жолтите елеци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Apr 2019 06:19:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жолтите елеци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заврши националната дебата во Франција за излез од кризата со „жолтите елеци“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-nacionalnata-debata-vo-francija-za-izlez-od-krizata-so-zoltite-eleci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-nacionalnata-debata-vo-francija-za-izlez-od-krizata-so-zoltite-eleci/#respond Mon, 08 Apr 2019 06:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=183723

Францускиот премиер Едуар Филип денеска во Големата палата на Париз ќе го презентира првото резиме од Големата национална дебата, што беше иницирана од страна на претседателот на Франција, Емануел Макрон за излез на земјата од кризата со протестите на „жолтите елеци“, јави дописникот на МИА. Во двата месеци на национални консултации во рамки на дебатата, според владата, се вклучиле 1,5 милиони Французи, за што биле потрошени 12  милиони евра. Она што засега е јасно од изнесените мислења преку интернет платформата, писмата или пак на средбите во руралните или урбаните средини, е дека нема едногласност. На почетокот од дебатата главната тема беше враќањето во сила на данокот за богатството и референдумите по граѓанска иницијатива, што подоцна речиси и да исчезнаа, а се наметна еколошката транзиција, како и намалувањето на даноците, таксите и давачките. Во резимето се појавуваат четири теми кои не беа предложени од страна на претседателот и тоа здравствено-социјалната интеграција, куповната моќ, бизнисот и вработувањето, образованието, како и приврзаноста кон територијата на која луѓето живеат. Филип утре во врска со резимето ќе се обрати пред Националното собрание, а в среда и пред Сенатот, по што ќе следи парламентарна дискусија, но нема да има никакво гласање. Макрон со конкретни предлози ќе треба да се појави дури идната недела, а според француските коментатори, овие мерки ќе бидат постепено откривани се до почетокот на летото. Крајот на Големата национална дебата доведе и до намалување на масовноста на протестите на „жолтите елеци”. Така, учеството на демонстрациите на „жолтите елеци“ никогаш не било толку ниско од нивниот почеток на 17 ноември. На 21-та последователна сабота на протести пред два дена, ширум Франција излегоа околу 22.300 демонстранти, од кои 3.500 во Париз, наспроти 33.700 минатата сабота и 40.500 претходната сабота. Овие бројките се официјални податоци на француското Министерство за внатрешни работи, кои ги оспоруваат организаторите на протестите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zavrshi-nacionalnata-debata-vo-francija-za-izlez-od-krizata-so-zoltite-eleci/feed/ 0
Франција се подготвува за 18-ти протест на „Жолтите елеци“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-se-podgotvuva-za-18-ti-protest-na-zoltite-eleci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-se-podgotvuva-za-18-ti-protest-na-zoltite-eleci/#respond Sat, 16 Mar 2019 08:13:06 +0000 https://kurir.mk/?p=175240

Франција се подготвува денеска за нов протест на движењето на „Жолтите елеци“ кои почнаа пред четири месеци, но ослабна во изминатите неколку саботи. Од почетокот на протестите загинаа 11 луѓе, главно во инциденти при блокади на демонстрантите. Во изминатите четири месеци на протестите беа повредени 1.500 членови на полицијата и 2.200 демонстранти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-se-podgotvuva-za-18-ti-protest-na-zoltite-eleci/feed/ 0
Полицијата уапси 12 лица на протестите на „Жолтите елеци“ во Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-uapsi-12-lica-na-protestite-na-zoltite-eleci-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-uapsi-12-lica-na-protestite-na-zoltite-eleci-vo-pariz/#respond Sat, 19 Jan 2019 18:11:41 +0000 https://kurir.mk/?p=154301

Најмалку 12 лица се уапсени денеска во Париз за време на протестите на движењето „жолти елеци“, кои се одржуваат десетти викенд по ред. Демонстрантите биле притворени бидејќи кај нив се пронајдени забранети предмети, кои можеле да се употребат како оружје. Но и покрај апсењата, полицијата соопшти дека атмосферата на денешните собири била мирна. Денешниот марш на „жолтите елеци“ почна од пред парискиот Дом на инвалиди, каде се наоѓа гробот на Наполеон Бонапарта, во чест на стотиците повредени припадници на движењето. Во францускиот главен град беа распоредени околу 5.000 полицајци, посебно околу зградата на Владата и на Елисејските полиња, каде се наоѓа седиштето на францускиот претседател. Илјадници полицајци беа распоредени и во другите француски градови каде се најавени протести. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/policijata-uapsi-12-lica-na-protestite-na-zoltite-eleci-vo-pariz/feed/ 0
Силно влијание на „жолтите елеци“: Макрон предлага „нов договор“ на нацијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silno-vlijanie-na-zoltite-eleci-makron-predlaga-nov-dogovor-na-nacijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silno-vlijanie-na-zoltite-eleci-makron-predlaga-nov-dogovor-na-nacijata/#respond Mon, 14 Jan 2019 07:48:41 +0000 https://kurir.mk/?p=151896

Францускиот претседател Емануел Макрон и предлага „нов договор“ на нацијата за излез од кризата со протестите на „жолтите елеци“, во предвечерјето на националната дебата за ова прашање што официјално ќе започне утре и ќе трае до 15 март, јави дописникот на МИА. Во писмо до Французите, Макрон наведува дека „големата национална дебата”, нема да биде „ниту избор, ниту референдум“. – Вашите предлози ќе овозможат да се изгради „нов договор“ на нацијата, за да се урврди акцијата на Владата и Парламентот, но и позициите на Франција на европско и меѓународно ниво. Јас ќе поднесам извештај директно, во месецот по завршувањето на дебатата, им вети Макрон на Французите. Макрон наведува дека за него „нема забранети прашања“ и нема да се согласиме на сè. – Тоа е нормално, тоа е демократија. Но, барем ќе покажеме дека сме луѓе кои не се плашат да зборуваат, да разменуваат мислење, да дебатираат. И можеби ќе откриеме дека можеме да постигнеме согласност, почесто отколку што мислиме, пишува претседателот во писмото. Како што беше најавено, дебатата ќе се фокусира на четири главни теми: оданочувањето и јавната потрошувачка, организацијата на државата и јавната администрација и услуги, еколошката транзиција и демократијата и граѓанското општетство. Во секоја од овие категории, шефот на државата во писмото им поставува на Французите вкупно 33 прашања, меѓу кои и за имиграцијата и секуларизмот. – Тие (прашања) не ја исцрпуваат дебатата, но ми се чини дека се во сржта на нашите дебати, вели Макрон. Некои од отворените теми може да завршат со организирање на референдум, особено за демократијата и граѓанското општетство, каде што шефот на државата сугерира за ограничување на бројот на пратеници во Парламентот, за улогата на Сенатот и на Советот за економски, социјални и еколошки прашања, кака и за поттикнување на граѓаните за учествуво во јавните дебати. Макрон, исто така, го покренува и прашањето за референдуми за граѓански иницијативи, што е едно од главните барања на „жолтите елеци“. Францускиот претседател во писмото манифестира непопустливост околу реформите што веќе се преземени, исклучувајќи ја идејата за нивно преиспитување, вклучувајќи го и укинувањето на данокот на богатство. – Не заборавив дека сум избран со еден проект, за големи насоки на кои им останувам верни, објаснува Макрон, повторувајќи ги своите позици, како борбата против невработеноста преку создавање на нови работни места и намалување на нееднаквоста со реформи на образованието и со професионална обука. Макрон се осврнува и на борбата против глобалното затоплување со промена на францускиот модел на развој. – Ние мора да измислиме нов, продуктивен, социјален, образовен, еколошки и европски проект кој е поправеден и поефикасен. За овие главни заложби, мојата решеност не се промени, заклучува тој. Пред поставувањето на општата рамка за идните дискусии, шефот на француската држава, сепак, бара еден предуслов – прекин на насилствата во протестите на „жолтите елеци“. Нагласувајќи дека  го споделува револтот на Французите и дека го разбира нивниот гнев и незадоволство поради „премногу високите“ даноци, „премногу далечните“ јавни услуги или „премногу ниските“ плати, Макрон сепак предупредува дека нема да прифати „каква било форма на насилство“. – Не прифаќам и немам право да го прифатам притисокот и навредите, на пример за избраните претставници на народот, не прифаќам и немам право да ги прифатам општите обвинувања, на пример на медиумите, новинарите, институциите и функционерите. Ако сите ги напаѓаат сите, општеството се распаѓа, предупредува претседателот на Франција. Ваквата реакција на Макрон е одговор на последните  протести на „жолтите елеци“, обележани со напади врз новинари и јавни институции и обиди за заплашување на пратениците од владејачкото мнозинството. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silno-vlijanie-na-zoltite-eleci-makron-predlaga-nov-dogovor-na-nacijata/feed/ 0
Снимка која го опишува големиот ужас во Париз: Снимател со гас маска се најде во невозможна ситуација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snimka-koja-go-opishuva-golemiot-uzas-vo-pariz-snimatel-so-gas-maska-se-najde-vo-nevozmozna-situacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snimka-koja-go-opishuva-golemiot-uzas-vo-pariz-snimatel-so-gas-maska-se-najde-vo-nevozmozna-situacija/#respond Sat, 08 Dec 2018 12:48:46 +0000 https://kurir.mk/?p=137453

Жестината на протестот на „Жолтите елеци“ кој се одржува во Париз беше очекувана и не изненади никого. Една снимка посебно докажува какви тензии владеат на улиците на француската престолнина. Камерман со гас маска се нашол во центарот на судирот на демонстрантите и полицијата и тоа баш во моментот кога органите на редот фрлиле големи количини на солзавец. Снимателот во еден момент истовремено ги снимал нередите и им помагал на демонстрантите зашеметени од солзавецот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/snimka-koja-go-opishuva-golemiot-uzas-vo-pariz-snimatel-so-gas-maska-se-najde-vo-nevozmozna-situacija/feed/ 0
На улица 89.000 полицајци: Франција подготвена за „жолтите елеци“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ulica-89-000-policajci-francija-podgotvena-za-zoltite-eleci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ulica-89-000-policajci-francija-podgotvena-za-zoltite-eleci/#respond Sat, 08 Dec 2018 08:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=137262

Франција е подготвена за денешниот протест на „жолтите елеци“. Поставени се кордони, откажани се фудбалските и други спортски натпревари, а според најавата, на улиците ќе има и оклопни возила.
Францускиот премиер Едуар Филип вчера изјави дека 89.000 припадници на безбедностите сили ќе бидат распоредени ширум земјата. Според него, од 89.000 припадници на безбедносните сили, 8.000 ќе бидат распоредени во Париз, како и оклопни возила. – Се соочуваме со луѓе кои не се тука за да протестираат, туку за да кршат, и сакаме да се снабдиме со средства кои ќе ги спречат да дивеат, рече Филип. Во Париз вчера сите се подготвуваа за четвртиот викенд на протести на „жолтите елеци“. Весникот „Гардијан“ објави дека банките, продавниците и рестораните се подготвувале да ги заштитат сопствените деловни објекти пред денешните протести. Банка на Франција постави даски на прозорците, а Операта ги заклучи инструментите поради страв од провала. Париските власти советуваат контејнерите за отпад да се отстранат, за да не бидат запалени. Денеска е затворена за посетители и Ајфеловата кула, додека во Бордо се затворени десетици јавни места. Американската амбасада во Париз ги предупреди своите државјани на можни насилства за време на протестите и ги советува да ги избегнуваат демонстрациите. Амбасадата предупредува дека протестите можат повторно да станат насилни и оти полицијата може повторно да одговори со водени топови и солзавец. Во минатонеделните протести беа повредени повеќе од 130 лица, а над 400 се уапсени во најлошите улични немири во Франција во последните децении. Движењето „жолти елеци“  започна како протест против предлогот за зголемување на даноците за дизел и бензин, а движењето беше именувано по жолтите елеци што демонстрантите ги носат, а кои возачите мора да ги имаат во своите автомобили. Сепак, протестите наскоро ја надминаа својата првична цел и станаа насочени против Владата. Демонстрантите го насочија својот гнев кон претседателот Емануел Макрон, обвинет дека изгубил допир со реалноста. Демонстрантите за Владата велат дека е елита, која нема поим како живее остатокот од земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ulica-89-000-policajci-francija-podgotvena-za-zoltite-eleci/feed/ 0