зоран богдановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 24 Mar 2018 09:56:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зоран богдановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Млад македонски готвач ја покори Малта: Вкус, уметност и традиција од вештите раце на Зоран (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mlad-makedonski-gotvach-ja-pokori-malta-vkus-umetnost-i-tradicija-od-veshtite-race-na-zoran-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mlad-makedonski-gotvach-ja-pokori-malta-vkus-umetnost-i-tradicija-od-veshtite-race-na-zoran-foto/#respond Sat, 24 Mar 2018 09:56:23 +0000 https://kurir.mk/?p=32676

За македонската храна светот одамна има слушнато. На нашите традиционални специјалитети се насладуваат сите кои ја посетуваат Македонија. Но, лесно е некој да вкуси одлични оброци, тешко е истите да се приготват. Зоран Богдановски од Скопје “занаетот“ го научи дома. Тој е млад професионален готвач. Откако со вкусовите експериментираше во земјава и кога ја проучи целата магија на храната, си постави себеси силни и високи цели. И замина да се усоврши себеси во Малта. Таму живее четири години, а предизвик му е секој еден зготвен оброк. Храната за него претставува професија, но и пасија и уметност. На неговото мени, во моментов е храна од кујната на Азија, а верувале или не, дури и во такви оброци ја вметнува традицијата на Европа. -Работам вo ресторан Buddhamann. Во суштина тоа е ресторан за традиционална азиска кујна. Јас ги земам класичните традиционални рецепти од нивната култура и традиција, но ги пренасочувам во европски стил. Тоа значи дека пробувам да им вметнам европско влијание на начин што ја преработувам храната, но и нејзиното презентирање. Кога почнав да работам во оваа компанија имав малку загубена волја да давам се од себеси. Но, тоа што овде го видов ми даде огромен поттик да продолжам да ја работам професијата која ја сакам. Научив многу. Видов рецепти и јадења кои за мене беа “од друг свет“, рече Зоран во изјава за КУРИР.МК. И навистина, на ова работно место, вештите раце на нашиот готвач, се максимално искористени. Кога влезе во нивната кујна, Зоран ги запозна тајните во кулинарството од една сосема поинаква страна. -Го запознав течниот азот и неговата магија. Научив што може да се постигне со него. Видов молекуларни сфери, пена која заменува глазури и сосови и е многу поефектна. Бев запознаен со францускиот начин на готвење sous-vidе, готвење на месо по 40 часа на фиксна температура…. Добив сосема поинаков видик на храната и готвењето генерално, раскажува тој. Богдановски тој период неуморно работи. Секој ден му е нов предизвик. Ужива во секоја готова чинија, идеална и за јадење и за гледање. Резултатите од макотрпната работа, брзо ги чувствува. -Менаџментот на компанијата веднаш ја забележа мојата посветеност и мојот талент. Ми понудија да го водам ресторантот и да се грижам за него. Тоа беше огромен предизвик. Решив да го прифатам. Ја искористив шансата, продолжив да работам силно за да не ги изневерам. Таа година бев прогласен за најдобар готвач новодојденец. Истата година добив повик од најчитаниот магазин за храна во Малта, “Foodist”. Изразија интерес за начинот на кој готвам, а по една недела веќе тропнаа на мојата врата. Ги погледнаа и вкусија моите јадења, беа воодушевени. Ги фотографираа чиниите, направивме фотосесија и од нив ги добив сите пофалби. Тоа многу ни помогна, ни го крена рејтингот на ресторанот. Потоа следуваше уште едно позитивно изненадување. Бевме прогласени за еден од најдобрите 10 ресторани на Макта, раскажа Зоран за КУРИР.МК. Убаво велат старите дека добриот глас далеку се слуша. Тоа му се случи и на нашиот готвач. Минатата година врвни готвачи од многу земју ширум светот го посетија ресторанот и ја следеа работата на нашиот Зоран. Од нив научи значајни лекции. -Запознав врвни готвачи од Шпанија, Франција, Индија, Тајланд... Сите тие несебично ги поделија со мене своите искуства и ми помогнаа во зголемување на мојот репертоар на техники на готвење, вели тој. И еден ден, Зоки помисли дека иако дава премногу, неговиот талент може многу повеќе. Освен неговиот талент за готвење, за оваа негова одлука пресудни биле решителноста, храброста и посветеноста кои ги поседува во својот карактер. -Во првиот момент кога почувствував дека еуфоријата сака да ми згасне, ги превземав работите во свои раце.Одлучив дека повеќе не сакам да работам по старо мени и решив да воведам мени кое содржи 11 мини стартери, еден интермедиате стартер и две главни јадења. Следеше БУМ. Ресторанот стана многу популарен и заинтересираноста беше огромна, раскажува за КУРИР младиот талент. За него се заинтересира и националната телевизија во Малта. Тие го посетиле нашиот Зоран заедно со екипа од порталот LovingMalta. Направиле врвна експлозија од илустрации во кои храната има форма на предмети од секојдневието. Потоа дојдоа и наградите во вистински раце. -На крајот на 2017-та година на доделувањето на награди за најдобри ресторани добивме „silver spoon award“. Добивме прво место за најдобар ресторан во Малта. Поседуваме и награда за најдобра услуга во ресторанот, рече тој. Ни вети дека ќе оди само напред. Дека досегашниот успех ќе му биде само мотив дека она што искрено се посакува, може да се исполни. Ние му посакуваме многу успех, но и некогаш да ја продолжи професијата дома, за најуникатните вкусови да ги проба и Македонија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/mladi-talenti/mlad-makedonski-gotvach-ja-pokori-malta-vkus-umetnost-i-tradicija-od-veshtite-race-na-zoran-foto/feed/ 0