зоран дамјанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Dec 2017 13:53:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зоран дамјанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пријателите на Дамјанов: Живееше боемски и почина боемски во кафеана https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prijatelite-na-damjanov-ziveeshe-boemski-i-pochina-boemski-vo-kafeana/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prijatelite-na-damjanov-ziveeshe-boemski-i-pochina-boemski-vo-kafeana/#respond Tue, 26 Dec 2017 13:29:26 +0000 http://kurir.mk/?p=2717

Колеги од фолк-естрадата, пријатели, познаници и фанови на социјалните мрежи се збогуваат со Зоран Дамјанов, кој ненадејно почина во Кавадарци. Блиските на музичарот сѐ уште во шок, раскажуваат дека заминал брзо, како што живеел. Доживеал инфаркт во локална кафеана каде бил чест гостин, додека седел со пријатели. -Живееше брзо, бурно, боемски, така и замина. Имавме долгогодишна соработка, бевме блиски, го сакав како син. Ја отпеа мојата песна „Цветанке моја“ со голем жар, и даде душа на песната и заслужено доби многу награди за неа. Сите сме длабоко потресени поради лошата вест, вели за Фокус композиторот Ристо Вешков, кој живее и работи во Америка. Со емотивни пораки со пејачот се простија Милица Кузмановска, Иво Далтон, Васил Атанасов и многу други пејачи и композитори. Во неговото родно Кавадарци често го споредуваа со легендарниот пејач Тома Здравковиќ, поради големиот талент, но и боемскиот начин на живот. Во интервјуто од пред три години, во кое Дамјанов отворено проговори за проблемите со алкохолот, тој тврдеше дека е свесен како градот изгубил верба во него, и како по успешната рехабилитација максимално се труди да си ја поврати вербата од роднините, пријателите и сограѓаните. -Иако ми е тешко да се присетувам на сето тоа низ кое што минав поради алкохолот, сепак сакам да ја раскажам мојата приказна во која знам дека ќе се препознаат многумина. Кај нас алкохолот е лесно достапен, особено во моето родно Кавадарци, каде што речиси во секоја куќа се вари домашна ракија и се прави вино. Не сум единствениот кој стигнал до бездната, ги има многумина кои иако на почетокот на денот си ветуваат дека нема да ја земат чашката во рака, сепак на крајот завршуваат залиени со алкохол до таа мера што не можат ниту името да си го напишат. Но, најчесто кај нас тоа се проблеми што се туркаат под тепих и мнозинството смета дека е срамно да се збори за нив. Игнорирањето на зависноста од алкохол никому не му прави добро и на некој начин себеси се гледам како среќен човек кој навреме се соочи со вистината, а таа беше дека сум зависник и ми треба стручна помош за да си го спасам животот, раскажа Зоран за своите проблеми во 2014 година, потенцирајќи ни дека тоа го прави со цел да им помогне на сите кои се нашле во ситуација слична на неговата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prijatelite-na-damjanov-ziveeshe-boemski-i-pochina-boemski-vo-kafeana/feed/ 0
Дамјанов пред три години проговори за пеколот низ кој минувал- животот му згасна прерано https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/damjanov-pred-tri-godini-progovori-za-pekolot-niz-koj-minuval-zivotot-mu-zgasna-prerano/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/damjanov-pred-tri-godini-progovori-za-pekolot-niz-koj-minuval-zivotot-mu-zgasna-prerano/#respond Mon, 25 Dec 2017 11:29:19 +0000 http://kurir.mk/?p=2038

Утрово почина пејачот Зоран Дамјанов, кој долги години твореше на музичката фолк-сцена. Причинaта за смртта засега не е позната. Од пејачот од Кавадарци преку социјалните мрежи се простуваат пријателите и колегите, со коментари дека ќе го паметат како еден од најталентираните македонски пејачи. Во искрено интервју пред три години проговори за пеколот низ кој минувал тој и неговото семејство, поради неговата долгогодишна зависност од алкохол. Дамјанов раскажа за агонијата која што била дел од неговиот живот со години, се додека самиот не решил да стави крај и да започне нов живот, најмногу поради двете ќерки близначки, поради сопругата и блиските роднини, пренесува ФОКУС. -Самиот започнав апстиненција која траеше дваесет и шест дена. Знаев дека триесеттиот ден ми е критичен, па се пријавив на лекување во Скопје, во специјализирана установа, каде останав цели 70 дена. Цел тим на професионалци работеше со мене, примав и медикаментна терапија и животот ми се промени на подобро. Рехабилитацијата ми беше тежок период, но во споредба со тоа што го минав пред да започнам со лекување, ова беше рај. Ги издржав сите кризи, сите предизвици и успеав да застанам на свои нозе. Како да се учев да одам повторно, ете така би го опишал искуството, рече Дамјанов. Тој нагласил дека луѓето треба да сфатат дека лекувањето на алкохолизмот е нешто кое што не е срамно, не треба да се гледа со потсмев на алкохоличарите, тоа е опасна болест. -Да се исмејуваш некому затоа што заминал на лекување од алкохол, за мене е исто како да се исмејуваш некому затоа што се лекува од рак. Се се тоа состојби за кои што е потребна соодветна терапија и се опасни по живот, изјави Дамјанов кон крајот на 2014 година во отвореното интервју за ФОКУС. Тогаш раскажа дека успеал да си го врати мирот во семејството, ја вратил старата тежина и се посветил на кариерата. Веста за неговата смрт ја споделија негови роднини и пријатели на социјалните мрежи]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/damjanov-pred-tri-godini-progovori-za-pekolot-niz-koj-minuval-zivotot-mu-zgasna-prerano/feed/ 0