зоран милевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 05 Sep 2021 07:47:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зоран милевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кој е Зоран Милевски – кичевскиот и зошто вчера го обезбедуваа лица од АНБ?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-e-zoran-milevski-kichevskiot-i-zoshto-vchera-go-obezbeduvaa-lica-od-anb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-e-zoran-milevski-kichevskiot-i-zoshto-vchera-go-obezbeduvaa-lica-od-anb/#respond Sun, 05 Sep 2021 07:39:09 +0000 https://kurir.mk/?p=559495

Вчера околу 15:30 часот на местото викано „стража“ се случи трагична сообраќајна несреќа во кој едно лице загина, а петмина беа повредени. Во сообаќајната несреќа учествуваа три возила, патниот правец по несреќата беше подолго време блокиран, а МВР сообраќајот го пренасочи. Интересно е што едно од возилата беше управувано од лице кое во тој момент требаше да биде зад затворските решетки, но како што велат од Управата за извршување на санкции, тој за тоа имал дозвола. -Со одлука на Управата за извршување санкции, лицето Зоран Милески користи 30 дневно отсуство од затвор поради неодложни лекарски прегледи. Определеното време за медицински испитувања е од 08.08 до 08.09, се вели во одговорот од Управата. Милески казната затвор ја издржува во отвореното одделение во затворот во Струга. -Тој веќе има издржано повеќе од половина од затворската казна и до 08.09 треба да се врати на доиздржување на затворската казна, се нагласува во официјалниот одговор на Управата. Зоран Милевски - кичевскиот на јавноста и е познат по случајот „Рекет“, каде заедно со Бојан Јовановски познат како Боки 13, и екс шефицата на СЈО, Катица Јанева беа осудени на ефективни казни затвор поради рекетирање на бизнисменот Орце Камчев. Доцна синоќа со своја прес-конференција за овој настан излезе и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но со малку поинаква приказна. Имено според нив вчера на местото на несреќата имнало големо присуство на лица вработени во АНБ или Агенцијата за национална безбедност, попознато како тајната полиција. -Согласно информации од медиумите и фотографиите кои се најдоа во дел од нив, покажуваат дека Кичеец наместо во затвор се шета на слобода низ улиците на државата. Во сообраќајката која според досегашните информации резултирала со смртни последици за две лице и шест повредени, учествувале три возила, меѓу кои и возилото на Зоран Милески Кичеец. Од фотографите во медиумите јасно се гледа Кичеец е дел од сообраќајната незгода. Кичеец е осуден во предметот Рекет, целата македонска јавност го виде како ги носи рекетираните милиони во Луј Витон ташна. Кичеец е човекот за кој слушнавме и дека го организирал рекетот врз Миодраг Давидовиќ Дака во случајот ШИК Јелак, каде на контроверзниот српски бизнисмен му се земени 300.000 евра според негови зборови кои се слушнаа од снимките пуштени во јавноста. Кичеец омилениот рекетар на власта, денеска е и омилен осуденик, наместо во затвор тој е на слобода. Согласно информациите кои ги поседуваме на местото на настанот биле видени и лица дел од шестата управа, цел ден се вршат притисоци врз лица кои биле сведоци на настанот и медиуми да не изнесуваат информации за сообраќајката. Се вршат притисоци за прикривање ова што се случило денес. Власта треба да одговори на јавноста зошто Кичеец е пуштен на слобода и што бараат лица вработени во АНБ на лице место на настанот? Праша порпаролот на опозициската партија Марија Митева. Овие тврдења на опозицијата од тој момент малку ги менуваат случувањата, бидејќи јавноста прашува, од кога припадници на АНБ присуствуват на увид на сообраќајна несреќа? Редакцијата на КУРИР испрати прашање до МВР од каде до овој момент немаме добиено одговор за тоа што барало АНБ на местото на сообраќајната несреќа во која учествувал Зоран Милевски. Кој е Зоран Милевски -  кичевскиот? Зошто АНБ го обезбедувала местото на несреќата? Дали АНБ била поради Милевски на местото на несреќата или пак била поради некој од другите учесници? Јавноста  бара одговори на овие прашања!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-e-zoran-milevski-kichevskiot-i-zoshto-vchera-go-obezbeduvaa-lica-od-anb/feed/ 0
Кичеец повикан на распит во полициска станица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-povikan-na-raspit-vo-policiska-stanica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-povikan-na-raspit-vo-policiska-stanica/#respond Thu, 02 Jul 2020 14:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=367620

Како што известува Сител Телевизија, денес Зоран Милевски-Кичеец бил повикан во полициската станица Карпош заради објавениот разговор со контроверзниот црногорски бизнисмен Милорад Давидовиќ-Дака. На Јутјуб каналот „Раце Лепливи“ беше објавена аудио бомба на која се слуша разговор помеѓу Зоран Милески Кичеец и црногорскиот бизнисмен Давидовиќ Дака. Во разговорот беа споменува актуелни функционери, генералниот секретар на Владата Драги Рашковски и поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев. Кичеец во овој разговор вели дека е пратен од Заев и инсистира на нова средба со премиерот, на што Дака возвраќа дека тој веќе дал 300 илјади евра и 200 метри квадратни, а работата која му била ветена како што вели Дака не била завршена, пренесува Сител. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kicheec-povikan-na-raspit-vo-policiska-stanica/feed/ 0
„Кој со оган си игра, од оган ќе изгори“, ефтин трик од Кичеец на кој наседна Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-so-ogan-si-igra-od-ogan-kje-izgori-eftin-trik-od-kicheec-na-koj-nasedna-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-so-ogan-si-igra-od-ogan-kje-izgori-eftin-trik-od-kicheec-na-koj-nasedna-zaev/#respond Sun, 28 Jun 2020 10:09:17 +0000 https://kurir.mk/?p=364345

Новата „аудио-бомба“ која вчера се појави на „you tube“ каналот „Раце Лепливи“, открива фрапантни сознанија и сомневања за криминал од меѓународни рамки во кој појавува името на контраверзниот српски бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и неговиот соработник и пријател Драги Рашковски, кого го именуваше за генерален секретар на владата Снимката е дел од разговор меѓу Миодраг Давидовиќ Дака и Зоран Милески Кичеец, инаку осуден во корупцискиот скандал „Рекет“, кој кажува дека е пратен директно од Зоран Заев. Потоа Милески го потсетува Дака дека му дал ветување на генералниот секретар на Владата и близок соработник на Заев, Рашкоски дека е тука ако треба да заврши работа за референдумот за името. Очигледно Давидовиќ Дака е незадоволен бидејќи се чувствува изигран за парите кои ги дал од Зоран Заев и Рашкоски бидејќи не го добил тоа што сака иако платил пари. Од разговорот се дознава дека Заев парите примени од Давидовиќ ги користел за инженеринг на референдумот за промена на името „Не сакам да одам кај Заев за да платам повторно, за тој да го плати референдумот“, вели Дака. За Миодраг Давидовиќ Дака медиумите во регионот пишуваат дека е личност со контроверзна улога, во прв ред во политичките случување во Црна Гора и Србија, а постојат сомневања дека е експонент на одредени руски кругови под контрола на тајните служби. Давидовиќ 12 години бил финансиски раководител на железараницатат „Борис Кидрич“ кај црногорскиот град Никшиќ. Потоа во деведесетите години од минатиот век бил началник на Центарот за безбедност во Никшиќ и министер во Владата на Слободна (Српска) автономна област Херцеговина, во периодот на војната во Босна и Херцеговина. По завршувањето на војната почнал да се занимава со бизнис. Го основал претпријатието „НЕКСАн“ во 1992 година кое се занимавало со трговија со нафта и алкохолни производи, а во два наврата тој и неговата компанија ја контролирале никшиќката железарница. Имал обид да влезе и во политиката и бил кандидат за градоначалник на Никшиќ. Во декември 2019 година имало обид за атентат врз него во хотелот „Краун Плаза“ во Белград, кај што неколку години наназад тој живее, а пред десет години бил и тешко повреден во физички напад со метални шипки. Во одредени медиуми се споменува како финансиер на Демократскиот фронт во Црна Гора, чии лидери беа обвинети и судени за наводниот обид за пуч во земјата зад кој стоело руското воено разузнавање. Беше посочуван како добавувач на оружје на групата која на 16.10.2016 година планирала терористички напади на денот на парламентарните избори во Црна Гора. Најавувал и дека на престојните претседателски избори сака да се кандидира за претседател на Црна Гора. Давидовиќ била апсен уште во 1997 година за наводни малверзации со Тутунскиот комбинат. Во 2009 година во медиумите се споменува како вмешан во фиктивен извоз на нафта кон Косово, но тие обвинувања обвинителството никогаш не ги потврдило. Во гореспоменатото обвинение за малверзации со Тутунскиот комбинат, ја оштетил државната каса за 10,5 милиони тогашни германски марки. До судење не дошло затоа што тогашниот претседател на Црна Гора, Момир Булатовиќ, го аболирал (слично како и Зоран Заев во 2008 година во случајот „Глобал“ од страна на тогашниот сопартиец и шеф на државата Бранко Црвенковски), бидејќи постоела опасност тој преку ваквиот притисок и компромитација да биде искористен како главен сведок во случајот за наводен шверц на тогашниот министер за внатрешни работи Филип Вујановиќ и директорот на државна безбедност Вукашин Мараш. Компанија на Давидовиќ сега е посветена на градежништвото и гради згради во Будва, Котор, Никшиќ и Подгорица. Две илјади квадратни метри се споменуваат и во неговиот разговор со Кичеец. „Ги знам тие ваши трикови. Јас вас ви дадов 300.000 евра и 2.000 квадрати, работата не е завршена, што сакате уште. Јас тебе (мисли на Кичеец) те исплатив и со тебе немам ништо“. На што Милески одговара дека има работа сега со Рашкоски. Медиумите во регионот пишуваат дека Давидовиќ бил кум на првиот претседател на Црна Гора Момир Булатовиќ (во деведесетите) и бил во сериозен конфликт со Мило Ѓукановиќ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-so-ogan-si-igra-od-ogan-kje-izgori-eftin-trik-od-kicheec-na-koj-nasedna-zaev/feed/ 0