Зоран Атанасов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Jan 2021 18:46:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Зоран Атанасов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешниот директор на АХВ, станал советник за земјоделство во Влада, ама се вдомил и во Институт за акредитација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-direktor-na-ahv-stanal-sovetnik-za-zemjodelstvo-vo-vlada-ama-se-vdomil-i-vo-institut-za-akreditacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-direktor-na-ahv-stanal-sovetnik-za-zemjodelstvo-vo-vlada-ama-se-vdomil-i-vo-institut-za-akreditacija/#respond Wed, 20 Jan 2021 18:46:46 +0000 https://kurir.mk/?p=457719

Државата за некои е мајка, за други пак маќеа. Но, кога станува збор за екс директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, дефинитивно е мајка. Имено, откако Атанасов се вдоми на Илинденска број 2, како советник на премиерот Зоран Заев за земјоделство, безбедноста на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, нашите извори велат, дека само еден ден пред да поднесе оставка од директорската функција, Атанасов си обезбедил и вработување во Институтот за акредитација преку постапка за преземање од едно на друго работно место и тоа во временски период од две недели за да ги заврши сите правни работи околу преземањето. Она што е спорно е што, Атанасов од директор на АХВ требал да се врати на својата позиција претходно во истата институција како официјален ветеринар инспектор, но како што велат информациите Атанасов бил еден од најомразените вработени во Агенцијата, по што буквално немало кој да му каже здраво. Ова значи дека на Атанасов откако ќе му заврши мандатот како советник на премиерот Заев наместо во АХВ како што вели изворот ќе замине да работи со својот близок сопартиец Слободан Чокревски. За потсетување на јавноста, Атанасов за директор на АХВ беше назначен во 2017 година, а сега како советник на премиерот Заев ќе зема 55.268 денари нето плата а како што изјави посебен предизвик за него претставувала оваа функција иако не се знае што точно ќе го советува премиерот Заев. Додека граѓаните, врзуваат крај со крај и додека се зголемува невработеноста, високи досегашни функционери се вдомуваат во владата на грбот и на трошок на Буџетот кој пак го полнат граѓаните на Македонија. Се појасно е дека намалувањето на администрацијата за која ветуваше и изјавуваше премиерот Заев, не важи само кога станува збор за негови блиски луѓе од доверба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poraneshniot-direktor-na-ahv-stanal-sovetnik-za-zemjodelstvo-vo-vlada-ama-se-vdomil-i-vo-institut-za-akreditacija/feed/ 0
Зоран Атанасов најави оставка од функцијата директор на АХВ, ќе биде советник на премиерот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-atanasov-najavi-ostavka-od-funkcijata-direktor-na-ahv-kje-bide-sovetnik-na-premierot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-atanasov-najavi-ostavka-od-funkcijata-direktor-na-ahv-kje-bide-sovetnik-na-premierot/#respond Fri, 11 Dec 2020 10:48:15 +0000 https://kurir.mk/?p=441966

Директорот на Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ), Зоран Атанасов најави дека идната недела ќе поднесе оставка од функцијата. Како што соопшти денеска на прес-конференција, од премиерот добил понуда да биде советник за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика. -Имам понуда од претедателот на Владата да бидам советник од областа земјоделство, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, што за мене претставува посебен предизвик, рече Атанасов. Зоран Атанасов беше директор на АХВ од јуни 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-atanasov-najavi-ostavka-od-funkcijata-direktor-na-ahv-kje-bide-sovetnik-na-premierot/feed/ 0
Атанасов: Во ниту една од досега заловените диви свињи не е откриен вирус на африканска чума https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-vo-nitu-edna-od-dosega-zalovenite-divi-svinji-ne-e-otkrien-virus-na-afrikanska-chuma/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-vo-nitu-edna-od-dosega-zalovenite-divi-svinji-ne-e-otkrien-virus-na-afrikanska-chuma/#respond Fri, 30 Aug 2019 12:24:30 +0000 https://kurir.mk/?p=235069

Заклучно со денеска отстрелани се 85 диви свињи и, според лабораториските анализи на примероците земени од нив, сите се негативни на болеста африканска чума, информира за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов. Атанасов претходно рече дека заловување досега имало во струмичко-гевгелискиот регион, тетовскиот, кумановско-паланечкиот дел,…Отстрелот, додаде, обично се спроведува за време на викенд, зашто ловците се рекретивци, не професионалци. Се организираат кога се послободни. -АХВ секој ден добива известување кое друштво кој ден ќе лови, за да излезе соодветно на терен со свои инспектори и ветеринари и да земе мостри, рече директорот. Дополни и дека засега условите за отстрел во моментов се ограничувачки поради густата, раззеленета шума што ја намалува видливоста на ловџиите и им овозможува на дивите свињи полесно да се кријат. Министерството за земјоделство на 30 јули годинава донесе Решение со кое одобри отстрел на дивите свињи во земјава, а заловувањето почна пред две недели. АХВ продолжува со максимално следење на состојбата и преземање на сите превентивни мерки. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-vo-nitu-edna-od-dosega-zalovenite-divi-svinji-ne-e-otkrien-virus-na-afrikanska-chuma/feed/ 0
Трипуновски: Атанасов да си поднесе оставка заради неодговорното однесување и нестручно управување со институциите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-atanasov-da-si-podnese-ostavka-zaradi-neodgovornoto-odnesuvanje-i-nestruchno-upravuvanje-so-instituciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-atanasov-da-si-podnese-ostavka-zaradi-neodgovornoto-odnesuvanje-i-nestruchno-upravuvanje-so-instituciite/#respond Wed, 14 Aug 2019 10:27:16 +0000 https://kurir.mk/?p=229572

Се наоѓаме пред дувлото на криминалниот октопод - централниот штаб на СДСМ, партија каде претседател на комисијата за земјоделие е Зоран Атанасов, човекот кој е пулен на Заев. Истиот оној човек кој две недели криеше од македонската јавност дека во Македонија има случај на антракс, изјави денес Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека претседателот на партиската комисија за земјоделие на СДСМ, Атанасов е човекот кој оваа година го остави добитокот во 22 дистриктни подрачја во Република Македонија невакциниран од антракс, а со тоа постои сериозна опасност оваа болест која што се пренесува и на луѓето да се рашири на целата територија на Република Македонија. Според Трипуновски негрижата на Атанасов е негрижа на СДСМ. -Атанасов со своето неодговорно однесување, го прекршил и законот според кој е должен да ги извести граѓаните кога има случај на антракс во државата. Тој тоа не го сторил и свесно го криел. Зошто, се уште не одговара. Одговорност мора да има. Атанасов мора да си поднесе оставка. Нестручното и неодговорното однесување и управување со институциите покрај економските загуби во сточарството може да предизвика и човечки жртви. Господине Атанасов, кажете му на вашиот партиски шеф Зоран Заев, дека го уништи земјоделието во Република Македонија . Сточарите се во без излез, полјоделците и овоштарите одамна во бездна. Земјоделецот го пониживте и затоа треба да си заминете. Предвремени избори веднаш. Оваа влада веќе нема капацитет да управува со Република Македонија, посочи Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-atanasov-da-si-podnese-ostavka-zaradi-neodgovornoto-odnesuvanje-i-nestruchno-upravuvanje-so-instituciite/feed/ 0
Атанасов: Граѓаните да не одгледуваат свињи за сопствени потреби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-gragjanite-da-ne-odgleduvaat-svinji-za-sopstveni-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-gragjanite-da-ne-odgleduvaat-svinji-za-sopstveni-potrebi/#respond Wed, 14 Aug 2019 09:13:25 +0000 https://kurir.mk/?p=229535

Селските домаќинства кои одгледуваат свињи за сопствена употреба, да ги заколат или да ги понудат за откуп на месната индустрија ако немаат воведено или ако биосигурносните мерки им се на многу ниско ниво, апелира и денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со цел спречување евентуална појава и ширење африканска свинска чума во земјава. – Како одговорна институција, ги информираме одгледувачите на свињи дека во услови на сериозна епизоотиолошка состојба во соседството и постоењето реална опасност од пренесување и ширење на болеста, сега не е време за ваков начин на одгледување свињи. Согласно законските и подзаконските нормативи, АХВ нема да врши исплата на отштета на одгледувачите чие одгледувалиште не е регистрирано во Агенцијата, а чии свињи ќе угинат од оваа болест, вели за МИА директорот на Агенцијата, Зоран Атанасов. Отштета ќе добијат само регистрираните сточари кои ги имаат имплементирано биосигурносните мерки на фармите и чии евентуално заразени грла ќе бидат убиени и нештетно уништени од страна на надлежните органи. -Воведувањето на биосигурносните мерки на свињарските фарми е законска обврска и одговорност на одгледувачите. Нивното невоведување, неодржување и непочитување може да предизвика појава и ширење на заразни болести кај животните. Африканската свинска чума не е опасна за луѓето, иако тие можат да бидат еден од преносителите на вирусот преку заразената облека или алати со кои работат. Болеста предизвикува огромни економски штети во свињарството, бидејќи смртноста кај домашните свињи се движи и до 100 проценти. За неа не постои ниту вакцина, ниту лек. Извор на вирусот на оваа опасна болест која ги погодува домашните и дивите свињи се заразените, болните или угинати животни, заразената храна и отпадоци од храна, опрема, возила, облека и мекиот крлеж како биолошки преносител на болеста, нагласува Атанасов. Африканска свинска чума, освен во Бугарија, од завчера е потврдена и во Србија. Ја има и во уште дваесеттина други земји, а се шири и зема се поголеми размери. Од вчера во земјава почна вонредниот отстрел на диви свињи, како една од превентивните мерки што подолго време интензивно се реализираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-gragjanite-da-ne-odgleduvaat-svinji-za-sopstveni-potrebi/feed/ 0
Атанасов: Во светот се уште нема доказ дека храната што соджи ГМО е штетна по здравјето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-vo-svetot-se-ushte-nema-dokaz-deka-hranata-shto-sodzi-gmo-e-shtetna-po-zdravjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-vo-svetot-se-ushte-nema-dokaz-deka-hranata-shto-sodzi-gmo-e-shtetna-po-zdravjeto/#respond Tue, 11 Dec 2018 10:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=138548

Според директорот на АХВ, Зоран Атанасов храната што содржи ГМО не е штетна, бидејќи во светот се уште нема доказ дека таквата храна е штетна по здравјето на луѓето. На прашањето на водителката на 1ТВ, дали смета производите ГМО и храната модифицарана од ГМО е штетна по здравјето на луѓето Атанасов одговори дека во светот се уште нема доказ дека таквата храна е штетна по здравјето на луѓето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/atanasov-vo-svetot-se-ushte-nema-dokaz-deka-hranata-shto-sodzi-gmo-e-shtetna-po-zdravjeto/feed/ 0
Земјоделците фрлаат јаболка, сливи и зелки бидејќи нема откуп, а Македонија од идната година ќе произведува ГМО храна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelcite-frlaat-jabolka-slivi-i-zelki-bidejkji-nema-otkup-a-makedonija-od-idnata-godina-kje-proizveduva-gmo-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelcite-frlaat-jabolka-slivi-i-zelki-bidejkji-nema-otkup-a-makedonija-od-idnata-godina-kje-proizveduva-gmo-hrana/#respond Sat, 01 Dec 2018 11:29:55 +0000 https://kurir.mk/?p=134494

Земјоделците се жалат на слабиот откуп, а поради тоа фрлаат јаболка, зелка и сливи, а владата на СДСМ од идната година планира да произведува ГМО грана. Од следната година ќе се дозволи производство на Генетски модифицирана храна во земјава. Агенцијата за храна најави измени на Законот за безбедност на храна во кој точно ќе се дефинира како храна која содржи, е составена или произведена од генетски модифицирани организми може да се пласира на пазарот. Откако ќе се донесе законот сите операторикои ќе одлучат да произведуваат ГМО храна ќе мора предходно да ги поминат строгите законски и подзаконски процедури на одобрување. Законот ќе дозволува праг на толеранција до 0,9 отсто и доколку содржи повеќе од тоа задолжително ќе мора да се декларира дека има Генетски модифицирани организми во неа, пренесува 24инфо. Директорот на Агенцијата за храна Зоран Атанасов во интервју за 24 унфо, вели дека во моментов, врз основа на член 55 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ број 187/13) во Република Македонија е забрането производство, ставање во промет и увоз на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО, се до пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија. – Меѓутоа, врз основа на светските економски трендови за слободно движење на безбедната и здрава храна, а со цел овозможување на подобри услови за македонските оператори со храна за трговска размена со другите земји со што ќе се обезбеди позитивен економски ефект за Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви текст на Закон за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храната. Во моментот, текстот е на финално усогласување со Секретаријатот за законодавство, пред негово проследување до Влада на РМ- вели Атанасов. Според него во измените на законот, предвидено е погоре наведената одредба за забрана на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО во Република Македонија да се избрише, со што ќе се дозволи производство, ставање во промет и увоз во Република Македонија на ГМО храна под строго одредени услови, пропишани во подзаконски акти, со кои ќе се обезбеди заштита на јавното здравје и животната средина. Ова ќе се овозможи со воведување на соодветни стандарди пред ставање во промет на ГМО храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО. – Измените на законот се всушност усогласувања со регулативите за безбедност на храна во Европа.Со Законот точно ќе се утврдат прописите за регистрација и одобрување за ГМО бидејќи истите се многу строги. За тоа се свесни и компаниите што сакаат да дојдат до таков производ. Кога аплицираат во Европската агенција за безбедност на храната, тие знаат низ какви долги процедури на испитување и истражување мора да поминат. Прагот, пак, на толеранција во ЕУ за генетска модификација на некој производ или организам е 0,9 отсто- вели Атанасов. Според него практично се враќа стариот член во законот кој дозволуваше производство и влез на ГМО храна во Република Македонија. – ГМО веќе не е табу тема. Постојано се дискутира за ова. Скоро секаде во светот ја има прифатено ГМО храната и јас не гледам причина зошто Македонија да не го направи тоа, посебно што нема научни докази дека е штетна по здравјето на луѓето. Сепак, право на потрошувачите е да изберат што ќе консумираат- вели Атанасов. Првиот човек на Агенцијата објаснува дека при мониториг на храна откриено е присуство на ГМО во ориз од домашно потекло кој е поништен. При увоз се контролира секоја пратка со храна, а лабораториски е потврдено присуство на ГМО во пратка на пченка и во пратка на соини производи по што дадена е опција на увозниците пратките да се вратат или препратат. На прашањето дали е намален увозот на небезбедна храна во земјава директорот вели дека во земјава не се увезува небезбедна храна. – Се вршат контроли на храната при увоз и при промет во внатрешноста. Доколку при контролата при увоз се открие небезбедна храна истата се врака назад на место на потекло или се уништува- вели Атанасов.
фото: Слободан Ѓуриќ
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjodelcite-frlaat-jabolka-slivi-i-zelki-bidejkji-nema-otkup-a-makedonija-od-idnata-godina-kje-proizveduva-gmo-hrana/feed/ 0
Македонија ја очекува дозволата за извоз на пастрмка во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ja-ochekuva-dozvolata-za-izvoz-na-pastrmka-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ja-ochekuva-dozvolata-za-izvoz-na-pastrmka-vo-eu/#respond Tue, 24 Apr 2018 08:10:16 +0000 https://kurir.mk/?p=45204

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов очекува за еден до два месеца Македонија да биде ставена на листата на ЕУ за извоз на пастрмка на европскиот пазар. Како што вели за МИА, прашалникот е пополнет пред две недели, а барањето не било воопшто едноставно. Му претходеле тригодишни подготовки, воспоставување контрола и мониторинг на одредени болести кај рибите. - Очекуваме за месец до два да бидеме ставени на листата, а потоа, преку зајакнување на биосигурносните мерки на рибниците, некои од нив и од одгледувалиштата да бидат одобрени за извоз, нагласува директорот. Според него, откако Македонија ќе ја добие дозволата за извоз на пастрмка во ЕУ, производителите или одгледувачите ќе може да аплицираат за извоз и да планираат долгорочни инвестиции во тој правец. Земјава во последниов период е ставена на листата за извоз во ЕУ на говедско, пилешко, овчо и козјо месо, јајца, млеко и рибини производи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-ja-ochekuva-dozvolata-za-izvoz-na-pastrmka-vo-eu/feed/ 0