зоки кичеец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 May 2020 17:47:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зоки кичеец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Героски: Дали Ден Дончев, со Зоран Кичеец како посредник, изрекетирал 824.000 евра од сопственичката на „Диамед“? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-dali-den-donchev-so-zoran-kicheec-kako-posrednik-izreketiral-824-000-evra-od-sopstvenichkata-na-diamed/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-dali-den-donchev-so-zoran-kicheec-kako-posrednik-izreketiral-824-000-evra-od-sopstvenichkata-na-diamed/#respond Tue, 19 May 2020 17:47:40 +0000 https://kurir.mk/?p=347963

Лице блиско до поранешната сопственичка на „Диамед“, во проширена кривична пријава против Ден Дончев, во која е додаден и Зоран Милевски  Кичеец, во писмена изјава доставена до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, тврди дека под уцена им исплатило на двајцата вкупно 824.000 евра по разни основи. Дали ова е една од главните причини поради кои Ден Дончев, сега веќе поранешен директор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, е под истрага од страна на Обвинителетсвото?-пишува новинарот Бранко Героски. -За сериозните сомневања за постоење нова рекетарска афера, поврзана со Дончев, пишував во март годинава, но и кон крајот на минатата година. Во медиумите аферата беше наречена „Рекет 2“. Претпоставувам дека сега, по оставката на Дончев, Обвинителството ги интензивирало активностите за утврдување на фактите. Откако обвинителката Вилма Русковска потврди дека против Дончев се води истрага, стана јасно дека неговата одлука да ја напушти директорската фотелја во ФЗОМ сепак е политичка и веројатно има врска и со „Рекет 2“, но и со новите докази за рекетот поврзан со него. Овие нови докази, како што веќе пишував, биле дадени на увид на обвинителите и се толку сериозни, што лидерот на СДСМ Зоран Заев веројатно проценил дека со една таква нова афера на вратот и со Дончев слободен, па уште и на директорска позиција, нема што да бара на избори. Што се однесува до тие нови докази, јас ги немам „инспектирано“, но моите извори тврдат дека станува збор за многу сериозни и цврсти докази, кои експлицитно укажуваат на постоење мрежа за рекетирање на субјекти кои пружаат разни услуги во здравствениот сектор, за кои плаќа Фондот за здравство. Редовната наплата на тие услуги, всушност, била уценета со исплата на кеш на рака на лица, кои потоа парите ги носеле на соодветни адреси. Сумата што јас ја слушнав, во која е опфатен и рекетот за кој имав намера да пишувам во март, достигнува 2 милиони евра на годишно ниво, анализира тој. Героски: Зошто Дончев вршел притисоци? „Велам, немам увид во тие нови докази, но затоа, пак, располагам со подетални информации за проширувањето на кривичната пријава на оштетената сопственичка на „Диамед“, во врска со аферата „Рекет 2“. Да се потсетиме. Лани во октомври ги обелоденив, а годинава во март и со конкретни докази ги поткрепив наводите од кривичната пријава на сопственичката на „Диамед“ против против директорот на ФЗОМ Ден Дончев и против министерот Венко Филипче. Во таа пријава двајцата се обвинуваат дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик. Се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ги оштетиле и неа, но и Буџетот на Република Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија. Но, тие написи не го објаснија мотивот на директорот на ФЗОМ Ден Дончев во 2018 година да врши жестоки притисоци врз угледната шведска компанија „Диаверум“ да се откаже од намерата да ја купи македонската компанија „Диамед“ и да стане вториот македонски оператор на услуги за дијализно болни лица. Тие притисоци на 1 ноември 2018 година кулминирале со формално писмо на Министерството за здравство до шведската компанија, кое содржи суптилни, но јасни закани до странскиот инвеститор. Тоа писмо веќе го објавив, како и одговорот на шведската компанија. Остана да виси прашањето зошто воопшто бил нужен овој притисок, кога, како што сведочат самите Швеѓани, во средината на 2018 година и министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев на претставниците на „Диаверум“ им ветиле дека истрагата што се води за наводно скриените сопственици на македонската компанија нема да го засегне концесискиот договор и дека шведската компанија ќе може слободно да работи во Македонија. Зошто на денот на склучувањето на зделката во Македонија, 25 октомври 2018 година, Швеѓаните биле пречекани со честитки од премиерот, но и со студен туш од Ден Дончев, со измешани изјави од кои биле шокирани?“ Целата анализа на Героски, прочитајте ја на ПЛУСИНФО]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-dali-den-donchev-so-zoran-kicheec-kako-posrednik-izreketiral-824-000-evra-od-sopstvenichkata-na-diamed/feed/ 0
Боки 13 и Кичеец околу 35 минути се задржале во домот на Камчев, по што излегле со торбата „луј витон” и се качиле во портокалов џип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-i-kicheec-okolu-35-minuti-se-zadrzale-vo-domot-na-kamchev-po-shto-izlegle-so-torbata-luj-viton-i-se-kachile-vo-portokalov-dzip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-i-kicheec-okolu-35-minuti-se-zadrzale-vo-domot-na-kamchev-po-shto-izlegle-so-torbata-luj-viton-i-se-kachile-vo-portokalov-dzip/#respond Thu, 06 Feb 2020 10:25:37 +0000 https://kurir.mk/?p=300032

На денешното судско рочиште за случајот „Рекет” се гледаат снимки кои до обвинителството ги достави сведокот Орце Камчев, пренесува „Фокус“. Снимките траат по десетина секунди, а се обезбедени од неколку камери поставени во домот на Камчев. На 20 февруари, во домот на Камчев сам доаѓа Зоран Милевски Кичеец, а потоа си оди. Вториот пат, во 15 и 34 часот доаѓа во придружба на Бојан Јовановски. По триесетина минути, односно точно во 16.10 часот, двајцата гости излегуваат од домот на бизнисменот Камчев, а Кичеец во раката носи торба „луј витон”. Откако излегуваат, влегуваат во портаколовиот џип на Кичеец, марка „тирок” а тој торбата ја остава на задното седиште, појаснуваше обвинителката Ивана Трајчева. Судењето е во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-i-kicheec-okolu-35-minuti-se-zadrzale-vo-domot-na-kamchev-po-shto-izlegle-so-torbata-luj-viton-i-se-kachile-vo-portokalov-dzip/feed/ 0
Кичеец оди во куќен притвор, по амин на Русковска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-odi-vo-kukjen-pritvor-po-amin-na-ruskovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-odi-vo-kukjen-pritvor-po-amin-na-ruskovska/#respond Tue, 24 Sep 2019 12:47:25 +0000 https://kurir.mk/?p=244223

Зоран Милевски – Кичеец, второосомничен во случајот „Рекет“, ќе биде пуштен во домашен притвор, откако денеска судија на претходна постапка, по добиено позитивно мислење од обвинителството, го уважи предлогот на одбраната како основан, пренесува Фокус. – Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на одбраната на З. М., опфатен во предметот во јавноста познат како „Рекет“, за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор од 19.09.2019, истиот го достави на мислење кај надлежен јавен обвинител. Денеска по добиено позитивно мислење од обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби,  донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд во Скопје. Со оглед дека жалбата не го одлага извршувањето, од Основниот кривичен суд информриаат дека решението е испратено до странките, а обвинтиот ќе биде спроводен на издржување на мерката куќен притвор во неговиот дом.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-odi-vo-kukjen-pritvor-po-amin-na-ruskovska/feed/ 0
„Дали Ден Дончев го прашал Кичеец колку се 60.000€ месечно во денарска противвредност“? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-den-donchev-go-prashal-kicheec-kolku-se-60-000e-mesechno-vo-denarska-protivvrednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-den-donchev-go-prashal-kicheec-kolku-se-60-000e-mesechno-vo-denarska-protivvrednost/#respond Sat, 21 Sep 2019 08:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=243053

На социјалната мрежа твитер за "Рекет2" се поставуваат интересни прашања, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Тој издвојува две од тие прашања: 1. Дали Ден Дончев го прашал Кичеец колку се 60.000€ месечно во денарска противвредност? 2. Дали кафето во Coffee O'Clock е со подобар шмек од она во кабинетот кај министерот Венко Филипче? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-den-donchev-go-prashal-kicheec-kolku-se-60-000e-mesechno-vo-denarska-protivvrednost/feed/ 0
Зошто Ден Дончев одби да одговори за неговата поврзаност со Зоки Кичеец и за вршењето притисок? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-den-donchev-odbi-da-odgovori-za-negovata-povrzanost-so-zoki-kicheec-i-za-vrshenjeto-pritisok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-den-donchev-odbi-da-odgovori-za-negovata-povrzanost-so-zoki-kicheec-i-za-vrshenjeto-pritisok/#respond Fri, 20 Sep 2019 12:16:26 +0000 https://kurir.mk/?p=242846

Министерот за здравство и директорот на Фондот за здравствено осигурување заработија кривична пријава поради злоупотреба на нивната положба при продажбата на фирмата Диамед на странска компанија во зделка тешка над 11 милиони евра. Филипче и Ден Дончев изнесувале невистини на шведскиот инвеститор да се откаже од купувањето на македонската фирма која располага со центри за дијализа во земјата и со нивното влијание предизвикале и одложување на купопродажбата, тврдат од адвокатското друштво Давидовиќ Јанковиќ кои ја застапуваат подносителката на кривичната пријава. Денес Дончев одржа прес-конференција, но наместо да ги даде одговорите кои јавноста ги очекува од него, тој покажуваше слајдови и говореше за тоа колкави приходи остварува Диамед. На новинарско прашање дали се познава со осомничениот во „Рекет“, Зоки Кичеец, Дончев избегна да одговори. -Јас не знам што е релевантен тој во ова. што сакате да кажете? Ви одговорив на прашањето, следно прашање ве молам, рече Дончев. На прашање дали е точно дека Дончев заедно со Зоки Кичеец вршел притисок наместо на Диаверум, Диамед да се продаде на албанска компанија, директорот на ФЗО тврди дека во врска со продажбата немал ниту една средба со Диамед. Тој рече дека имале две средби со претставници на Диаверум, во Влада и во министерство, а освен тоа биле испратени две писма. Во ситуација кога скандалот во кој е вклучено името на Дончев, во јавноста се нарекува „Рекет 2“, тој не смее да си дозволи да премолчи дали и на кој начин е поврзан со осомничените од „Рекет 1“. Дали нешто сака да сокрие, молчејќи, останува да видиме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoshto-den-donchev-odbi-da-odgovori-za-negovata-povrzanost-so-zoki-kicheec-i-za-vrshenjeto-pritisok/feed/ 0
Зоки Кичеец вчера излегол од „Шутка“: Префрлен е на Кардиологија откако му се слошило https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoki-kicheec-vchera-izlegol-od-shutka-prefrlen-e-na-kardiologija-otkako-mu-se-sloshilo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoki-kicheec-vchera-izlegol-od-shutka-prefrlen-e-na-kardiologija-otkako-mu-se-sloshilo/#respond Sat, 31 Aug 2019 20:21:23 +0000 https://kurir.mk/?p=235577

Зоран Милески или познат како Зоки Кичеец од вчера попладне е пациент на Кардиологија, дознава 24 инфо. Кичеец заедно со Боки 13 се двајцата првообвинети во аферата „Рекет“. Кичеец е сместен во еден од апартманите на Клиниката, а друштво му прават неколкумина припадници на МВР. -Полиција вечерва имаше и на влезот на Клиниката за кардиологијано и низ целиот Клинички центар „Мајка Тереза“. Неофицијално, на Кичеец вчера му се слошило, по што бил пренесен од истражниот затвор Шутка на Клиниката за кардиологија, пренеува телевизијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoki-kicheec-vchera-izlegol-od-shutka-prefrlen-e-na-kardiologija-otkako-mu-se-sloshilo/feed/ 0
Кичеец пред Русковска молчел три часа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-pred-ruskovska-molchel-tri-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-pred-ruskovska-molchel-tri-chasa/#respond Sat, 24 Aug 2019 10:12:21 +0000 https://kurir.mk/?p=232962

Зоран Милевски -Кичеец, еден од осомничените во истрагата за „Рекет“, се бранел со молчење, кога требало пред обвинителката Вилма Русковска да даде исказ, дознава „Фокус“ од извори од одбраната. Иако Кичеец цели три часа се задржа во Обвинителствот за гонење на организиран криминал и корупција, сепак тој го искористил своето право да молчи. Можно е со истата стратегија на молчење да се „брани“ и осомничениот Бојан Јовановски, бидејќи тој се уште не ги видел доказите кои обвинителството ги има против него, пренесува порталот. За истрагата „Рекет“ досега сведочеле голем број на сведоци, меѓу кои и обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, нивниот колега Бурим Рустеми, како и шефицата на кабинет на Катица Јанева. Шефицата Јанева, пак само еден ден откако сведочеше, ја доби улогата на осомничена, поради што заврши во 30-дневен притвор. Осомничените Јовановски и Милевски се гонат бидејќи наводно земале 1,5 милиони евра од бизнисменот Орце Камчев, кој за возврат „добил“ домашен притвор и времен пасош, а наводно требало и да се спаси од кривичен прогон за случајот на СЈО, „Империја“. Сето тоа, пак според обвинителството, се одивало со амин на обвинителката Јанева.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-pred-ruskovska-molchel-tri-chasa/feed/ 0
Триесет дена притвор за Катица Јанева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trieset-dena-pritvor-za-katica-janeva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trieset-dena-pritvor-za-katica-janeva/#respond Wed, 21 Aug 2019 19:04:05 +0000 https://kurir.mk/?p=232083

Катица Јанева оди во притвор. Од вечерва па во следните 30 дена таа ќе се наоѓа во истражниот затвор  во Шутка. Јанева доби притвор како третоосомничена во случајот „Рекет”. Пред неа притвор за овој случај добија Боки 13 и Зоки Кичеец. Полицијата денеска два пати вршеше претрес во домот на Јанева во Козле. Таа беше приведена попладнево од полицијата по налог на ЈО, а по претресот во нејзиниот дом беше одведена во канцеларијата во Специјалното јавно обвинителство, од каде со налог и беше одземен компјутерот. Потоа специјалната обвинителка повторно беше вратена во домот во Козле, од каде мебел и други предмети беа изнесени со камион. Претрес е вршен и во нејзината куќа во Гевгелија. Во ЈО по нејзиното приведување прес-конференција одржаа државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, неговата заеменичка Лилјана Спасоска и шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска кои говореа за натамошната истрага за предметот „Рекет“ и приведувањето на Јанева. Јовески на прес-конференција соопшти дека од досега обезбедените докази, има основи за проширување на истрагата за „Рекет“ и врз Катица Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања заради стекнување лична корист. Тој кажа дека имаат докази оти Јанева остварила лична корист од околу  290 илјади денари така што влијаела на постапката овозможувајќи олеснување на позицијата на осомничен во случајот „Империја“. Посочи дека специјалната јавна обвинителка ја злоупотребила службената позиција и остварила лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничениот за „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката. Катица Јанева, која беше спомната во снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trieset-dena-pritvor-za-katica-janeva/feed/ 0
Боки 13 и Зоки Кичеец во добра здравствена состојба- немаат никакви барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-i-zoki-kicheec-vo-dobra-zdravstvena-sostojba-nemaat-nikakvi-baranja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-i-zoki-kicheec-vo-dobra-zdravstvena-sostojba-nemaat-nikakvi-baranja/#respond Mon, 19 Aug 2019 11:36:25 +0000 https://kurir.mk/?p=231153

Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец се во добра здравствена состојба, а од управата на затворот „Скопје“ велат дека нивното однесување е коректно и дека немаат никакви барања, откако во дел од медумите се појави информација дека Боки13 барал да се премести на Психијатрија. А1.он пишува дека двајцата се во добра здравствена состојба, дека Јовановски минатата недела бил на Ортопедија, а на Кичеец му бил направен зафат. Од затворот за А1.он велат дека двајцата се однесуваат коректно и немаат барања. Осомничени се во случајот Рекет за изнуда на пари, за што се појавија и снимки од италијанскиот весник Ла Верита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-i-zoki-kicheec-vo-dobra-zdravstvena-sostojba-nemaat-nikakvi-baranja/feed/ 0
Боки-13 и Кичеец остануваат во притвор уште 30 дена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-i-kicheec-ostanuvaat-vo-pritvor-ushte-30-dena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-i-kicheec-ostanuvaat-vo-pritvor-ushte-30-dena/#respond Tue, 13 Aug 2019 12:49:29 +0000 https://kurir.mk/?p=229285

Обвинителството побара, а Судот донесе решение и го прифати барањето за нови 30 дена притвор за Бојан Јовановски- Боки 13 и Зоран Милески- Кичеец кои се осомничени во случајот „Рекет“. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд- Скопје постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-i-kicheec-ostanuvaat-vo-pritvor-ushte-30-dena/feed/ 0