкава сцена, пишува Стојаноски на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-po-nizata-gafovi-so-znaminja-n-vodi-prosta-i-nepismena-bagra-koja-pravi-da-bideme-za-potsmev-nasekade-niz-svetot/feed/ 0
Битола и Тетово без македонски знамиња за 8-ми септември: Градоначалничката не се ни појави на прославата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitola-i-tetovo-bez-makedonski-znaminja-za-8-mi-septemvri-gradonachalnichkata-ne-se-ni-pojavi-na-proslavata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitola-i-tetovo-bez-makedonski-znaminja-za-8-mi-septemvri-gradonachalnichkata-ne-se-ni-pojavi-na-proslavata/#respond Sat, 08 Sep 2018 13:02:27 +0000 https://kurir.mk/?p=98133

Битолската градоначалничка, Наташа Петровска, не најде време да се појави на прославата за 8-ми септември. Згора на тоа, градоначалничката од СДСМ, не се ни потрудила да стави знамиња низ градот, барем некако да се обележи овој ден. Речиси во пола Битола не може да се најде ниту едно знаме, ниту еден симбол дека денес е голем македонски празник. Македонско знаме денес нема ниту во Тетово.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/bitola-i-tetovo-bez-makedonski-znaminja-za-8-mi-septemvri-gradonachalnichkata-ne-se-ni-pojavi-na-proslavata/feed/ 0