зоран јовановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 20 Feb 2022 12:36:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зоран јовановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нов предизивик за пица мајсторот Зоран Јовановски, ќе учествува на Светскиот пица шампионат во Рим https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nov-predizivik-za-pica-majstorot-zoran-jovanovski-kje-uchestvuva-na-svetskiot-pica-shampionat-vo-rim/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nov-predizivik-za-pica-majstorot-zoran-jovanovski-kje-uchestvuva-na-svetskiot-pica-shampionat-vo-rim/#respond Sun, 20 Feb 2022 12:36:58 +0000 https://kurir.mk/?p=633916

Зоран Јовановски, човекот кој пред повеќе од две години ја отвори првата Академија за пица мајстори во Македонска Каменица е пред нов предизвик. Во улога на ментор на македонски и српски натпреварувачи тој ќе учествува на Светскиот шампионат во правење пица, кој во месец април ќе се одржи во Рим, Италија. -На светскиот пица шампионат кој ќе се одржи во Рим на 25-26 април оваа година ќе учествуваат околу 250 пица мајстори од целиот свет. Најпрво да кажам дека сум поканет да бидам судија на тоа најголемо натпреварување, кое воедно за мене претставува и најголем успех во кариерата до сега. Исто така ќе бидам и ментор на македонскиот тим (Дејан Трајанов Чеде, Синиша Чамџиќ и Хисен Таири) кој ќе се натпреварува во три категории – Пица Наполетана, Пица Класика и Мистери Бокс (Mistery Box), а ќе му бидам ментор и на единствениот српски натпреварувач Дамир Карпузи, кој ќе се натпреварува во Пица Наполетана, истакна Јовановски. За неговата Академија која во меѓувреме од Македонска Каменица се премести во Кочани, вели дека работи со полна пареа со учество на студенти од целиот Балкан и пошироко. -Имаме студенти од секаде, моментално курсот го заврши едно момче кој дојде од Црна Гора и е презадоволен и пресреќен колку многу и брзо научи да пеа и пица. Веќе е спремен да си отвори своја пицерија во Подгорица. Она што е новитет во поглед на работата со Академијата, неодамна добивме лиценца и за трета Академија која ќе се наоѓа во Белград и имаме ексклузивно право за цела Србија, вели познатиот пицамајстор. За сите тие успешни активности на академијата и лично негови, каменичанецот се здоби со втора златна ѕвезда од италијанската Accademia Pizzaioli. Паралелно, како што дополни, обучува и студенти во Шведска. -Академијата во Шведска работи веќе две години и склучивме договор со две компании кои имаат 70 до 80 свои ресторан. Таму ние обучуваме пица мајстори само за нивните потреби, а во последно време им праќаме и од Македонија, додава вредниот каменичанец. За него, најголемо задоволство е што оваа година за првпат изучувал и тројца студенти со оштетен говор и слух, кои успешно ја завршија обуката и спремаат своја пицерија во Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nov-predizivik-za-pica-majstorot-zoran-jovanovski-kje-uchestvuva-na-svetskiot-pica-shampionat-vo-rim/feed/ 0
Јовановски: Минатата и оваа година се лет во место во однос на случувањата со економијата во државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-minatata-i-ovaa-godina-se-let-vo-mesto-vo-odnos-na-sluchuvanjata-so-ekonomijata-vo-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-minatata-i-ovaa-godina-se-let-vo-mesto-vo-odnos-na-sluchuvanjata-so-ekonomijata-vo-drzavata/#respond Fri, 05 Mar 2021 20:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=477959

Зоран Јованоски од Стопанска комора на Македонија во своето гостување „Топ Тема“ зборуваше за економската состојба во државата и посочи дека оваа година нема да се заврши на нивото каде што беше македонската економија во 2019 година. Според него минатата и оваа година се лет во место во однос на економијата. -Една работа која ќе се потврди е она и што се очекуваше и пред да почне оваа година, а тоа е следното. Ние на крајот на 2018 година бевме на одредено ниво, потоа се случи 2020 година со пандемијата каде што ние регистриравме пад. Оваа година дел од тој пад ние би требало да го компензираме односно да имаме економски раст. Но ние најверојатно на крајот и од оваа година нема да се вратиме на нивото каде што бевме на крајот од 2019 година, тоа значи дека минатата година и оваа година ни се на одреден начин што би се рекло лед во место во однос на случувањата во економијата, рече Јовановски во своето гостување. Тој во своето гостување укажа дека бавното оздравување во економијата ќе има одредени импликации во буџетот. -За самото министерство за финансии ваквото побавно од очекуваното заздравување мислам дека ќе има одредени импликации на буџетот односно министерство ќе мора да биде внимателно и да размислува околу остварувањата на приходите дали тие ќе се остваруваат како они замислувале, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-minatata-i-ovaa-godina-se-let-vo-mesto-vo-odnos-na-sluchuvanjata-so-ekonomijata-vo-drzavata/feed/ 0
Јовановски: Заев е прочитан, освен разочарувања друго ништо не направи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-zaev-e-prochitan-osven-razocharuvanja-drugo-nishto-ne-napravi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-zaev-e-prochitan-osven-razocharuvanja-drugo-nishto-ne-napravi/#respond Thu, 11 Feb 2021 18:23:31 +0000 https://kurir.mk/?p=467543

Зошто Заев не го викаат никаде? Зошто го избегнуваат? Затоа што го прочитаа, толку ветувања а ништо не се исполни, принципиелно ништо не сменивме, ниту на полето на корупцијата, ниту на полето на начинот на практикување на власта, неетичкото практикување на власта, судирот на интереси, реформите кои што не се случија ниту во правосудството ниту во администрацијата, ветената департизација, вели колумнистот Зоран Јовановски, во гостување во емисијата „Што не е јасно“, на телевизија Алфа. Според Јовановски, Македонија е држава на роднини, пријатели и партиско членство на владејачката партија, посочувајќи дека освен разочарувања друго ништо добро не може да каже за оваа владејачка гарнитура на власт. -Се оди по партиски, по роднински и пријателски врски. Македонија е повторно држава за роднини и пријатели и за партиското членство на партијата на власт. Ветуваа објективни критериуми при достапноста до општествените добра, а повторно парите се делат на начин на кој што се делат, имавме флагрантни примери. Ова што излезе во јавност, во тоа ве уверувам тоа е секогаш така тоа е само 5 до 10 проценти што е случено коруптивно и криминално, затоа што не излегува се, затоа што се кријат, посочи тој. Јовановски додаде дека претходно на Љупчо Николовски за степенот на корупција му биле виновни институциите и претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, но денес кога тој е втор човек во државата задолжен за борба против корупцијата кога има меѓународни резултати дека Македонија е корумпирана држава, за Николовски виновни се граѓаните што имаат таква перцепција. -Освен разочарувања од оваа владејачка гарнитура не знам што друго да кажам. Тие не се 4 месеци на власт, тие се веќе 4 години на влас, и веќе се видени. Пазете, кој кадар е Љупчо Николовски да биде втор човек во држава кој ќе се справел со корупцијата, сега му излегоа вакви меѓународни резултати и не му се допаѓаат и го криви народот. И сега излегува дека народот е крив за перцепцијата за корупцијата а во времето на Груевски народот повторно имаше таква перцепција, меѓутоа тогаш народот не му беше крив, му беа криви институциите и претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а сега е крив некој друг, рече Јовановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-zaev-e-prochitan-osven-razocharuvanja-drugo-nishto-ne-napravi/feed/ 0
Јовановски: После сите национални предавства од страна на Заев, нема доверба во регуларноста на пописот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-posle-site-nacionalni-predavstva-od-strana-na-zaev-nema-doverba-vo-regularnosta-na-popisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-posle-site-nacionalni-predavstva-od-strana-na-zaev-nema-doverba-vo-regularnosta-na-popisot/#respond Thu, 11 Feb 2021 17:58:26 +0000 https://kurir.mk/?p=467530

Јас поставив прашање многу коректно без тенденција дали сметате дека пописот треба да се одржи токму сега и добив не вообичаено многу коментари и сите коментари беа во насока дека попис сега не треба да има, не само поради корона вирусот, туку условно речено поради Заев вирусот, затоа што народот национално е изгорен од оваа политичка елита на СДСМ, вели колумнист, правник и твитерџија Зоран Јовановски во интервју во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа. Јовановски, вели дека после сите национални предавства од страна на Заев граѓаните со право се скептични кога треба да се регулира некое прашање кое што ги тангира националните интереси, посочувајќи дека пописот не е само статистичка операција туку е прашање од кое што ќе зависат натамошните политики и развој на државата. -После сето ова што ни се случи, после сите овие национални предавства што ни се случија во изминатите 4 години сега народот е скептичен со право кога треба да се регулира некое прашање кое што ги тангира националните интереси, а тезата дека пописот е само статистичка операција не е образложение.Од резултатите од пописот ние треба да знаеме колку проценти треба да има хирурзи во државна болница, независно од тоа дали има или нема кадар, вели тој. Јовановски истакна дека ја поддржува иницијативата за собирање на потписи за стопирање и укинување на законот на попис од ВМРО-ДПМНЕ. -Апсолутно ја поддржувам. Јас дури сум човек кој што смета дека треба да се бојкотира пописот поради недовербата кон политичката елита на СДСМ, рече Јовановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-posle-site-nacionalni-predavstva-od-strana-na-zaev-nema-doverba-vo-regularnosta-na-popisot/feed/ 0
Јовановски: Има ли казна за говор на омраза против сопствениот народ и држава? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-ima-li-kazna-za-govor-na-omraza-protiv-sopstveniot-narod-i-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-ima-li-kazna-za-govor-na-omraza-protiv-sopstveniot-narod-i-drzava/#respond Thu, 26 Nov 2020 11:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=434721

Има ли казна за говор на омраза против сопствениот народ и држава, прашува економскиот експерт и поранешен кадар на СДСМ Зоран Јовановски, кој се приклучи на острите реакции од јавноста по скандалозното интервју на Зоран Заев дадено за БГНЕС. -Гледам ќе се казнувал говор на омраза против странски народи и држави. А, има ли казна за говор на омраза против сопствениот народ и држава?, пишува Јовановски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-ima-li-kazna-za-govor-na-omraza-protiv-sopstveniot-narod-i-drzava/feed/ 0
Јовановски: На обични наградни игри не смеат да учествуваат вработените и нивните семејства, а не пак на тендери за грантови од илјадници евра државни пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-na-obichni-nagradni-igri-ne-smeat-da-uchestvuvaat-vrabotenite-i-nivnite-semejstva-a-ne-pak-na-tenderi-za-grantovi-od-iljadnici-evra-drzavni-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-na-obichni-nagradni-igri-ne-smeat-da-uchestvuvaat-vrabotenite-i-nivnite-semejstva-a-ne-pak-na-tenderi-za-grantovi-od-iljadnici-evra-drzavni-pari/#respond Sun, 22 Jul 2018 08:44:08 +0000 https://kurir.mk/?p=79609

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски се јави со свој коментар по скандалот кој изби во јавноста со доделувањето на грантови на фирми кои се во сопственост на владини функционери преку државниот Фонд за иновации. -На обични наградни игри (Рамстор, Веро и милион други), кај што се работи за приватни пари, не смеат да учествуваат вработените и нивните семејства, а не пак на тендери за грантови од илјадници евра државни пари!!, напиша Јовановски на социјалните мрежи. Од партијата „Глас за Македонија“ на поранешната пратеничка на СДСМ Солза Грчева побараа директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, итно да поднесе оставка на функцијата и против него да се покрене обвинение за “злоупотреба на службената должност“, а парите што ги наменил за фирми на Кочо Анѓушев и Хари Локвенец не смеат да бидат исплатени. -Ова е класичен пример на корупција во највисоките ешалони на власта, во ситуација кога Македонија води на сите светски скали за корупција. Никакви оправдувања не се уважуваат. Едноставно, додека се на функција и поради функциите не смеат да се богатат од народни пари кои им следуваат на вистински, а не на измислени иноватори. Развојот на овој корупциски скандал будно ќе го следиме, како и секој обид да се проневерат народни пари, соопштија од партијата. Од таму сметаат дека со ваквите постапки влада само ја оддалечува државата од ЕУ и притоа врши невиден притисок за прифаќање на, според партијата, срамен договор за името.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanovski-na-obichni-nagradni-igri-ne-smeat-da-uchestvuvaat-vrabotenite-i-nivnite-semejstva-a-ne-pak-na-tenderi-za-grantovi-od-iljadnici-evra-drzavni-pari/feed/ 0