зоки поки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 Oct 2021 11:25:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зоки поки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Зоки Поки“ од денес и во Србија https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zoki-poki-od-denes-i-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zoki-poki-od-denes-i-vo-srbija/#respond Sun, 17 Oct 2021 11:25:27 +0000 https://kurir.mk/?p=580596

Од денес македонската детска серија „Зоки Поки“ ќе се прикажува во Србија. РТС пушти рекламен спот во кој ги информира своите гледачи дека после Германија, Норвешка, Данска, Шведска и Финска, „Зоки Поки“ доаѓа и во Србија. Секоја сабота од 8:30 часот на РТС 2 со превод на српски јазик. Серијата веќе постигна огромна гледаност и популарност во Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zoki-poki-od-denes-i-vo-srbija/feed/ 0
„Зоки Поки“ ја освои цела Скандинавија, но сепак без втора сезона https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zoki-poki-ja-osvoi-cela-skandinavija-no-sepak-bez-vtora-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zoki-poki-ja-osvoi-cela-skandinavija-no-sepak-bez-vtora-sezona/#respond Thu, 25 Mar 2021 10:58:25 +0000 https://kurir.mk/?p=487539

ТВ-серијата „Зоки Поки“ ќе се гледа низ цела Скандинавија. Откако беше најавено дека серијата ќе се емитува на националните телевизии „SVT“ во Шведска и „NRK“ во Норвешка, пристигнува веста и за емитувањето на националните телевизии „DR“ во Данска и „YLE“ во Финска. Емитувањето на овие четири национални телевизии значи потенцијал за огромна гледаност на „Зоки Поки“. За македонската кинематографија, пак, ова е успех од историско значење. „Зоки Поки“ е единствената македонска серија и воопшто програма од овие простори што се емитувала на јавните сервиси во овие четири земји. Заслугата за меѓународното емитување е на дистрибутерот „Videoplugger“ од Лондон, кои силно веруваат во светскиот потенцијал на серијата, нејзината моќ да го збогати детскиот свет и да ја развие детската имагинација, особено во време кога нивните активности се значително намалени. -Кога Роберт Насков ни ја покажа оваа убава серија, веднаш знаевме дека треба да ја споделиме со светот. Квалитетот на фотографијата, глумата и приказните ѝ даваат филмски квалитет на серијата, што е реткост во детските програми снимани за телевизија. ʻЗоки Покиʼ ќе продолжи да ги поминува меѓународните граници“, вели Емануеле Галони (Emanuele Galloni), извршен директор на „Videoplugger“. И покрај големиот интернационален успех на серијата, втората сезона на „Зоки Поки“ е во неизвесност. -Многу се радувам што серијата ʻЗоки Покиʼ ќе се прикажува и на националните телевизии во Финска и Данска и со тоа го комплетира прикажувањето во цела Скандинавија. Ова е доказ дека во Македонија може да се продуцираат квалитетни дела кои ќе ги задоволат највисоките стандарди и критериуми за продукција на детска програма и дека македонските брендови се вреднувани и надвор од Македонија. За жал овој голем интернационален успех не наидува на поддршка од институциите во Македонија кои имаат обврска да финансираат детска и образовна програма, па затоа серијата ʻЗоки Покиʼ нема да има продолжение. Ова е голема штета за нашите деца кои се соживеаја со серијата и кои сакаат и понатаму да уживаат во авантурите на Зоки Поки и неговата дружина, вели Роберт Насков, продуцент на серијата. Модерната екранизација на популарната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на Кино Око, во копродукција со Македонската радио телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. Главните улоги во серијата ги толкуваат Матеј Настевски (Зоки), Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки). Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, во улогата на неговата баба. Режисери на серијата се Александар Поповски, Марија Апчевска, а режисери на епизодите Марија Апчевска, Александар Поповски, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата се на Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/zoki-poki-ja-osvoi-cela-skandinavija-no-sepak-bez-vtora-sezona/feed/ 0
Пристигнува серијата која сите ја чекаат: Погледнете го трејлерот за „Зоки Поки“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pristignuva-serijata-koja-site-ja-chekaat-poglednete-go-trejlerot-za-zoki-poki-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pristignuva-serijata-koja-site-ja-chekaat-poglednete-go-trejlerot-za-zoki-poki-video/#respond Tue, 28 Apr 2020 14:13:33 +0000 https://kurir.mk/?p=338758

Денеска беше објавен трејлерот за телевизиската серија „Зоки Поки“, модерна екранизација на лектирата од писателката Оливера Николова, објавена во 1963 година. Десетте епизоди од „Зоки Поки“ ќе се емитуваат од 4 мај, секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата zokipoki.mk  и на официјалниот YouTube канал. Главна улога во серијата „Зоки Поки“ ја игра Матеј Настевски, кој е петтооделенец во ООУ „Мирче Ацев“ во Скопје. Останатите улоги ги толкуваат децата-актери Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки). Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pristignuva-serijata-koja-site-ja-chekaat-poglednete-go-trejlerot-za-zoki-poki-video/feed/ 0
За една недела почнува ТВ серијата „Зоки Поки“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/za-edna-nedela-pochnuva-tv-serijata-zoki-poki/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/za-edna-nedela-pochnuva-tv-serijata-zoki-poki/#respond Mon, 27 Apr 2020 11:32:40 +0000 https://kurir.mk/?p=338007

Првата епизода од долгоочекуваната телевизиска серија „Зоки Поки“ почнува наредниот понеделник, 4 мај, во 20:15 часот на првата програма на МРТ. Како што соопшти денеска продукцијата „Кино Око“, серијата ќе се емитува секој понеделник и четврток во 20:15 часот, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. Од продукцијата информираат дека улогите ќе ги толкуваат Матеј Зимбаков – Гоки, Матеј Настевски – Зоки Поки, Анастасија Аневска – Лидија и Матео Матоски – Боки. Покрај детската екипа, во серијата ќе играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба. -Додека го чекаме наредниот понеделник, се запознаваме со Матеј Зимбаков, малиот актер кој го игра Гоки. Матеј е четвртооделенец во училиштето „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој обожава да игра видео игри, да црта и да пее. Во кратко видео со прашања и одговори, Матеј зборува за предметите во школо кои ги сака најмногу и најмалку, открива кој спорт му е омилен, за кого навива, која видео игра е најдобра за него, дали бира ванила или чоколадо, која книга и лик од книга му оставиле најмногу впечаток, дали има симпатија и други забавни детали, се наведува во соопштението на „Кино Око“. По емитувањето, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/za-edna-nedela-pochnuva-tv-serijata-zoki-poki/feed/ 0
ТВ-серијата „Зоки Поки“ започнува со емитување на 4 мај на МРТВ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/tv-serijata-zoki-poki-zapochnuva-so-emituvanje-na-4-maj-na-mrtv/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/tv-serijata-zoki-poki-zapochnuva-so-emituvanje-na-4-maj-na-mrtv/#respond Fri, 10 Apr 2020 07:38:23 +0000 https://kurir.mk/?p=330041

Долгоочекуваната ТВ серија „Зоки Поки“ започнува со емитување во понеделник, 4 мај 2020 година на Македонската радио телевизија. Десетте епизоди ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, наредниот ден, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал. Пред официјалниот почеток на емитувањето, екипата на „Зоки Поки“ споделува симпатично видео за запознавање со децата-актери кои ги толкуваат главните улоги. Во видеото, Матеј Настевски, кој ја толкува улогата на Зоки Поки, Анастасија Аневска, која ја игра Лидија, Матео Матоски, односно Боки и Матеј Зимбаков, кој го глуми Гоки, зборуваат за искуството со снимањето на серијата, кое го опишуваат како „фантастично“ и „возбудливо“. Исто така, откриваат дали планираат да продолжат да се занимаваат со глума, зборуваат за најсмешните и најтажните моменти на сет и споделуваат детали како кој најмногу ја сака Лидија, која им била омилената локација за снимање и која им е омилената приказна од книгата. Видеото дефинитивно ќе ви го разубави денот. Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, која ќе ја видиме во улогата на неговата баба. Модерната екранизација на култната детска книга на писателката Оливера Николова, е во продукција на Кино Око, во копродукција со Македонската радио телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. Главен спонзор на серијата е Витаминка, а останати спонзори се вода Ладна, Пакомак, Арс Ламина, Литература.мк, Либи и Сетек. Режисери на серијата се Александар Поповски и Марија Апчевска, а режисери на епизоди се и Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата ги пишуваа Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска, директор на фотографија е Кристијан Војдановски, сценограф Иван Бартлинг, шминка Жанета Димитриевска, дизајн на тон Ристо Алчинов, монтажери Атанас Георгиев, Благоја Неделковски, Софија Самоиловска и Драган Алексов, додека за костимите се погрижи Жаклина Крстевска. Музиката ја компонираше Александар Пејовски, песните Александар Митевски, а музиката за најавната шпица Игор Василев-Новоградска. Десетте епизоди од првата сезона обработуваат внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации. Екипата на серијата се одлучила за екранизација токму на „Зоки Поки“ поради неговата релевантност за многу различни генерации и со цел збогатување на домашната ТВ програма за деца. Со желба за враќање на вредностите кои полека исчезнуваат, екипата создаде ТВ проект кој ќе им го задржи вниманието на децата кои растат во денешното „брзо“ време, но и на родителите со кои се надеваме заеднички ќе поминат квалитетно време со своите деца пред ТВ екраните. „Денешниот Зоки Поки е соодветен на времето во кое живееме по форма и естетика, но вредностите и пораките од книгата проткаени низ неговите авантури ќе останат чисти и недопрени, со надеж дека ќе успеат да го пронајдат патот до срцата и на генерациите што доаѓаат“, вели Насков. Повеќе информации за ТВ-серијата се достапни на веб-страницата ZokiPoki.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/tv-serijata-zoki-poki-zapochnuva-so-emituvanje-na-4-maj-na-mrtv/feed/ 0
Многу генерации израснаа со книгата: Се снима серија за Зоки Поки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mnogu-generacii-izrasnaa-so-knigata-se-snima-serija-za-zoki-poki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mnogu-generacii-izrasnaa-so-knigata-se-snima-serija-za-zoki-poki/#respond Tue, 06 Aug 2019 13:05:29 +0000 https://kurir.mk/?p=226972

Во основното училиште „Петар Поп-Арсов” во скопската општина Карпош почна снимањето на новата телевизиска серија „Зоки Поки”, модерна екранизација на култното дело на писателката Оливера Николова со која израснаа многу генерации. ТВ серијата за најпознатиот македонски детски лик ја режираат Александар Поповски и Марија Апчевска, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ, а e во продукција на Кино Око, каде како главен продуцент се јавува Роберт Насков. Предвидено е снимање на десет епизоди според внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mnogu-generacii-izrasnaa-so-knigata-se-snima-serija-za-zoki-poki/feed/ 0
Меѓу вашите дечиња се бараат Зоки Поки и Лидија: Пријавете ги на кастинг за нова телевизиска серија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/megju-vashite-dechinja-se-baraat-zoki-poki-i-lidija-prijavete-gi-na-kasting-za-nova-televiziska-serija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/megju-vashite-dechinja-se-baraat-zoki-poki-i-lidija-prijavete-gi-na-kasting-za-nova-televiziska-serija/#respond Wed, 15 May 2019 17:16:57 +0000 https://kurir.mk/?p=198351

Култната детска книга „Зоки Поки“ на писателката Оливера Николова наскоро ќе добие своја екранизација. ТВ-серијата според безвременското книжевно дело, која ќе ја режира Александар Поповски во продукција на Кино Око, ќе се снима во текот на летото. Предвидено е снимање на десет епизоди според внимателно одбрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации. Тимот на ТВ-серијата работи на последните подготовки за снимањето и најавува кастинг на кој ќе се бираат актери-деца кои ќе ги толкуваат улогите на Зоки Поки, Лидија, Боки, Гоки и сите останати ликови. Кастингот, кој е отворен за сите деца на возраст од 6 до 9 години, ќе се одржи на 18 и 19 мај, од 10:00 до 17:00 часот во основното училиште „Јан Амос Коменски“ – Скопје. „Кастингот, кога се работи за актери-деца, е долг процес, така што во моментов можам да кажам дека сите деца на возраст од 6 до 9 години се потенцијални Зоки Поки, Лидија, Боки, Гоки...“ вели продуцентот на серијата Роберт Насков. „Зоки Поки“ е книга за деца првично објавена во 1963 година од страна на „Детска радост“, по што следувале голем број изданија. Повеќе од половина век книгата била задолжителна лектира за учениците во македонските основни училишта. Преведена е на српски, романски, украински, чешки, италијански, словенечки, турски, албански и германски јазик. Режисерот Александар Поповски и продуцентот Роберт Насков се одлучиле за екранизација токму на „Зоки Поки“ не само затоа што сметаат дека ова култно литературно дело е релевантно за многу различни генерации, туку и поради недостаток на домашна ТВ програма за деца. Со желба за враќање на вредностите кои полека исчезнуваат, Поповски и Насков сакаат да создадат ТВ проект кој ќе им го задржи вниманието на децата кои растат во денешното „брзо“ време. „Зоки Поки“ е прв заеднички проект на Поповски и Насков по филмот „Балканот не е мртов“ во 2013 година. Последен ТВ проект на Насков и „Кино Око“ е ТВ-серијата „На терапија“, која е првата македонска ТВ серија снимена според странска лиценца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/megju-vashite-dechinja-se-baraat-zoki-poki-i-lidija-prijavete-gi-na-kasting-za-nova-televiziska-serija/feed/ 0
На сите ни беше омилена лектира: Како настанаа расказите за Зоки Поки? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-site-ni-beshe-omilena-lektira-kako-nastanaa-raskazite-za-zoki-poki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-site-ni-beshe-omilena-lektira-kako-nastanaa-raskazite-za-zoki-poki/#respond Fri, 01 Jun 2018 07:00:32 +0000 https://kurir.mk/?p=60848

Задолжителната лектира во основните училишта потпишана од македонската писателка Оливера Николова годинава повторно се најде во фокусот откако Агенцијата за филм одобри над 300.000 евра за снимање на истоимена ТВ-серија Повеќе од половина век книгата „Зоки Поки“ е задолжителна лектира во основните училишта. Култното дело на македонската писателка Оливера Николова оригинално објавено во 1963 година од страна на „Детска радост“ годинава повторно се најде во фокусот откако Агенцијата за филм одобри 19 милиони денари за снимање на истоимена ТВ-серија, во режија на Александар Поповски, а во продукција на „Кино око“. Николова пред неколку години за „1Е Магазин“ раскажа дека пред да ги напише расказите немала некој особен афинитет кон детската литература бидејќи ѝ се чинело дека не ја познава доволно детската психологија зашто сѐ уште немала свои деца. Во тој период пишувала репортажи и подготвувала емисии за деца во „Радио Скопје“. - На радиото се емитуваа кратки текстови за кои ми беше тешко да ги барам, да ги препечатувам, па почнав самата да си ги пишувам. Оттука се родија расказите за Зоки Поки – откри Николова. Уште при првото издавање, книгата добила високи оценки од критиката како големо освежиување во македонската детска литература. Стилот на пишување и начинот на третирањето на темата биле сосема нови. Дотогаш во литературата наменета за најмладите преовладувале руралните теми или бајките. Наеднаш сите почнале да зборуваат за Зоки Поки, урбано дете кое со своите итроштини остана врежан во меморијата на многу генерации. Извор: Женски магазин]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/na-site-ni-beshe-omilena-lektira-kako-nastanaa-raskazite-za-zoki-poki/feed/ 0