жолти елеци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 Mar 2021 11:51:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жолти елеци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Франција: Почна судењето на „жолтите елеци“ за демолирањето на Триумфалната порта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-pochna-sudenjeto-na-zoltite-eleci-za-demoliranjeto-na-triumfalnata-porta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-pochna-sudenjeto-na-zoltite-eleci-za-demoliranjeto-na-triumfalnata-porta/#respond Mon, 22 Mar 2021 11:51:12 +0000 https://kurir.mk/?p=486086

Денеска во Париз почна судењето на десет лица за демолирањето на Триумфалната порта за време на демонстрациите на „жолтите елеци“во 2018 гофина, но не и на водачите на протестите, кои не се пронајдени. На 1 декември 2018 година на Елисејските полиња и под Триумфалната порта беа забележани речиси востанички сцени, во кои беше предизвикана штета од еден милион евра врз еден од најемблематичните француски споменици, јави дописникот на МИА. Тој 1 декември беше третот чин на беснеењето на „жолтите елеци“. Две недели претходно, дојде до првите изливи на насилство. Но, тие беше ништо во споредба со тој ден, таа сабота, кога полицијата беше изненадена од насилството што ги разгоре улиците во главниот град на Франција. Запалени беа речиси стотина возила, изгорени фасади, скршени излози, ограбени продавници … Потоа следуваа речиси сцени на бунт околу Триумфалната порта. Демонстрантите успеаја да влезат во историскиот споменик, да ги демолираат просториите, да ја ограбат продавницата за сувенири, да стигнат до врвот за да се сликаат над Париз со жолтите елеци на грбот. Столбовите на споменикот се покриени со графити против Емануел Макрон или пораки „жолтите елеци ќе триумфираат“. Резултат на насилството – штета од еден милион евра и пет оштетени уметнички дела. Шефот на државата отиде таму следниот ден. Сликите од „освојувањето“ на Триумфалната порта, што предизвика огромна возбуда и го обиколи светот, треба да бидат изведени на суд. Тој ден во Париз беа уапсени повеќе од 400 лица, што беше рекорд во тоа време. Но, ако истражните органи проценија дека демолирањето на Триумфалната порта е дело на „голем број лица“, пред судот ќе бидат изведени само десет лица. Тие во најголемиот дел во своите дваесети години, а доаѓаат од цела Франција и немаат профили на деликвенти. Обвинителството тоа го препозна: „Јасно е дека поттикнувачите, дури и главните извршители на делата (не може) да бидат идентификувани“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-pochna-sudenjeto-na-zoltite-eleci-za-demoliranjeto-na-triumfalnata-porta/feed/ 0
Макрон синоќа имал директен и опасен контакт со жолтите елеци во Париз (видео) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-sinokja-imal-direkten-i-opasen-kontakt-so-zoltite-eleci-vo-pariz-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-sinokja-imal-direkten-i-opasen-kontakt-so-zoltite-eleci-vo-pariz-video/#respond Wed, 15 Jul 2020 08:10:43 +0000 https://kurir.mk/?p=375924

Францускиот претседател Емануел Макрон при прошетката во вечерните часови во градината на Тујери во Париз заедно со неговата сопруга Брижит, се најде очи в очи со група жолти елеци, кои го исвиркаа и бараа негова оставка. Шефот на француската држава на крајот од 14-јулското славење,  вчеравечер беше пресретнат од поединци во градината на Тујери, кои извикуваа  „оставка на Макрон“ и го исвиркуваа. Неколку видеа кружат на социјалните мрежи на кои се гледа како Емануел Макрон во директниот контакт со лицата кои се претставија како жолти елеци. Претседателот прво на своите соговорници им посака „среќен 14 јули“, додека едно лице му одговара: „Ти ќе бидеш сменет !“. Потоа следи жива дискусија за полициското насилство. Група мажи најпрво го повикаа да ги „избрка БРАВ“ – кратенката за моторизираните  репресивни бригади на полицијата создадени во март 2019 година од префектот Дидиер Лалеман, кои интервенираа во демонстрациите на жолтите елеци во Париз. „Претседателот на Републиката не го прави тоа!“, одговори Емануел Макрон, обидувајќи се да ја смири ситуацијата и барајќи од нив да бидат „опуштени “ и „да не викаат“. Жолтите елеци одговорија дека се „опуштени веќе 18 месеци“, и бараат ова прашање за полицијата да биде отворено со новиот министер за внатрешни работи. Макрон потоа ги обвини дека не се „модели на почит“ со тоа што го вознемируваат додека тој се шета заедно со сопругата. „Празник е, се шетам, јас ве почитувам“, се брани Макрон, додека еден од групата му одговара  му вели: „Господине претседател, јас сум постар од вас“. -Вие сте мој вработен, господине претседател! Продолжува истото лице со жестина. „Ние Ве почитуваме, јас не Ви покажав непочитување, барем не денес“, завршува тој. Целата оваа сцена се одвиваше во присуство на личното обезбедување на претседателот на Франција, но ситуацијата можеше да добие друг тек за безбедноста на Макрон. Шефот на опозициската Републиканци, Кристиан Жакоб, утринава изјави дека Макрон „згрешил“ што излегол на прошетка, бидејќи настанот можел ќе да добие други размери. Според Жакоб, се поставува сериозно прашање за безбедноста на претседателот. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-sinokja-imal-direkten-i-opasen-kontakt-so-zoltite-eleci-vo-pariz-video/feed/ 0
Хаос во Париз: На протестот на Жолтите елеци уапсени 59 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-pariz-na-protestot-na-zoltite-eleci-uapseni-59-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-pariz-na-protestot-na-zoltite-eleci-uapseni-59-lugje/#respond Sun, 19 Jan 2020 08:57:26 +0000 https://kurir.mk/?p=291731

Француската полиција уапси 59 лица за време на вчерашните судири со припадниците на движењето Жолти елеци, кои протестираат против Владата на претседателот Емануел Макрон. Полицијата употрени солзавец и шок бомби, додека илјадниците демонстранти фрлаа камења и разни предмети врз полицајците. Демонстрантите извикуваа пароли проти Макрон поради реформите на пензискиот систем. Видео-снимката емитувана од француските медиуми на која се гледа апсење на момче чие лице е прекриено со крв предизвика бес кај демонстрантите, кои извикуваа „Макрон, доаѓаме по тебе во твојата куќа“ и „Улицата е наша“. Во петокот вечерта Макрон и неговата сопруга Брижит беа евакуирани од едне париски театар, откако демонстрантите упаднаа и ја прекинаа претставата. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-pariz-na-protestot-na-zoltite-eleci-uapseni-59-lugje/feed/ 0
Годишнината на „Жолтите елеци“ одбележана со насилство во Париз, Нант и Лион- најмалку 105 уапсени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/godishninata-na-zoltite-eleci-odbelezana-so-nasilstvo-vo-pariz-nant-i-lion-najmalku-105-uapseni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/godishninata-na-zoltite-eleci-odbelezana-so-nasilstvo-vo-pariz-nant-i-lion-najmalku-105-uapseni/#respond Sat, 16 Nov 2019 18:36:12 +0000 https://kurir.mk/?p=264923

Годишнината од движењето на „Жолтите елеци“ беше пропратена со насилство во Париз и нова „окупација“ на кружните текови, со цел да му се даде „нов здив“ на движењето, јави дописникот на МИА. Денешниот ден во Париз повторно беше одбележан со враќање на хаосот во некои делови од главниот француски град. Во некои моменти тој потсетуваше на моментите кога движењето беше најсилно во текот на изминатата година. За време на утрото и добар дел од попладнето на плоштадот Италија, беа собрани стотици демонстранти, како и десетици насилници. Околу 10 часот, за прв пат беше забележан оган на палети пред да биде изгаснат од пожарникарите. Во близина, булеварот Ориол, нешто пред пладне, беше запален втор пожар, кој набрзо беше изгаснат. На почетокот на попладнето, непосредно пред 14 часот, повторно беа запалени неколку пожари, меѓу кои моторцикли, потоа два автомобили, меѓу кои и комбе Рено на градското собрание на Париз. Голем број на насилници подигнаа барикади што полицијата се обиде да ги отстатрни. Полицијата редовно користеше солзавец за да ги растера демонстрантите. Притоа една агенција на банката HSBC беше нападната од демострантите. Повеќе автомобили беа превртени, на улиците имаше градежна опрема и изгорено ѓубре: за половина час, спорадичните напади на малите групи се претворија во насилство, во кое беа повредени демонстранти и пожарникари кои беа спречени да интервенираат. Трговскиот центар „Италија 2“, на плоштадот, беше затворен при првите инциденти. Околу 13 часот, неговите влезни врати и прозорците на соседниот хотелски комплекс беа нападнати со коцки од десетици лица со качулки облечени во црна боја. После плоштадот Италија, демонстрантите се распрснаа на неколку места во Париз, вклучувајќи ги Халите во многу напната атмосфера. Урбаниот мебел беше уништен и дојде до судири со полициските сили во трговскиот центар. Утрото, една од овластените поворки, оставена од портата Шамперет, која беше неколку стотици „жолти елеци“ кои парадираа глобално земено доста смирено се обидоа да го блокираат кружниот автопат околу Париз. Други демонстранти се најдоа во близина на Елисејската палата и Триумфалната капија, сектори, кои беа забранети за демонстрации. манифестација. Групи демонстранти беа забележани и во секторот на местото Клиши или Пигал, на северот на главниот град. Десетици метро станици, исто така, беа затворени за сообраќај, повеќето од нив во центарот на главниот град. Префектурата на Париз објави во 16 часот, дека имало 105 уапсени. На Твитер, таа напиша дека запленила „ оружје наменето“ за Шамперет преку превентивни контроли. На објавените фотографии може да се забележат маски за гас. Протeсти имаше и во другите градови на Франција. За овој „53 чин “, „револтот на кружните текови“, роден пред една како протест против данокот на горивото пред да стане големо протестно движење кое го наруши мандатот на Емануел Макрон, организаторите се надеваа дека тоа повторно ќе оживее. Откако владата напарви повеќе потези, како бонуси за активност, прекувремени работни часови без данок и организираше огромна национална дебата, движењето скоро исчезна од улиците. Но, владата на Макрон е претпазлива по протестите на студентите, по самозапалувањето на еден од нив оваа недела, потоа протестите на вработените во болниците и најавениот штрајк и демоснтарции на 5 декември против реформата на пензискиот систем, таа стравува од можно здружување на сите овие незадоволни од реформите на претседателот Макрон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/godishninata-na-zoltite-eleci-odbelezana-so-nasilstvo-vo-pariz-nant-i-lion-najmalku-105-uapseni/feed/ 0
Студија: Зголемен број повреди на очите кај демонстрантите од „Жолтите елеци“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-zgolemen-broj-povredi-na-ochite-kaj-demonstrantite-od-zoltite-eleci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-zgolemen-broj-povredi-na-ochite-kaj-demonstrantite-od-zoltite-eleci/#respond Sun, 03 Nov 2019 11:50:01 +0000 https://kurir.mk/?p=259528

Бројот на повреди на очите за кои се претпоставува дека се предизвикани од фрлачите на гумени топки за одбрана (ЛБД), масовно користени од француските сили на редот, нагло се зголеми од кризата со „жолтите елеци“, ова според студијата спроведена меѓу француските универзитетски болници и објавена во британскиот медицински журнал „Лансет“, јавува дописникот на МИА. Авторите на студијата наловена „Повреди на очите предизвикани од несмртоносно оружје во Франција“ направија „ретроспективно истражување“ во сите француски болници, каде што се лекуваат најсериозно погодените пациенти, за да се идентификуваат сомнителни случаи на повреди на очите со ЛБД во текот на периодот од февруари 2016 година до август 2019 година. Француски автори на студијата, доктори и истражувачи, посочуваат дека законодавството не предвидува систематско собирање на податоци за повредите предизвикани од овие оружја, кои се користат особено за одржување на редот. Во 2016 година пријавени се два случаи, еден во 2017 година, но дури 25 во 2018 година – година почетокот на кризата со „жолтите елеци“ – и 15 случаи во студискиот период 2019. Од вкупно 43 испитани случаи, 20 биле третирани во Болнициет на Париз, чиј шеф Мартин Хирш преку својот твитер ја пренесе статијата на „Лансет“, која ја нарече „прв биланс објавен во научно списание“. Просечната возраст на жртвите е 26 години од кои 38 се мажи и пет жени. Дваесет и пет пациенти имале отворени рани на очното јаболко и 18 други трауми, вклучувајќи ја и мрежницата (10 случаи). Постојат 25 случаи на орбитални фрактури, 12 на скршеници на лицето и два на оштетување на мозокот. Триесет од 43 пациенти требаше да бидат оперирани ендаш или повеќе пати. Од нив, девет го загубиле видот. Од почетокот на движењето на „жолтите елеци“, избувна полемика за методите на интервенција и насилството на полицијата. Од 17 ноември 2018 година, повредени се 2.500 демонстранти и 1.800 припадници на безбедносните сили, соопшти Министерството за внатрешни работи. Франција поради бруталноста на полицијата беше критикувана од Европскиот парламент, Комесарот за човекови права на Советот на Европа и ООН, но сите овие критики Париз ги отфрли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-zgolemen-broj-povredi-na-ochite-kaj-demonstrantite-od-zoltite-eleci/feed/ 0
Полицијата во Париз употреби солзавец против жолтите елеци, 90 лица уапсени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-pariz-upotrebi-solzavec-protiv-zoltite-eleci-90-lica-uapseni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-pariz-upotrebi-solzavec-protiv-zoltite-eleci-90-lica-uapseni/#respond Sat, 21 Sep 2019 13:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=243226

Париската полиција денеска употреби солзавец за да ги растера антивладините демонстранти кои се обидуваат повторно да го оживеат движењето „жолти елеци“ со протест против економските мерки и против претседателот Емануел Макрон. Полицијата соопшти дека до пладне се уапсени 90 лица, и стотина биле спречени да се соберат на авенијата Шанзелизе. За растерување на мали групи демонстранти се ангажирани околу 7.500 полицајци кои употребиле солзавец во централните делови на градот каде не е одобрено одржување на протестот. Затворени се повеќе од 30 метро станици. Повеќето демонстранти не носеле флуоресцентни елеци по кои движењето го доби името. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-vo-pariz-upotrebi-solzavec-protiv-zoltite-eleci-90-lica-uapseni/feed/ 0
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Нови демонстрации на жолтите елеци во Франција (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sledete-vo-zivo-novi-demonstracii-na-zoltite-eleci-vo-francija-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sledete-vo-zivo-novi-demonstracii-na-zoltite-eleci-vo-francija-video/#respond Sat, 08 Jun 2019 12:18:07 +0000 https://kurir.mk/?p=207003

Триесетта сабота по ред, жолтите елеци денеска повторно ќе демонстрираат во Франција, но очигледно е дека нивната мобилизација слабее, јавува дописникот на МИА. Како и секоја сабота од почетокот на движењето на жолтите елеци, сообраќајот на метро линијата во Париз е нарушен. Префектурата нареди затворање на неколку станици, посебно на оние кои водат директно на Елисејските полиња. Овие забрани се ефективни од 8 часот изутринава и нивното повторно отворање зависи од одлуката на префектурата и текот на демонстрациите. Минатата сабота, имаше само 1500 жолтите елеци во главниот град, според Министерството за внатрешни работи. Ерик Друе, еден од водачите на движењето повика на собир на Шанзелизе, авенија за која има забрана за демонстрации . „Одмерувањето на силите е на Шанзелизе“, напиша тој на Фејсбук. Жолтите елеци по 30-ти пат ќе се обидат да се мобилизираат во близина на Париз, во предградието, каде што се планирани демонстрации. Собирот започна 13 часот пред Стад де Франс, во Сен Дени . Поворката потоа заминува кон префектурата Бобињи. Собири има и низ цела Франција, додека националната демонстрација започна изутринава во Монпелје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sledete-vo-zivo-novi-demonstracii-na-zoltite-eleci-vo-francija-video/feed/ 0
Хаос во Брисел: „Жолтите елеци“ се судрија со полицијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-brisel-zoltite-eleci-se-sudrija-so-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-brisel-zoltite-eleci-se-sudrija-so-policijata/#respond Sun, 26 May 2019 16:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=202227

На протестот на „жолтите елеци“ денеска во Брисел дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата, која користеше бибер спреј. Стотици демонстранти одржаа протест против социјалната неправда, а имаше и лица во црни дуксери, кои ги провоцираа чуварите на редот. На неколку места дојде до конфликт со полицијата, а неколку лица беа уапсени. Во Белгија и денеска се одржуваат општи избори. Медиуми наведуваат дека судирите се случиле во близина на седиштето на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-brisel-zoltite-eleci-se-sudrija-so-policijata/feed/ 0
Француската полиција со сина боја ги бележи учесниците на протестите на „жолтите елеци“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-policija-so-sina-boja-gi-belezi-uchesnicite-na-protestite-na-zoltite-eleci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-policija-so-sina-boja-gi-belezi-uchesnicite-na-protestite-na-zoltite-eleci/#respond Sat, 20 Apr 2019 16:05:58 +0000 https://kurir.mk/?p=189174

Француската полиција за време на денешните протести на „жолтите елеци“ користеше сина течност од водените топови, најверојатно за да ги обележи демонстрантите, јави дописникот на МИА.
Водата од водените топови на Плоштадот на Републиката, каде протестите беа најтензични, беше светло сина, што може да се види на неколку фотографии објавени на Твитер. Оваа течност најверојатно има улога на „маркер”, нешто што веќе го најави францускиот премиер Едуард Филип кон средината на март. Филип тогаш соопшти дека полицијата ќе го користи средства за „обележување” на учесниците на демонстрациите, по насилството и грабежите на 18-тите саботни протести на „жолтите елеци”. Тој најави користење „обоени и видливи маркери”, што може да се задржат неколку недели. Овие два типа на течности имаат за цел да означат некого за време на прекршок, за потоа да се олесни неговото апсење. Инаку, од денешните протести на „жолтите елеци“ беше упатено „потсетување“ до Владата дека обновата на катедралата Нотр Дам не е единствениот проблем што треба да се реши во земјата. Според француските медиуми, во текот на денешните, 23-ти по ред саботни протести на „жолтите елеци“, полицијата привела 126 лица, поради предизвикување нереди и подметнување пожари. Полицијата соопшти дека претресла околу 10.000 лица, кои од другите делови на Франција се упатиле на протести во Париз. Поголем протест се одржа и пред зградата на француското Министерство за финансии, од кој беше побарано намалување на даноците за работниците и пензионерите и зголемување на даноците за богатите. Неколку илјади „жолтите елеци“ од пред Министерството се упатија кон Плоштадот на Републиката, при што дел од нив запалија неколку контејнери и насобрани гранки, поради што интервенираше полицијата и употреби солзавец и „обоените“ водени топови за нивно разбивање. Друга група „жолти елеци“ се собраа близу катедралата Нотр Дам, која беше сериозно оштетена во голем пожар меѓу понеделникот и вторникот, а трета група од околу 200 лица се обидоа насилно да влезат во Елисејската палата, при што беа спречени од полицијата. Дел од учесниците на протестите носеа плакати со натпис „Сите ни сме катедрали“, оценувајќи дека за време на петмесечните протести „жолтите елеци“ не предизвикале толкаво сочувство меѓу француската елита, како опожарената Богородична црква. Еден од лидерите на „жолтите елеци“, Пјер Дерие вчера на Фејсбук објави дека движењето „изразува негодување затоа што за четири дена е собрана милијарда за камења (алудирајќи на Нотр Дам), а за сиромаштијата ништо“. Француското Министерство за внатрешни работи вчера соопшти дека за време на денешните протести ширум Франција ќе бидат распоредени околу 60.000 полицајци, потенцирајќи дека нема да бидат дозволени собири околу Нотр Дам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-policija-so-sina-boja-gi-belezi-uchesnicite-na-protestite-na-zoltite-eleci/feed/ 0
Протести во Франција: Жолтите елеци 21-ви викенд против Макрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-francija-zoltite-eleci-21-vi-vikend-protiv-makron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-francija-zoltite-eleci-21-vi-vikend-protiv-makron/#respond Sat, 06 Apr 2019 17:09:25 +0000 https://kurir.mk/?p=183256

Демонстранти од движењето Жолти елеци денеска повторно се собраа на улиците во француските градови, 21.викенд по ред. Париската полиција воведе повеќе мобилна и проактивна стратегија за борба против евентуално насилство. Улицата Шанзелизе е забранета како место за собир на демонстранти, откако минатиот месец таму имаше немири. Како што пренесуваат странските медиуми, движењето Жолти елеци, кои бараат социјална и економска правда, привлекува помалку луѓе од претходно, но се уште останува предизвик за претседателот Емануел Макрон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/protesti-vo-francija-zoltite-eleci-21-vi-vikend-protiv-makron/feed/ 0