зоран анчевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Aug 2022 08:39:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зоран анчевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Збирката „Збунети компаси“ на Зоран Анчевски добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbirkata-zbuneti-kompasi-na-zoran-anchevski-dobitnik-na-nagradata-brakja-miladinovci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbirkata-zbuneti-kompasi-na-zoran-anchevski-dobitnik-na-nagradata-brakja-miladinovci/#respond Wed, 10 Aug 2022 08:39:37 +0000 https://kurir.mk/?p=716446

Збирката „Збунети компаси“ на македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата за 2022 година. Од 39 пристигнати книги во потесен круг, како што соопшти националната установа „Струшки вечери на поезијата“ влегле „Секој секому огледало“ од Андреј Ал-Асади, „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски, „Политики на стравот“ од Славица Гаџова-Свидерска, „Чинук“ од Ристо Лазаров и „Капе времето“ од Виолета Танчева-Златева. За изборот на наградата „Браќа Миладиновци“ на 61. фестивалско издание одлучувала жири-комисијата во состав на Наташа Аврамовска, претседател и членовите Иван Додовски, Марија Ѓорѓиева-Димова и Габриела Стојаноска-Станоеска. – Поетската книга „Збунети компаси“ на Зоран Анчевски, во издание на „Или-Или“ е зрело и интимно, во извесна смисла и исповедно поетско, односно автопоетичко огласување на авторот. Лирскиот израз на Анчевски во оваа поетска книга се огласува од средиштето на длабоката вкотвеност во појавноста на светот што нѐ опкружува, среде нејзината мена, која е воедно и тежиште на јарболот на аксиолошката вертикала по која угоре заблазува и удолу, пред стрмоглавоста, зазира духот, стои во образложението на жири-комисијата. Зоран Анчевски (1954) е поет, универзитетски професор, преведувач, есеист. По вторпат е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, откако во 2018 ја доби за стихозбирката „Небесна пантомима“. Има објавено девет поетски збирки, а добитник е на повеќе награди во земјава и странство, меѓу кои „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга „Патување низ скршени слики“ (1984), меѓународната награда „Џакомо Леопарди“ во Италија (2004). Објавил голем број есеи, критички осврти и студија од доменот на книжевната теорија „За традицијата“ (2007). Приредил и превел на англиски јазик, неколку антологиски избори македонска поезија и куса проза. За неговото преведувачко дело ја добил највисоката национална награда за превод „Григор Прличев“ (2001). Избори од неговата поезија се преведени и објавени на повеќе од дваесет јазици во странски списанија и антологии. Неговите избрани песни на македонски и англиски јазик се објавени во 2011 година, а СВП ја објави на англиски јазик и наградената книга „Небесна пантомима“ (Celestial Pantomime, 2019). Член е на Друштвото на писатели на Македонија, бил двапати секретар на македонскиот ПЕН центар и негов актуелен претседател, а раководел и со Управниот одбор на СВП (2002-2007). Живее и работи во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zbirkata-zbuneti-kompasi-na-zoran-anchevski-dobitnik-na-nagradata-brakja-miladinovci/feed/ 0
Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zoran-anchevski-za-zbirkata-zbuneti-kompasi-e-dobitnik-na-nagradata-brakja-miladinovci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zoran-anchevski-za-zbirkata-zbuneti-kompasi-e-dobitnik-na-nagradata-brakja-miladinovci/#respond Wed, 10 Aug 2022 07:24:28 +0000 https://kurir.mk/?p=716382

Познатиот македонски поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Анчевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Збунети компаси“ во издание на „ИЛИ- ИЛИ“. Тој е добитник по вторпат на ова највисоко признание, откако во 2018 година ја доби наградата „Браќа Миладиновци“ за стихозбирката „Небесна пантомима“ Жири-комисијата во состав Наташа Аврамовска (претседател), Иван Додовски (член), Марија Ѓорѓиева-Димова (член), Габриела Стојаноска-Станоеска (член) и Иван Антоновски (секретар) после прочитот на сите 39 пристигнати книги направи заедничка селекција и во потесен круг од пет книги влегоа збирките (редоследот е според почетните букви од презимињата на авторите):
  1. „Секој секому огледало“(„ПНВ Публикации“) од Андреј Ал-Асади;
  2. „Збунети компаси“ („ИЛИ-ИЛИ“) од Зоран Анчевски;
  3. „Политики на стравот“ („Восток@2021“) од Славица Гаџова-Свидерска;
  4. „Чинук“ („Дијалог“) од Ристо Лазаров;
  5. „Капе времето“ („Паблишер“) од Виолета Танчева-Златева.
Од овие пет поетски збирки во најтесен круг влегоа „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски и „Политики на стравот“ од Славица Гаџова- Свидерска. Со мнозинство гласови (три гласа за „Збунети компаси“ наспроти два гласа за „Политики на стравот“) жири- комисијата донесе одлука наградата „Браќа Миладиновци“ на „Струшките вечери на поезијата“ за најдобра поетска книга меѓу две изданија на фестивалот да ѝ биде доделена на книгата „Збунети компаси“ на поетот Зоран Анчевски - Поетската книга „Збунети компаси “ на Зоран Анчевски (Скопје: Или-Или, 2021), е зрело и интимно, во извесна смисла и исповедно поетско, односно автопоетичко огласување на Зоран Анчевски. Книгата е доследно изградена како суштествено лирски, поетски израз во рамновеесието на сензуалната доживелица на мигот и воедно мигот на медитативната сосредоточеност во наслушнувањето на душевните напливи. Лирскиот израз на Анчевски во оваа поетска книга се огласува од средиштето на длабоката вкотвеност во појавноста на светот што нѐ опкружува, среде нејзината мена, која е воедно и тежиште на јарболот на аксиолошката вертикала по која угоре заблазува и удолу, пред стрмоглавоста, зазира духот - стои во образложението на одлуката. Зоран Анчевски (1954) е поет, универзитетски професор, преведувач, есеист. Има објавено девет поетски збирки што се одлично примени од критиката, високо оценети и наградени со различни награди во земјата и во странство, како што се наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга „Патување низ скршени слики“ (1984), меѓународната награда „Џакомо Леопарди“ во Италија (2004), највисоката национална награда за поезија  „Браќа Миладиновци“ на СВП за книгата „Небесна пантомима“ (2018) и други. Исто така има објавено голем број есеи, критички осврти, и студија од доменот на книжевната теорија „За традицијата“ (2007). Неговата најнова поетска книга „Збунети компаси“ е објавена во едицијата „Поеза“ на реномираната издавачка куќа „ИЛИ-ИЛИ“. Приредил и превел на англиски јазик неколку антологиски избори македонска поезија и куса проза, а речиси да нема позначаен македонски или англо-американски поет што го не го превел на македонски или на англиски јазик. За неговото преведувачко дело ја добил највисоката национална награда за превод „Григор Прличев“ (2001). Учествувал на многу поетски фестивали во земјата и во светот. Избори од неговата поезија се преведени и објавени на над дваесет јазици во значајни странски списанија и антологии. Неговите Избрани песни на македонски и англиски јазик се објавени во 2011 година, а СВП ја објави на англиски јазик и наградената книга „Небесна пантомима“ (Celestial Pantomime, 2019). Член е на Друштвото на писатели на Македонија, бил двапати секретар на македонскиот ПЕН центар и негов актуелен претседател, а раководел и со УО на СВП (2002-2007). Живее и работи во Скопје. Преостанатите четворица кандидати во потесен избор, исто така, според вообичаената пракса, ќе бидат дел од програмата на фестивалот. „Струшките вечери на поезијата“ годинава ќе се одржат од 25 до 29 август во своето редовно издание на препознатливите локации.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zoran-anchevski-za-zbirkata-zbuneti-kompasi-e-dobitnik-na-nagradata-brakja-miladinovci/feed/ 0
Зоран Анчевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за книгата „Небеска пантомима“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zoran-anchevski-dobitnik-na-nagradata-brakja-miladinovci-za-knigata-nebeska-pantomima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zoran-anchevski-dobitnik-na-nagradata-brakja-miladinovci-za-knigata-nebeska-pantomima/#respond Fri, 24 Aug 2018 13:13:35 +0000 https://kurir.mk/?p=91664

Поетот и преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, за најдобро поетско остварување меѓу два фестивала за книгата „Небесна пантомима“. Добитникот беше соопштен денеска, традиционално на прес-конференција, на која претседателот на жири-комисијата Данило Коцевски образложи дека „Небесна пантомима“ е поетско остварување на зрел и опитен поет. - Евидентно е осмислувањето на поетската книга како единствена поетска градба на ритмички и семантички созвучја во приодот кон стожерните мотиви на пеењето. Анчевски внимава на архитектониката на својата книга. Песните внимателно се поделени во пет одделни целини компактни на тематско-мотивски план, а префинети на планот на јазикот и лексиката, истакна Коцевски. Движејќи се во димензијата на предметноста на доживеаното, додаде, Анчевски секогаш одново, на суптилен поетски начин, ни ги посочува замките на привидот, како да сака да нѐ предупреди на целата сложеност на човековиот микрокосмос. Наградата „Браќа Миладиновци“ за Анчевски има големо значење, пред се поради неговата поврзаност кон фестивалот. - „Браќа Миладиновци“ за мене претставува најголема награда, бидејќи Македонија нема национална награда од овој тип. За мене претставува национална награда. Уште подрага ми е, бидејќи по толку годишно работење на Фестивалот и на пишување поезија, мојата осма поетска збирка кончено ја доби оваа награда, изјави Анчевски за МИА. Потсети на долгогодишното негово учество на фестивалот како дел од организацијата на Струшките вечери на поезијата. - Со вирусот СВП се заразив уште во студентски денови, кога со моите колеги доаѓав и спиев на плажите, само и само да ги следам поетските случувања тука на Струшките вечери. Потоа низ професионалното работење и мноштвото мои ангажмани тесно поврзани со раководењето и работата на оваа институција, вирусот СВП траеше и трае до денес. Од некогашен хипи поет, сега сум лауреат на оваа најголема македонска награда за поезија, рече Анчевски. На конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ пристигнале 42 поетски книги од кои, според жири-комисијата во состав Данило Коцевски - претседател, Милош Линдро, Наташа Аврамовска, Наташа Сарџоска и Иван Шопов членови, 41 ги исполнувала условите. Во потесен круг за наградата „Браќа Миладиновци“ влегоа стихозбирките „Небесна пантонима“ од Зоран Анчевски, „Под Дервишовото сиќе“ од Андреј Ал Асади, „Гласови“ од Јордан Даниловски, „Остави ме да си доиграм“ од Јовица Ивановски и „Пеперутка од пепел“ од Сузана В. Спасовска. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zoran-anchevski-dobitnik-na-nagradata-brakja-miladinovci-za-knigata-nebeska-pantomima/feed/ 0