Зоран Дабиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 26 Mar 2023 12:32:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Зоран Дабиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дабиќ: Последните 7-8 години во МНР се делат на два периоди – масовно впумпување на партиски кадри и масовно унапредување на тие кадри преку злоупотреба на дискреционото право https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dabik-poslednite-7-8-godini-vo-mnr-se-delat-na-dva-periodi-masovno-vpumpuvane-na-partiski-kadri-i-masovno-unapreduvane-na-tie-kadri-preku-zloupotreba-na-diskretsionoto-pravo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dabik-poslednite-7-8-godini-vo-mnr-se-delat-na-dva-periodi-masovno-vpumpuvane-na-partiski-kadri-i-masovno-unapreduvane-na-tie-kadri-preku-zloupotreba-na-diskretsionoto-pravo/#respond Sun, 26 Mar 2023 12:00:37 +0000 https://kurir.mk/?p=816543

На денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ обраќање имаше и амбасадорот и претседател на Македонски дипломатски синдикат Зоран Дабиќ кој зборуваше за шемата по која во МНР се прават унапредувања на поединци без никаква законска основа и за тоа како тие како синдикат се справуваат со оваа негативна појава. Тој потенцираше дека последните 7-8 години би можеле да се поделат во два периоди, односно дека во првиот период се вршеше масовно вработување на партиски кадри, а во вториот се врши унапредување на истите тие кадри. „Справувањето оди многу тешко бидејќи директна комуникација практично и немаме со раководството, тоа е нивен став. Можеби еднаш неделно во овие четири години ние укажуваме секојпат на нешто, бараме да бидеме партнери, бараме да соработуваме, но комуникација од нивна страна нема. Она што во врска со вашето прашање би можел да го констатирам е дека последните 7-8 години би ги поделил на два периода. Првиот период е на масовно впумпување на партиски кадри во МНР, а вториот период, последните неколку години, масовно унапредување на истите тие кадри. Дури кко синдикат утврдивме одредени параметри и начини како тоа се прави и е многу едноставно. Во минатото имавме неколку национални координатори за одредени области, но сега има неколку десетици позиции на национални координатори кои веројатно се користат пред се за унапредување“, истакна Дабиќ. Тој исто така ја објасни и шемата која се злоупотребува за брзо унапредување на одредени лица во МНР, иако во дипломатијата исто како во војската треба да има периоди од кариерата во која се стекнува одреден чин. „Системот е едноставен. На одреденото лице кое сакате да го унапредите му давате функција национален координатор за некоја област и автоматски поради титулата добива едно звање, унапредување и после три месеци таа титула му се одзема и се дава на друг за да иде истиот систем, а него по дискреционо право му се дава второто звање. Дискреционото право е нешто што по исклучок треба да се прави, меѓутоа се користи во овој врзан систем за двојни унапредувања. И така имате ситуации во кои буквално за една година од низок ранг дипломати добивате среден ранг дипломати, или пак други дипломати од среден ранг во највисок ранг дипломати, иако во дипломатијата исто како во војската има периоди за секој во војска чин или за секое звање, три четири години мора да бидете поручник, па мајор, па капетан. Овој е само еден од начините како тоа правило се заобиколува“, појасни Дабиќ. Дабиќ исто така збореше и за претседавањето со ОБСЕ кое според него треба да се искористи за меѓу приоритетите да има и теми за национална промоција, но за жал тоа не се прави и се губи голема шанса која нема да се повтори. „Претседавањето со ОБСЕ е значајна работа, но не и до тие димензии кои се проектираа во јавноста од нашето раководство. Тоа е можност за некоја земја да даде, на два фронта би рекол, придонес на глобалните светски трендови и тука секако би биле по влијателн поголемите земји, но и да се искористи претседавањето за промоција на некои свои национални приоритети, но тоа еве третиот месец изминува и гледаме дека не се случува. Ние како синдикат и како дипломати поединци во разни прилики укажувавме дека при формулирање на приоритетите, а секое претседавање има обично 5-6 приоритети, би било добро да се опфати и тема, не директно како наш проблем, туку како поширок проблем еве на пример нашето закочување од страна на Бугарија. Да се отвори тема и да се даде придонес за подлабоко разгледување на состојбите со малцинствата што е впрочем и една од функциите на ОБСЕ. Третата димензија, човековата димензија е директно врзана со тоа. Јас колегијално имам сознанија дека тоа нема да се случи, што ми е многу жал бидејќи пропуштаме една голема шанса, особено имајќи предвид дека оваа шанса нема да се повтори“, додаде Дабиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dabik-poslednite-7-8-godini-vo-mnr-se-delat-na-dva-periodi-masovno-vpumpuvane-na-partiski-kadri-i-masovno-unapreduvane-na-tie-kadri-preku-zloupotreba-na-diskretsionoto-pravo/feed/ 0
Дабиќ: МНР со Бујар Османи е во слободен пад во однос на квалитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dabik-mnr-so-bujar-osmani-e-vo-sloboden-pad-vo-odnos-na-kvalitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dabik-mnr-so-bujar-osmani-e-vo-sloboden-pad-vo-odnos-na-kvalitet/#respond Thu, 16 Mar 2023 08:23:15 +0000 https://kurir.mk/?p=812537

Проблемот на господинот Османи е веројатно тоа што се залагаме како синдикат, а јас како прв човек на синдикатот да речеме враќање на пристојноста на дипломатијата, враќање на професионализмот, враќање на знаењето во МНР. Многу е во слободен пад министерството, во слободен пад е и во однос на квалитет, и во однос на амбиции за работа, и во однос на ентузијазам, половина луѓе не работат ништо. Таму владее една зачмаеност“, истакна Зоран Дабиќ, претседател на македонскиот дипломатски синдикат при гостување во утринската емисија на радио „Лидер“. Дабиќ додаде дека и кога ќе се крене гласот во такви услови, тоа му пречи на министерот за надворешни работи, бидејќи тој сака да е главен. -Луѓето со потсмев веќе зборуваат за македонската дипломатија, рече Дабиќ. Тој посочи дека дебела партизација во има во МНР. Јавна тајна е дека не се почитува мерит системот во МНР. Во самото министерство селективно се напредува, а кадрите кои не се од политички интерес се тргаат на страна и се изолираат. -Во МНР јас вака со моето 30 – годишно искуство гледам последниот период би го поделил на два периода. Првиот е впумпување на партиски кадри масовно во министерството. Тоа е страшен период на впумпување на кадри на одредена политичка партија. А, сега е втората фаза веќе кај што тие кадри се креваат на повисоко ниво, и веќе полека доминираат и во структурата директорска да кажам највисоката и полека и во амбасадорска и луѓе кои што се во влијание. Значи тоа се прави забрзан, укажа Дабиќ. Самиот Дабиќ во текот на гостувањето рече дека е многу загрижен за последниот партиски ангажман што го доби министерот Османи да ги средува работите во партискиот огранок во Чаир. -Османи е министер за надворешни работи, и малку е споиво со партиската задача што му ја додели неговиот лидер и неговиот веројатно единствен шеф. Тој како министер има целодневна работа, и уште повеќе што е полошо оваа работна партиска задача доаѓа во време кога тој е во ек со нашето претседавање со ОБСЕ, појасни тој. Дабиќ запраша кој му е приоритетот на Османи да биде министер за надворешни работи и да претседава со ОБСЕ или пак да средува работи во партискиот огранок во Чаир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dabik-mnr-so-bujar-osmani-e-vo-sloboden-pad-vo-odnos-na-kvalitet/feed/ 0
МДС бара итно запирање на незаконската постапка против нивниот претседател Дабиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mds-bara-itno-zapiranje-na-nezakonskata-postapka-protiv-nivniot-pretsedatel-dabikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mds-bara-itno-zapiranje-na-nezakonskata-postapka-protiv-nivniot-pretsedatel-dabikj/#respond Mon, 25 Jul 2022 13:04:50 +0000 https://kurir.mk/?p=709953

Најостро се спротивставуваме наповедувањето дисциплинска постапка против нашиот претседател, амбасадорот Зоран Дабиќ. Веќе три години, од основањето на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Дабиќ е наш претседател и бескомпромисен борец за остварување на принципите и заложбите зад кои стои МДС, а тоа се пред се подобрување на социјалните, економските, здравствените и професионални права на вработените во МНР. Со своите активности и резултати во насока на реализирање на принципите и заложбите на МДС и пред се враќањето на дигнитетот на дипломатската професија тој ужива висок углед во нашето членство, стои во отвореното писмо на Извршниот одбор на Македонскиот дипломатски синдикат. Имајќи ја предвид законската заштита на синдикатите, како и на претставниците на синдикатите за искажан став или мислење, која е, согласно основните демократски принципи, насочена токму кон овозможување на слободно дејствување на синдикатите, тие го информираат за следното: - Со Одлука на Извршниот одбор на МДС, претседателот Зоран Дабиќ е задолжен да ги афирмира ставовите на МДС во самото министерство, но и во пошироката јавност и е овластен тоа да го прави преку директно комуницирање со министерот за надворешни работи и раководството на МНР, преку соопштенија за јавност, јавни написи, предавања, учество на конференции, јавни настапи, интервјуа, присуство во медиуми, социјални мрежи и други форми на обраќање до јавноста кои што ќе имаат ефект на доближување на нашите пораки до широката јавност. Согласно ова, нашиот претседател, амбасадорот Зоран Дабиќ не може, ниту смее да биде предмет на лична дисциплинска постапка, поради тоа што како Претседател на МДС ги застапува ставовите на МДС. Сите ставови изнесени на неговото обраќање пред Собранието на 5 јули 2022 година се ставови на Македонскиот дипломатски синдикат. Сите забелешки „околу начинот на работењето на министерот за надворешни работи Бујар Османи и функционирањето на Министерството за надворешни работи“ се исто така забелешки на Македонскиот дипломатски синдикат. Овие забелешки не се нови и се однесуваат на супер-централизираниот начин на неговото раководење преку создавање „мини МНР“ во Кабинетот на министерот, одн.двојни паралелни структури за веќе постоечки области. На тој начин директно се запоставува 90% од редовните работни единици врз кои дипломатијата како структура почива, преку нивно маргинализирање или целосно невклучување во активностите. Ваквата пракса непосредно доведе до релативизирање на највисоките дипломатски структури, а со тоа и до атрофирање на целосната дипломатската служба, која станува „одвишна и непотребна“. Долгорочно, ваквата поставеност води кон јакнење на клиентелизмот ипартизираноставо МНР, какои појава на тешки дефекти во процесот на градење квалитетни дипломати. Оттаму нашата загриженост за иднината на нашата куќа, се појаснува во писмото. Извршниот одбор  на МДС истакна дека како претседател на Македонскиот дипломатски синдикат, амбасадорот Дабиќ на нивно барање јавно го изнесл нивниот став против злоупотреба на нивните имиња и професии од страна на министерот Османи, кога неточно изјавил во јавноста дека „францускиот предлог го разгледуваат и анализираат најискусните дипломати во МНР“. - И на крај, како МДС сметаме дека несмасната изјава на МНР Османи дека неприфаќањето на францускиот предлог може да доведе до етнички тензии е целосно несоодветна за еден министер за надворешни работи и заради тоа го овластивме нашиот претседател јавно да побара одговорност од министерот Осамни. Како што гледате, вистинскиот субјектот на дисциплинска постапка што се предлага да се поведе е всушност Македонскиот дипломатски синдикат. МДС е доброволно здружение на граѓани и нема некакви институционални или финансиски можности за некакво влијание, освен преку изнесување на вистината. А за вистината да допре, таа треба да излезе во јавност. Никој, па макар бил и министер или друг висок раководител не може да биде однапред амнестиран од одговорност за штетни последици. Нашиот законски претставник, амбасадорот Зоран Дабиќ ги афирмира нашите познати ставови во јавноста, кои ставови ги градиме сите подеднакво и тоа се наши заеднички ставови, па согласно тоа не гледаме поради што некој треба поединечно да одговара, се појаснува во писмото, децидни се. Од Извршниот одбор се надеваат дека ќе се препознае дека дисциплинска постапка против нашиот претставник амбасадорот Дабиќ, поради тоа што изнесува наши ставови, не е законски дозволена и дека соодветно на тоа, ќе донесете исправна одлука да не ја поведете постапката. - Доколку сепак се решите да поведете незаконска постапка, бидете сигурни дека до крај ќе ги браниме нашиот интегритет и нашите законски права како синдикална организација, јавно и гласно. За ваквиот незаконски преседан веднаш ќе ги информираме нашите повисоки структури, и тоа: Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Синдикатот на администрацијата и државната управа (САДУ) на домашен, како и Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC – International Trade Union Confederation) и Светската работна организација(ILO - International Labor Organization)од системот на Обединетите нации, на меѓународен план. Исто така, ќе продолжиме да ги известуваме медиумите за авторитарниот недемократски третман на синдикатот во Министерството за надворешни работи и за обиди за негово замолкнување преку застрашување на неговото членство, одн. самиот претседател. Доколку биде потребно, нема да исклучиме и поведување приватни судски постапки против одговорни лица во МНР, вклучително и членови на Дисциплинската комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mds-bara-itno-zapiranje-na-nezakonskata-postapka-protiv-nivniot-pretsedatel-dabikj/feed/ 0
Отворено писмо на претседателот на МДС: МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што јасно зборував за состојбите во дипломатијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-na-pretsedatelot-na-mds-mnr-mi-podgotvi-disciplinska-postapka-zatoa-shto-jasno-zboruvav-za-sostojbite-vo-diplomatijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-na-pretsedatelot-na-mds-mnr-mi-podgotvi-disciplinska-postapka-zatoa-shto-jasno-zboruvav-za-sostojbite-vo-diplomatijata/#respond Sun, 24 Jul 2022 09:04:22 +0000 https://kurir.mk/?p=709494

МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што како Претседател на МДС јавно зборував за состојбите во дипломатијата и нејзиното можеби тенденциозно уништување. Насилието, ароганцијата и заплашувањето продолжуваат кон мене и членовите на Синдикатот, но залудно, стои во отвореното писмо на Зоран Дабиќ, Претседател на Македонски Дипломатски Синдикат. Тој побара ЈАВНА ПОДДРШКА од сите, без разлика на национална и верска припадност, да се одземе правото на гласно зборување. - Јас цел свој живот и кариера ги посветив на одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи! Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов! Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија! Македонија е наша татковина, земјата моја и на моите деца! Моите пензионерски денови ќе ги уживам во прекрасните македонски места со убава македонска храна и прекрасни пријатели кои не познаваат вера и нација, туку само убаво поминати денови. Останете ми живи и здрави, секое раководство доаѓа и си заминува, додава тој во своето отворено писмо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-na-pretsedatelot-na-mds-mnr-mi-podgotvi-disciplinska-postapka-zatoa-shto-jasno-zboruvav-za-sostojbite-vo-diplomatijata/feed/ 0
Бујар Османи му даде дисциплинска, Дабиќ не отстапи – побара оставка и одговорност за предавствата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bujar-osmani-mu-dade-disciplinska-dabikj-ne-otstapi-pobara-ostavka-i-odgovornost-za-predavstvata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bujar-osmani-mu-dade-disciplinska-dabikj-ne-otstapi-pobara-ostavka-i-odgovornost-za-predavstvata/#respond Tue, 12 Jul 2022 18:53:13 +0000 https://kurir.mk/?p=704127

„Браќа и сестри треба да знаете дека нашата дипломатија е успешна дипломатија и дека треба да ја чуваме, таа со успех го одработи позиционирањето на Македонија на светската политичка рамка, таа го одработи зачленувањето на Република Македонија во најголемиот број на меѓународни организации. И таа го одработи воспоставувањето на дипломатски односи под нашето уставно име со две третини од државите во светот, а тоа се речиси 140 држави под името Република Македонија“, потсети Зоран Дабиќ на денешниот протест „Ултиматум, НЕ благодарам“.

Тој  посочи дека доаѓа од дипломатски синдикат.

„А, она низ што денеска проаѓаме во МНР го нарекуваме бујаризација на МНР. Тука и таму некој ќе се згреши и ќе се излаже па место Ј ќе каже Г ама нема голема разлика. По двегодишната катастрофа во ликот на Бујар Османи, МНР треба да знаете ги живее своите најтешки денови. Дипломатите жестоко се заплашуваат, се казнуваат и се бркаат од работа се со цел да се замолкнат оние што размислуваат со сопствена глава и оние што не прифаќаат да му бидат обичен декор на министерот Османи и параван за покритие на неговите активности“, нагласи Дабиќ.

Дабиќ побара оставка и одговорност од министерот Бујар Османи за неговите предавства.

„Денес министерството за надворешни работи е киднапирано од страна на Бујар Османи, со жестоки репресивни мерки раководството се обидува да ги држи дипломатите во покорност и зависност. Но, тоа нема да помине“, рече Дабиќ.

Тој додаде дека дипломатскиот синдикат јакне од ден на ден. И членовите на синдикатот и денеска се на протестот.

„Бујар ве лажеше дека високите дипломати го виделе францускиот предлог и го анализирале. Тоа не е точно“, нагласи Дабиќ.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bujar-osmani-mu-dade-disciplinska-dabikj-ne-otstapi-pobara-ostavka-i-odgovornost-za-predavstvata/feed/ 0
Амбасадорот Дабиќ кој што го критикуваше предлогот е суспендиран, затоа протестите повторно ќе враќаат пред МНР како знак на поддршка на замолчените дипломати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-dabikj-koj-shto-go-kritikuvashe-predlogot-e-suspendiran-zatoa-protestite-povtorno-kje-vrakjaat-pred-mnr-kako-znak-na-poddrshka-na-zamolchenite-diplomati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-dabikj-koj-shto-go-kritikuvashe-predlogot-e-suspendiran-zatoa-protestite-povtorno-kje-vrakjaat-pred-mnr-kako-znak-na-poddrshka-na-zamolchenite-diplomati/#respond Tue, 12 Jul 2022 12:03:42 +0000 https://kurir.mk/?p=703868

Реномираниот дипломат Зоран Дабиќ е суспендиран од МНР, затоа што се обратил на народниот протест пред Собранието против францускиот предлог. Зоран Дабиќ е претседател на македонскиот дипломатски синдикат и и поранешен амбасадор на Македонија во НАТО. Тој на протестот кажа дека најсикусните дипломати во МНР воопшто не го виделе Предлогот, а уште помалку биле консултирани за неговата содржина и последиците. Денес наши колеги се изолирани исфрлени од сите процеси. Кабинетот на министерот како некоја феудална кула го чува министерот Османи од дипломатите. Османи истите тие дипломати ги злоупотребува со невидена леснотија кога ќе сака да си ги покрие своите гревови“, кажа Дабиќ. Ова веројатно било причината поради која Дабиќ бил санкциониран од страна на министерот Османи. Зоран Дабиќ секогаш гласно говорел за катастрофалните состојби во македонската дипломатија, далеку пред да се случат сенародните протести. Тој некое време наназад говори дека дипломати со кариера и искуство се шиканирани и деградирани во министеството. Она што се случува во министерството во последните неколку години па навистина мислам дека најпогоден збор би бил репресија. Имаме незапамтена ситуација, незапамтена состојба на бркање на дипломати од работа кои преку судот по судски постапки успеаја да се вратат на работа. Имаме масовна ситуација на деградирање на дипломати која е врзана со систематизацијата од пред пола година, тоа беше донесено токму за таа цел. Имаме застој на кариера по десетина години на помладите дипломати и нула од кариерно управување или кариер менаџмент што се вика. И имаме едно големо незадоволство кое е одраз на упорното туркање на некои документи, акти како што е предлог законот за надворешни работи, како што е споменатата систематизација. И како што се патувањата на дипломати и амбасадори во странство, образложи Дабиќ. Денес според најавите сенародниот протест Ултиматум, НЕ благодарам почнува пред Владата и преку МНР, каде што граѓаните ќе дадат поддршка на суспендираниот дипломат, и ќе се заврши пред Собранието. Се очекува дека на протестот повторно ќе се обрати амбасадорот Дабиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorot-dabikj-koj-shto-go-kritikuvashe-predlogot-e-suspendiran-zatoa-protestite-povtorno-kje-vrakjaat-pred-mnr-kako-znak-na-poddrshka-na-zamolchenite-diplomati/feed/ 0