Зоран Рогановиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Jan 2023 06:00:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Зоран Рогановиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Црногорскиот селектор си поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tsrnogorskiot-selektor-si-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tsrnogorskiot-selektor-si-podnese-ostavka/#respond Mon, 23 Jan 2023 06:00:49 +0000 https://kurir.mk/?p=790465

Селекторот на ракометната репрезентацијата на Црна Гора, Зоран Рогановиќ си поднесе оставка од позицијата по поразот на неговата селекција од Словенија. Словенците беа убедливи против Црна Гора и славеа со 31:23 со што го обезбедија третото место во групата кое ќе им донесе прилика да се борат за пласман од 9. до 12. место на Мундијалот кое би можело д аим донесе и квалификации за Олимписките игри. Фактот што Црна Гора не успеа да се пласира на квалификациите за Олимписките игри е причина, Рогановиќ да поднесе оставка од позицијата селектор на оваа балканска репрезентација. – Горд сум на се што остваривме во изминатиот период. Селектор сум од 2018 година, учествувавме на две Европски првенства, а учествувавме и на ова Светско првенство. Од година во година напредувавме, и верувам дека така ќе биде и во иднина затоа што оваа селекција има огромен потенцијал. Мене зборот ми е поважен од се. Кога бев именуван за селектор дадов збор дека ќе имаме континуитет на големите натпреварувања и дека ќе се бориме за место на Олимписките игри. Споменатата цел не успеавме да ја оствариме на ова натпреварување, па сметам дека е чесно да се повлечам иако имав понуда да останам на селекторската позиција. Време е за нови луѓе и нова енергија, -изјави Рогановиќ на прес конференцијата по поразот од Словенија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tsrnogorskiot-selektor-si-podnese-ostavka/feed/ 0
Рогановиќ: Вујовиќ, фала ти, од тебе научив сè во ракометот! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/roganovik-vujovik-fala-ti-od-tebe-nauchiv-se-vo-rakometot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/roganovik-vujovik-fala-ti-od-tebe-nauchiv-se-vo-rakometot/#respond Sun, 15 Jan 2023 08:45:36 +0000 https://kurir.mk/?p=787469

Црногорската битка на клупите заврши со среќен крај за помладиот стратег. Зоран Рогановиќ го надмудри Веселин Вујовиќ и со својата Црна Гора извојува тесна победа над Иран. Средбата во Краков беше емотивна за двата стратези – Вујо „играше“ против својата селекција, додека Рогановиќ против својот идол. „Сакам да му се заблагодарам на Вујовиќ. Сè што научив во ракометот, научив од него и тоа не можам да му го заборавам. Сигурен сум дека ќе продолжи да прави чуда како на стартот на ова Светско првенство. Посебна благодарност до моите ракометари за оваа прва историска победа на Светските првенства“, рече Рогановиќ на прес-конференцијата. Во последното коло Иран ќе се сретне со фаворитот Шпанија, додека Црна Гора ја чека средба со Чиле.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/roganovik-vujovik-fala-ti-od-tebe-nauchiv-se-vo-rakometot/feed/ 0