жолта фаза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Sep 2022 09:54:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жолта фаза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЖОЛТА ФАЗА ВО МАКЕДОНИЈА – топла воздушна маса денес и утре во земјава, а потоа следува невреме! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zolta-faza-vo-makedonija-topla-vozdushna-masa-denes-i-utre-vo-zemjava-a-potoa-sleduva-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zolta-faza-vo-makedonija-topla-vozdushna-masa-denes-i-utre-vo-zemjava-a-potoa-sleduva-nevreme/#respond Thu, 15 Sep 2022 09:54:58 +0000 https://kurir.mk/?p=733123

Под влијание на јужно струење и топла воздушна маса и утре времето ќе биде топло со дневни температури над просекот за овој период од годината и на целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури. -Утре кон крајот на денот и во сабота ќе има промена на времето кога ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР. Во недела ќе дува силен северен ветер кој ќе услови пад на дневните температури, а од понеделник ќе има позначително опаѓање и на утринските и на дневните температури.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zolta-faza-vo-makedonija-topla-vozdushna-masa-denes-i-utre-vo-zemjava-a-potoa-sleduva-nevreme/feed/ 0
Земјава во портокалова фаза, да са избегнува директно изложување на сонце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjava-vo-portokalova-faza-da-sa-izbegnuva-direktno-izlozuvanje-na-sonce/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjava-vo-portokalova-faza-da-sa-izbegnuva-direktno-izlozuvanje-na-sonce/#respond Wed, 07 Aug 2019 05:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=227110

Сончево и топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец, максимална температура до 38 степени и УВ индекс 9. Вакво ќе биде времето денеска, а од утре, под влијание на многу топла воздушна маса, се очекуваат над 40 степени и активирање на т.н. портокалова фаза. Според УХМР, само во петок ќе има извесно зголемување на облачноста. Надлежните апелираат, поради најавените високи температури, да се почитуваат препораките за заштита, не само за неизложување на директно сончево зрачење, туку и за внимателно консумирање храна, правилно однесување при движење на отворено и во природа, како и правилен третман на домашните, фармски животни. -Граѓаните да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да носат заштитни очила и капа, да конзумираат лесна храна и течности, да внимаваат при подготовка и конзумирање на храната, да избегнуваат термички необработени производи како мајонез од домашни јајца, внимателно да консумираат сладолед и разни кремови, да внесуваат поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, а пред влегување во возило, одреден период да го проветрат, истакнуваат надлежните. Во топлите денови се препорачува граѓаните да останат во затворени простории, пред се климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор, да најдат можност за почести одмори под сенка. Хронично болните лица редовно треба да ја земаат пропишаната терапија. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) посебно предупредува, дека топлото време е ризик од труење со храна. Овошјето и зеленчукот пред употреба темелно да се измијат под млаз вода, месото, млекото и јајцата термички добро да се обработат. По подготовката, изладена, храната да се чува во фрижидер. На најгорните полици да се чува зготвената храна, а на подолните суровата. Храната да се заштити од инсекти, глодари и од домашните миленичиња, како и другите животни кои може да дојдат во контакт со неа. Ако, пак, се јаде во угостителските објекти, тоа да се оператори кои се грижат за хигиената и безбедноста на храната и да имаат добра репутација. Во објектите за брза храна да се одбегнуваат додатоците кои не стојат во ладилник (мајонез, кечап, крем салати, сосови, преливи). -Доколку сметате дека храната не е безбедна, не ризикувајте, фрлете ја. За да се спречи труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор при нејзина набавка, да се обезбеди соодветен транспорт и услови за чување. Да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и соодветното чување, да се купува од проверени места каде има услови и каде производите, особено лесно расипливите од животинско потекло се чуваат во разладни уреди. Да се избегнува да се купува и консумира храна со оштетена амбалажа (нагмечена, надуена или напукната), разладените или замрзнатите производи да се купуваат на крајот од пазарењето, а лесно расипливата храна како што е месото, млекото јајцата и друго да не се чуваат долго време во автомобили и во други транспортни средства. Да се одбегнува купување на и разладена или замрзната лесно расиплива храна која се чува надвор од ладилник или замрзнувач, порачува АХВ. Агенцијата воедно укажува дека високите температури се стрес за секое животно кој се манифестира со намалено консумирање храна, зголемена потреба од вода, намалено производство на млеко и слаб прираст. Високиот процент влага и недоволната вентилација во објектите може да бидат причина за појава на топлотен удар кај животните, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на сонце. Исходот може да биде фатален и во двата случаја, ако не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на состојбата. Забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), изразена зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат на крај, со неповолна прогноза, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните за што е неопходна итна реакција. -Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија, каде има доволно количество на свеж воздух, да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура да се намали со туширање/прскање со умерено ладна вода, или со покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа, но, треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо. Сопствениците на домашни миленици животните да не се оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце, а треба да водат сметка и да избегнуваат нивни прошетки во текот на најтоплиот период од денот. На животните да им се обезбеди доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода и престој во проветрени простории, препорачува АХВ. На фармите, дополнуваат од Агенцијата, треба да се внимава на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите. Животните треба да бидат заштитени од директните дејства на сончевите зрачења, односно на испустите потребно е да има натстрешници или природни ладовини. Излегувањето на животните да се врши во раните утрински или вечерни часови, периоди кога треба да се организира и транспортот на животните или тие да се користат во работни активности, бидејќи тогаш температурите се пониски. Дирекцијата за заштита и спасување, пак, аплеира да не се фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не се пали оган и скара на отворен простор и шума, да не се дозволува децата да си играат со запалки, пламен и жар, да не се пали отпад и друг горлив материјал, ниту стрништа и меѓи, а ако се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193. Покрај основните препораки за однесување во вакви услови, ДЗС презема и мерки за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор. Воедно апелира до општините, граѓаните и посетителите на земјава, да внимаваат кога се на отворено. Дирекцијата потсетува дека од март е донесена забрана за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП национални шуми, а со цел зачувување на шумите, од 15 јули до 15 август на територијата на целата земја се спроведува Кампањата за заштита од пожари под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени – Природата е наша одговорност“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjava-vo-portokalova-faza-da-sa-izbegnuva-direktno-izlozuvanje-na-sonce/feed/ 0
Македонија утре во жолта фаза, температурите до 40 степени: Еве каде ќе биде најтопло https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-utre-vo-zolta-faza-temperaturite-do-40-stepeni-eve-kade-kje-bide-najtoplo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-utre-vo-zolta-faza-temperaturite-do-40-stepeni-eve-kade-kje-bide-najtoplo/#respond Tue, 02 Jul 2019 12:41:34 +0000 https://kurir.mk/?p=214746

Времето утре ќе биде многу топло, со максимални температури кои во југоисточните делови ќе достигнат 40 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 9. Како што соопшти УХМР, целата територија на земјата ќе биде во т.н. жолта фаза. Во Скопје утринската температура ќе биде 19, а максималната дневна 37 степени. Најтополо ќе биде во Демир Капија, 40 степени, а најсвежо во Маврово, 28 степени. До петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме. Потоа повторно следува период на сончево и топло време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-utre-vo-zolta-faza-temperaturite-do-40-stepeni-eve-kade-kje-bide-najtoplo/feed/ 0
До четврток жолта (алертна) фаза, температури и до 40 степени- ова се препораките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-chetvrtok-zolta-alertna-faza-temperaturi-i-do-40-stepeni-ova-se-preporakite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-chetvrtok-zolta-alertna-faza-temperaturi-i-do-40-stepeni-ova-se-preporakite/#respond Mon, 01 Jul 2019 11:04:42 +0000 https://kurir.mk/?p=214410

Територијата на земјава денеска и во наредните два дена ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, соопшти Министерството за здравство. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, под влијание на топол бран утре и задутре максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места ќе надминат и 35, а во среда се очекува да достигнат 40 степени. УВ индексот ќе биде 9. Зголемената влажност на воздухот ќе придонесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. Од задутре до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, односно да се заштитат од директна сончева изложеност, да избегнуваат престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, а при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), да консумираат лесна храна и течности, посебно да внимаваат при подготовка и консумирање на храната, да избегнуваат термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца, внимателно да консумираат сладолед и разни кремови, да внесуваат поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, а при влегување во возило треба одреден период да го проветрат. Во текот на ваквите екстремно топли денови, посочуваат од Министерството, граѓаните треба да останат во затворени простории (пред се климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка, а хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-chetvrtok-zolta-alertna-faza-temperaturi-i-do-40-stepeni-ova-se-preporakite/feed/ 0