Зоран Нарашанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Jul 2022 16:25:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Зоран Нарашанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина Зоран Нарашанов, директор на „Винер“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-zoran-narashanov-direktor-na-viner/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-zoran-narashanov-direktor-na-viner/#respond Mon, 25 Jul 2022 16:25:47 +0000 https://kurir.mk/?p=710056

Почина претседателот на Управниот одбор и генерален директор на „Винер – Виена Иншуренс груп“, Зоран Нарашанов, соопшти компанијата. „На ден 25.07.2022 ВИНЕР- Виена Иншуренс Груп АД Скопје го загуби човекот кој со 15 години неуморно водење и беспрекорно лидерство го постави патот на успехот и ја направи компанијата она што е. Проф.-д-р Зоран Нарашанов, непресушниот извор на ведрина и поддршка во секакви моменти, големиот интелект, спремен за нови предизвици, идеи и искуство, несебично инспирирајќи не’ и пренесувајќи ги на нас, беше непроценлив подарок во нашите професионални животи. Во ВИНЕР нема да биде исто без него“, пишува во објавата од „Винер“. Нарашанов е доктор по економски науки, кој магистрирал во областа на индустриско инжинерство и менаџмент. Својата кариера ја гради работејќи и раководејќи широк спектар на проекти во рамките на Програмата за развој при Обединетите Нации и Светската Банка. Во осигурителниот сектор се вклучува во менаџерскиот тим на „Кјуби Македонија“, а подоцна кариерата ја продолжува како главен директор за човечки ресурси и право во АД „Македонски Телеком“. Нарашанов беше и генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Сигма“ АД – Скопје по што останува Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор на ребрендираната осигурителна компанија „ВИНЕР“ – Виена Иншуренс-Груп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-zoran-narashanov-direktor-na-viner/feed/ 0