Зоран Мамиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 May 2021 15:03:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Зоран Мамиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зоран Мамиќ уапсен во БиХ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zoran-mamikj-uapsen-vo-bih/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zoran-mamikj-uapsen-vo-bih/#respond Wed, 19 May 2021 15:02:55 +0000 https://kurir.mk/?p=512523

Хрватскиот фудбалски тренер Зоран Мамиќ, кој во март годинава беше принуден да ја напушти клупата на Динамо Загреб поради отслужување повеќегодишна затворска казна, денеска е приведен во Босна и Херцеговина. Мамиќ, како што јавија хрватските медиуми, е приведен во Муѓумурје врз основа на црвена потерница распишана од Интерпол. Според истите извори, шансите за негова екстрадиција во Хрватска се мали, бидејќи поседува и босанско државјанство, исто како и неговиот брат Здравко Мамиќ, кој по прогласувањето за виновен од страна на хрватскиот суд е слободен граѓанин во БиХ. Браќата Мамиќ се осудени на вкупна затворска каза од 11 години и еден месец поради финансиски малверзации во време додека двајцата беа во раководните структури на актуелниот хрватски првак Динамо Загреб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/zoran-mamikj-uapsen-vo-bih/feed/ 0
Браќата Мамиќ заминуваат во затвор- Динамо Загреб останува без тренер пред натпреварот со Тотенхем https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brakjata-mamikj-zaminuvaat-vo-zatvor-dinamo-zagreb-ostanuva-bez-trener-pred-natprevarot-so-totenhem/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brakjata-mamikj-zaminuvaat-vo-zatvor-dinamo-zagreb-ostanuva-bez-trener-pred-natprevarot-so-totenhem/#respond Tue, 16 Mar 2021 08:50:31 +0000 https://kurir.mk/?p=483009

Врховниот суд во Загреб ја потврди казната на браќата Здравко и Зоран Мамиќ за „грабеж“ на Динамо Загреб, што значи дека актуелниот тренер на хрватскиот шампион ќе мора да почне да ја отслужува затворската казна од 4 години 8 месеци. Браќата Мамиќ, заедно со даночникот Милан Пернар и актуелниот директор на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), Дамир Врбановиќ, го оштетиле Динамо Загреб за 116 милиони куни, по што газдата на клубот, Здравко Мамиќ доби казна од шест и пол години затвор, но тој е пребеган во Босна и Херцеговина. Зоран Мамиќ пак, оваа недела ги пречекува Тотенхем во осминафиналето на Лига Европа, но според Законот за спорт во Хрватска, тие со правосилни пресуди на затвор не смеат да работат во спортот и Динамо мора за осум дена да го раскине договорот со Мамиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/brakjata-mamikj-zaminuvaat-vo-zatvor-dinamo-zagreb-ostanuva-bez-trener-pred-natprevarot-so-totenhem/feed/ 0
Потврдена затворската казна за Мамиќ, Динамо останува без тренер https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/potvrdena-zatvorskata-kazna-za-mamikj-dinamo-ostanuva-bez-trener/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/potvrdena-zatvorskata-kazna-za-mamikj-dinamo-ostanuva-bez-trener/#respond Mon, 15 Mar 2021 19:54:54 +0000 https://kurir.mk/?p=482875

Тренерот на загрепски Динамо, Зоран Мамиќ, мора да отслужи затворска казна во траење од четири години и осум месеци, одлучи Врховниот суд во Загреб на три дена пред реванш осминафиналниот натпревар што хрватскиот првак треба да го игра против Тотенхем во Лига Европа. Највисоката судска инстанца во Хрватска денеска ја потврди одлуката на Жупанискиот суд во Осиек со која поранешниот прв човек на Динамо, Здравко Мамиќ е осуден на 6.5 години затвор поради финансиски малверзации, додека неговиот помлад брат и актуелен тренер и спортски директор на клубот Зоран Мамиќ доби тримесечно намалување на затворската казна. Уште две други лица се осудени на вкупна затворска казна од шест години и два месеци, меѓу кои и поранешниот директор на Динамо, Дамир Врбановиќ. Согласно хрватскиот Закон за спорт, екипата на Динамо сега мора да го раскине договорот со Мамиќ во рок од осум денови, бидејќи е правосилно осуден на затворска казна подолга од шест месеци. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/potvrdena-zatvorskata-kazna-za-mamikj-dinamo-ostanuva-bez-trener/feed/ 0