жолтица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Jan 2020 14:36:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жолтица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДСЗИ: Епидемија на жолтица има само во населбата „Даме Груев“, извршен вонреден инспекциски надзор во училиштата каде има заболени https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dszi-epidemija-na-zoltica-ima-samo-vo-naselbata-dame-gruev-izvrshen-vonreden-inspekciski-nadzor-vo-uchilishtata-kade-ima-zaboleni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dszi-epidemija-na-zoltica-ima-samo-vo-naselbata-dame-gruev-izvrshen-vonreden-inspekciski-nadzor-vo-uchilishtata-kade-ima-zaboleni/#respond Tue, 14 Jan 2020 14:36:01 +0000 https://kurir.mk/?p=289560

Епидемија на жолтица на територијата на град Скопје е прогласена само во населба „Даме Груев“ во Општината Ѓорче Петров, информираат за МИА од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) од каде посочуваат дека извршени се вонредни инспекциски надзори во сите училишта во градот во кои има заболени ученици и издадени се решенија за преземање превентивни противепидемиски мерки. Пред почетокот на зимскиот распуст извршени се и контролни надзори по издадените решенија. Во континуитет ќе продолжиме со надзорите во сите воспитно образовни установи, потенцираат од ДСЗИ. Во врска со зголемениот број заболени од жолтица, од ДСЗИ истакнуваат дека се во постојан контакт со Центарот за јавно здравје Скопје од каде секојдневно добиваат податоци за состојбата со Хепатит А и постапуваат согласно своите надлежности и препораките на Центарoт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dszi-epidemija-na-zoltica-ima-samo-vo-naselbata-dame-gruev-izvrshen-vonreden-inspekciski-nadzor-vo-uchilishtata-kade-ima-zaboleni/feed/ 0
Прогласена епидемија на жолтица во Ѓорче Петров https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasena-epidemija-na-zoltica-vo-gjorche-petrov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasena-epidemija-na-zoltica-vo-gjorche-petrov/#respond Fri, 27 Dec 2019 11:38:39 +0000 https://kurir.mk/?p=282959

Министерството за здравство прогласи епидемија на заразна жолтица во населбата Даме Груев, општина Ѓорче Петров, каде од вкупно пријавени девет случаи од 11 ноември до 23 овој месец, седум случаи се епидемиолошки поврзани. И во општина Шуто Оризари се регистрирани две епидемиолошки поврзани случаи, односно две сестри се заразени со жолтица, но нема индикации за пријавување на епидемија во Општината. Во периодот од 01 септември до вчера, 26 декември, на подрачје на Скопје регистирани се вкупно 68 случаи на заразна жолтица од кои 48 случаи се диференцирани како вирусен хепатитис А и 20 случаи се вирусен неозначен хепатитис. Во споредба со 2016 година, забележан е зголемен број на случаи. Пред три години биле регистрирани шест случаи, 2017 – 35 случаи и 2018 година – 28 случаи. Најголем број случаи оваа година се регистрирани во Сарај – 16, Ѓорче Петров – 11 случаи, Аеродром и Гази Баба – 9 случаи, во Шуто Оризари – 6 случаи, Карпош – 5 случаи, Чаир – 4 случаи, Чучер Сандево – 3 случаи, во Центар – 2 случаи, Бутел, Кисела Вода и Зелениково по еден случај. Од вкупно 68 заболени лица, најголем број (29) се на возраст од 20-64 години, 7 на возраст од 0-5 години, 14 се ученици на возраст од 6-14 години, 16 се лица на возраст од 15-19 години и 2 се над 65-годишна возраст. Министерството за здравство апелира до граѓаните да се следат препораките за санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasena-epidemija-na-zoltica-vo-gjorche-petrov/feed/ 0
Деца во десетина скопски училишта заразени од жолтица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deca-vo-desetina-skopski-uchilishta-zarazeni-od-zoltica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deca-vo-desetina-skopski-uchilishta-zarazeni-od-zoltica/#respond Tue, 17 Dec 2019 15:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=278812

Заразна жолтица од типот хепатит А, регистрирана во речиси десетина скопски училишта. Од Министерството за здравство потврдуваат дека за четири месеци во Скопје се регистрирани 60 случаи на заразна жолтица, главно во неколку училишта, а ниту еден случај нема во градинка. Бројките се двојно поголема во споредба со истиот период лани. Од заболените, 17 лица биле хоспитализирани, а од нив 10 биле деца. Како што информираат од Министерството за здравство во пет основни и  четири средни училишта има регистрирано ученици со жолтица. Според нив, изворот на заразата не се училиштата, но сепак апелираат за поголема лична хигиена. Тие потенцираат дека ако учениците покажат какви било симптоми на болест да се ослободуваат од настава за да се спречи ширењето на заразата. -Жолтицата не е високозаразна болест, како што се морбилите, затоа нема простор за паника, со оглед на тоа што со редовно применување на правилата за лична хигиена се спречува ширењето на болеста, објаснуваат од ресорното министерство. Тие укажуваат дека за секој појавен случај во кое било училиште, епидемиолошка екипа вршат санитарно хигиенски и епидемиолошки увид, по што се препорачуваат против епидемиски мерки за превенција од ширење на болеста во училиштето. -За да не се шири болеста потребно е детално континуирано механичко чистење на објектот, зајакната дезинфекција посебно на санитарните јазли од страна на училиштето, како и вонредна дезинфекција од страна на службата за дезинфекција, дезинсекција и дератизација (ДДД) од ЦЈЗ Скопје. Неопходно е да се обезбеди течен сапун за раце, како и течен дезинфициен за санитарните јазли- појаснуваат од ресорното министерство и дополнуваат дека се препорачува  едукација на учениците за одржување на личната хигиена, како што е редовно  миење на рацете, правилно користење на бришачите за подови од страна на хигиеничарките, како и посебни брисачи за санитарните јазли. Како што појаснува за весникот ВЕЧЕР, д-р Билјана Данаиловска, специјалист епидемиолог и раководител на Одделението за епидемиологија во Центарот за јавно здравје – Скопје, будно се следи состојбата со оваа заразна болест која не е високоризична, како што е малата сипаница, но сепак се преземени сите мерки заразата да не се шири. Според неа досега во 12 скопски општини има по некој случај на заразна жолтица од вкупно 17 општини. Досега епидемија на жолтица е прогласена во Кочани и Ново село, Струмичко. Заразната жолтица е акутно, вирусно, заразно заболување што најчесто лесно се прележува, поретко со компликации, но е болест со ниска стапка на смртност. Заболувањето најчесто се  пренесува по фекално-орален пат и најчесто е заразна болест која може да се појави спорадично или во епидемиска форма. Најчесто заразната болест, или како уште се нарекува болест на нечисти раце,  се јавува во услови кога се лоши санитарно-хигиенски услови или по поплави или други природни катастрофи. Болеста е присутна во сите делови на светот, но почесто епидемии се јавуваат во послабо развиените или неразвиените земји во светот, како што се земјите на Африка, на Блискиот и Далечниот Исток и во Јужна и Средна Америка. Извор ВЕЧЕР]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deca-vo-desetina-skopski-uchilishta-zarazeni-od-zoltica/feed/ 0
Учете ги децата да си ги мијат рацете, како се шири заразната жолтица? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchete-gi-decata-da-si-gi-mijat-racete-kako-se-shiri-zaraznata-zoltica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchete-gi-decata-da-si-gi-mijat-racete-kako-se-shiri-zaraznata-zoltica/#respond Tue, 17 Dec 2019 10:32:56 +0000 https://kurir.mk/?p=278643

Учете ги децата да си ги мијат рацете, особено по користење на тоалетот. Тоа е една од најбитните препораки кога станува збор за заразна жолтица (хепатит А), која се нарекува и болест на немиени раце, вели д-р Александар Стојанов од скопскиот Центар за јавно здравје, пренесува Деца.мк. Вирусот на жолтица го има во фекалиите и долго време, и по неколку дена, опстојува во надворешна средина. Така, на пример, од квака на врата на која го има може да се разболат повеќе луѓе. За четири месеци во Скопје се регистрирани 60 случаи на заразна жолтица (хепатит А). Оваа бројка е двојно поголема во споредба со истиот период лани. Од заболените, 17 лица биле хоспитализирани, а од нив 10 биле деца. -Од поврзани случаи има 1 семејство со 3 заболени деца. Другите случаи не се поврзани, не се заразувале едни од други и се низ цело Скопје. Во училиштата се прават вонредни дезинфекции, но мора да се знае дека е многу значајно одржувањето на секојдневната хигиена, редовното миење раце со сапун, вели д-р Стојанов, пренесува порталот. Заразната жолтица или вирусниот хепатит А (епидемиски хепатит) е акутно вирусно заразно заболување кој најчесто лесно се прележува, има ретки компликации и со ниска стапка на смртност. Заболувањето се пренесува по фекално-орален пат. Станува збор за заразна болест која може да се појави спорадично или во епидемиска форма, особено во лоши санитарно-хигиенски услови, по поплави или други природни катастрофи. Заразната жолтица, објаснуваат лекарите од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), се појавува во сите делови на светот, меѓутоа, ендемски (постојана присутност), со повремени епидемии почесто се јавува во послабо развиените или неразвиените земји во светот (на пр., земјите на Африка, на Блискиот и Далечниот Исток, во Јужна и Средна Америка). Во развиените земји вирусниот хепатит А ги зафаќа сите возрасни групи, со тоа што детската возраст е најзастапена. Секоја четврта епидемија нема утврден извор на зараза. Целата вест прочитајте ја на ДЕЦА.МК]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchete-gi-decata-da-si-gi-mijat-racete-kako-se-shiri-zaraznata-zoltica/feed/ 0
Епидемија на заразна жолтица во Кочани https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/epidemija-na-zarazna-zoltica-vo-kochani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/epidemija-na-zarazna-zoltica-vo-kochani/#respond Mon, 21 Oct 2019 15:21:55 +0000 https://kurir.mk/?p=254436

Центарот за јавно здравје од Кочани прогласи епидемија од заразна жолтица, откако бројот на регистрирани заболени во изминатите десеттина дена надмина 20 лица. Најголемиот број пациенти кај кои е утврдено присуство на вирусен хепатит А се ученици од две основни училишта во градот. Од Центарот потврдуваат дека се преземаат превентивни мерки за спречување на заразата, при што дел од заболените се препратени на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. –Состојбата со заразната жолтица во регионот ја следиме од крајот на минатиот месец кога беа регистрирани првите шест случаи, а во текот на последната недела дојде до забележителен пораст. Дел од пациентите со полесни симптоми беа пуштени на домашно лекување, додека посериозните случаи се лекуваат во Клиничката болница во Штип. Меѓу заболените има и повозрасни лица, иако главно се работи за ученици од основно образование, за што на родителите им посочуваме дека е потребна поголема грижа за личната хигиена на нивните деца, истакна Горан Николов, епидемиолог во Центарот за јавно здравје во Кочани. Во училиштата во кои е регистрирана заразата се прави засилена дезинфекција, при што скратени се и часовите за да може таа да биде на пократок временски рок. Дополнително, во сите образовни установи е поделен едукативен материјал за правилното миење раце со сапун за да се спречи контактното ширење на инфекцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/epidemija-na-zarazna-zoltica-vo-kochani/feed/ 0
Епидемија на жолтица во Ново Село во ек на претседателски и локални избори, случајност или не !? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemija-na-zoltica-vo-novo-selo-vo-ek-na-pretsedatelski-i-lokalni-izbori-sluchajnost-ili-ne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemija-na-zoltica-vo-novo-selo-vo-ek-na-pretsedatelski-i-lokalni-izbori-sluchajnost-ili-ne/#respond Tue, 23 Apr 2019 18:44:33 +0000 https://kurir.mk/?p=190413

Денеска по медиуми се прошири веста дека во Ново Село се регистрирани 11 пациенти, кај кои е откриен вирусот Хепатитис А. И тоа се појавило во посебното основно училиште „Климент Охридски“. Во училиштето се школуваат околу педесетина деца со попреченост, а дел од нив се сместени и во училишниот интернат. Дали е случајност или не? Зошто Министерството за здравство за ова молчело кога првиот случај е откриен минатиот месец, а вториот се појавил на почетокот на април? Се појавиле и нови  случаи, а меѓу нив има и една воспитувачка. Со оваа вест се поставува прашањето дали граѓаните од Ново Село ќе излезат да гласаат, бидејќи станува збор за заразна болест и е прогласена епидемија. Или станува збор за игра на власта бидејќи таму тие губат и на локални избори и на претседателски. На претседателски избори кандидатот на опозициската партија има 2.989 гласачи, а владејачката партија 2.386. Односно опозициската партија за претседателски избори води за 603 гласа.   Додека на локални избори кандидатот на опозициската партија е во предност бидејќи го гласале 2.753 граѓани, а кандидатот на владејачката партија има 2.693 гласа. Тука кандидатот на опозициската партија е во блага предност од 60 гласа. По загубата во првиот круг на владејачката партија од никаде се појавува жолтица односно вирусот Хепатитис А во ова населено место, дали е случајност или не треба да се одговори. Ако е случајност зошто не реагирале на време здравствените работници и самото министерство ако е точно дека истиот вирус се има појавено минатиот месец. Додека пак, ако се е игра и лага тогаш само се докажува дека владејачката партија е во паника и користат ниски потези за да ги заплаши граѓаните да не излезат на избори од страв од вирусот кој се шири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/epidemija-na-zoltica-vo-novo-selo-vo-ek-na-pretsedatelski-i-lokalni-izbori-sluchajnost-ili-ne/feed/ 0