Зоран Верушевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Dec 2019 18:15:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Зоран Верушевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Молк од Владата и Обвинителството за луксузниот стан на Верушевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/molk-od-vladata-i-obvinitelstvoto-za-luksuzniot-stan-na-verushevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/molk-od-vladata-i-obvinitelstvoto-za-luksuzniot-stan-na-verushevski/#respond Mon, 16 Dec 2019 18:11:30 +0000 https://kurir.mk/?p=278318

Десет дена откако Обвинителството за гонење организиран криминал потврди за НетПрес дека отворило предмет во врска со купување на луксузен стан во комплексот „Парк Резиденс“ во срцето на Градскиот парк во Скопје во изност од 165.000 евра од страна на Зоран Верушевски, нема одговори на дополнителните прашања до каде напредувала истрагата, а изостанува сѐ уште и реакцијата на Владата каде што Верушевски е советник за национална безбедност, пишува порталот. Како што објави минатата недела НетПрес, на почетокот од септември годинава, актуелниот советник за безбедносни прашања на премиерот Зоран Заев, некогашниот директор на УБК, Зоран Верушевски, ја завршил постапката за купување луксузен стан во комплексот „Парк Резиденс“ во скопскиот Градски парк. Станува збор за апартман на самиот кеј на реката Вардар, со површина од 139 квадратни метри, и луксузно опремен со најмодерен мебел. Преддоговорот меѓу Зоран Верушевски и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „ИММОРЕКС МАКЕДОНИЈА, на Енвер Малиќи, кој е актуелен заменик-градоначланик на Град Скопје, е нотарски склучен на 26-ти септември годинава. Малиќи му го продава комплетно опремениот стан на Верушевски по цена од 165.200 евра, или по 1.188 евра за квадратен метар. За ваква извонредно атрактивна локација и целосно лускузно опремен стан, Верушевски, очигледно кога се имаат предвид цените кои владеат на пазарот на недвижнини во главниот град, добил голем попуст од Малиќи. Меѓутоа, она што го побудува интересот е фактот што за да ги обезбеди средствата за да го плати станот, Верушевски подигнал кредит од „Шпаркасе банка“. Имајќи ја предвид висината на трансакцијата, како и фактот што купувачот е носител на јавна функција и претходното сомнително финансиско минато на сопствениците на луксузниот комплекс, банката решила оваа зделка да ја пријави како сомнителна до Управата за финансиско разузнавање. Освен погоренаведените причини, за банката и за Управата е сомнителен и самиот Енвер Малиќи, како лице кое е член на управниот одбор на Меѓународниот сојуз на Боки 13 од случајот „Рекет“. Поради тоа, директорот на УФР, Блажо Трендафилов, решил кон средината на ноември да го испрати целиот предмет кој го води како сомнителна трансакција до Јавното обвинителство за организиран криминал кај Вилма Рускоска за дополнителни проверки, меѓу кои и за случајот „Рекет“, бидејќи и продавачот но и купувачот се блиски до обвинети и можни инволвирани носители на највисоки политички функции, кои дел од медиумите ги поврзаа со овој случај. Верушевски пред десетина години беше споменуван во случаи со малверзации со станови во државна сопственост, кога медиумите пишуваа дека незаконски се стекнал со два стана, иако според прописите можел да конкурира и да добие одобрение за купување на еден цени кои се далеку пониски од пазарните. Професионалноста на Верушевски беше нарушена со аферата кога своевремено го напушти Министерството за внатрешни работи, а јавноста дозна дека му бил доделен стан, кој наводно бесправно го откупил, за веднаш потоа да го издава, и покрај тоа што добил и друг. Медиумите тогаш објавуваа дека станува збор за малверзации околу сопственоста на двата државни стана, а јавноста беше немалку изненадена од неговите изјави дека тој не е виновен што друг му ги доделил становите и дека нема правен механизам како да го врати станот. Подоцна Верушевски, сепак, најави дека ќе го врати едниот стан, и тоа помалиот. Имено, како што пишуваа медиумите, тогаш Зоран Верушевски, користејќи ја службената положба и хиерархиската надреденост, преку тогашната помошничка на министерот за правни и кадровски прашања барал и издејствувал решението за станот да се антидатира, при што во деловната книга било запишано како решението да било донесено во 1997 година, со што се здобил со можност да го откупи станот. Подоцна Коалицијата „Македонија без корупција” го обвинуваше дека на функцијата директор на тогашната Дирекција за безбедност и контраразузнавање (ДБК) доаѓа со голем „багаж“, како што се двата државни стана добиени со лажна изјава и земање 24 плати или околу 10.000 евра при напуштањето на асистенското место на Факултетот за безбедност. Неговото враќање во МВР, како што истакнуваа од Коалицијата, било во спротивност со тогашниот Закон за работни односи со кој беше прецизирано дека лицето кое напуштило работно место со 24 плати, во наредните две години не смее да се вработи во истата дејност, во случајов во државни и јавни установи. Кон средината на ноември сопружниците Верушевски, Зоран и Соња, вкупно од државата добија 59.000 евра отштета за деновите минати во притвор за случајот „Пуч“, кога беа уапсени во врска со аферата „бомби“, кои тогашниот опозиционер Зоран Заев ги објавуваше против поранешниот премиер Никола Груевски, пишува Нетпрес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/molk-od-vladata-i-obvinitelstvoto-za-luksuzniot-stan-na-verushevski/feed/ 0
„Нетпрес“: Верушевски се подновил со луксузен стан од 165.000 евра во комплексот на Енвер Малиќи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-verushevski-se-podnovil-so-luksuzen-stan-od-165-000-evra-vo-kompleksot-na-enver-malikji/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-verushevski-se-podnovil-so-luksuzen-stan-od-165-000-evra-vo-kompleksot-na-enver-malikji/#respond Thu, 05 Dec 2019 13:44:57 +0000 https://kurir.mk/?p=273805

Септември 2019 година. Додека нацијата е во грч дали Македонија ќе добие датум за преговори во октомври, Зоран Верушевски е растрчан. Но, не за да добие информации за ставот на Париз за датумот кој неговиот шеф Заев го чека како жеден човек вода во пустина, туку за негови приватни обврски, пренесува порталот Нетпрес. На стартот на есента, Верушевски ја финиширал постапката за купување на луксузен стан во комплексот Парк Резиденс во срцето на Градскиот Парк во Скопје. Станот има прекрасен поглед на кејот на реката Вардар, со 139 метри квадратни површина, и луксузно опремен со најмодерен мебел. Преддоговорот помеѓу Зоран Верушевски и Друштвото за градежништво, трговија и услуги ИММОРЕКС МАКЕДОНИЈА, на Енвер Малиќи, е склучен на 26 септември, годинава, кај нотар во центарот на Скопје. Малиќи му го продава комплетно опремениот стан на Верушевски по цена од 165.200 евра, или по 1.188 евра по метар квадратен. За ваква премиум локација и целосно опремен стан Верушевски, сепак очигледно добил премиум попуст од заменик градоначалник на Скопје, Енвер Малиќи, додава порталот. Повеќе на Нетпрес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netpres-verushevski-se-podnovil-so-luksuzen-stan-od-165-000-evra-vo-kompleksot-na-enver-malikji/feed/ 0
„Лаги за Македонија” наместо „Вистина за Македонија”- разобличена манипулацијата со незаконски снимените разговори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lagi-za-makedonija-namesto-vistina-za-makedonija-razoblichena-manipulacijata-so-nezakonski-snimenite-razgovori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lagi-za-makedonija-namesto-vistina-za-makedonija-razoblichena-manipulacijata-so-nezakonski-snimenite-razgovori/#respond Tue, 24 Sep 2019 08:13:51 +0000 https://kurir.mk/?p=244117

Вчера јавноста беше сведок на исказот на поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски во кој призна дека таканаречената „Вистина за Македонија“ е базирана на материјали кои биле незаконски следени, а потоа изменети и компромитирани. Тој исто така потенцираше дека бомбите се страотно модифицирани и компромитирани по неговото приведување. Имено тој беше приведен пред да започне Заев со емитување на нелегално стекнатите материјали, додека договорот за СЈО е постигнат во септември 2015 година, а кон крајот на годината Заев велеше дека ги предал материјалите. Попрецизно Верушевски беше приведен на 23 јануари 2015 година скоро 11 месеци пред предавање на материјалите на Заев во СЈО, а вчера Верушевски изјави дека тој не можел да ја потврди автентичноста на бомбите туку тоа требало да го направи институција. Инаку претходно Шилегов лажеше дека не го познавале Верушевски, додека Заев велеше дека тој бил ценет експерт. Верушевски со спротивни тврдења од свиркачот Лазаревски! Падна уште една конструкција на СЈО И додека Верушевски тврди дека нему не му биле давани нелегално снимените материјали, според вчерашниот исказ до него стигнувала документација доставувана до партијата. Претходно пак Лазаревски тврдеше дека му ги доставувал на Верушевски материјалите, а истото го потврдуваше минатиот ноември кога изјави и дека примал и наредби, по што Верушевски сега го обвинува за лажно сведочење. Се поставува прашањето зошто Лазаревски лажел и по чија наредба постапувал доколку не било по наредба на Верушевски? Верушевски тврди дека воопшто и не се гледале, така што исказот на Лазаревски за нелегалното следење на комуникациите станува целосно неупотреблив во случајот. Претходно сомнително сведочење имаше и Звонко Костовски.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lagi-za-makedonija-namesto-vistina-za-makedonija-razoblichena-manipulacijata-so-nezakonski-snimenite-razgovori/feed/ 0
Шокантно сведочење на Верушевски: Бомбите се страотно модифицирани и компромитирани! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shokantno-svedochenje-na-verushevski-bombite-se-straotno-modificirani-i-kompromitirani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shokantno-svedochenje-na-verushevski-bombite-se-straotno-modificirani-i-kompromitirani/#respond Mon, 23 Sep 2019 11:55:48 +0000 https://kurir.mk/?p=243878

Таканаречената „Вистина за Македонија“ е базирана на материјали кои биле незаконски следени, а потоа изменети и компромитирани. Ова во својот исказ пред судот во предметот „Таргет-Тврдина“ го изјави денеска поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски кој важеше за креатор на целиот проект на Зоран Заев. Верушевски изјави дека до неговото апсење го знаел точниот обем на документацијата, но потоа немал контрола. „Факт е дека таа документација доживеа страотни модификации и компромитирања. Зборувам после моето лишување од слобода“, кажа Верушевски, на општо изненадување во судницата. Тоа практично значи дека материјалите кои ги предал Заев во СЈО се изменети и монтирани, што практично отвара прашања во однос на постапките и по другите предмети. Во својот исказ Верушевски не можеше да ја потврди ниту веродостојноста на материјалите со кои располагал пред да биде приведен во случајот „Пуч“. „Потеклото и креацијата на документацијата може да ја даде само надлежна институција со вештачење. За политичка партија таквата амбиција не е достижна, ниту е поставена како реалност. Амбицијата на одделот со кој управував беше да обезбеди валидни документи со кои партијата ќе го оспори легитимитетот на власта“, изјави Верушевски. Верушевски денеска се обиде да се дистанцира себе си од проектот „Вистина за Македонија“, велејќи дека неговата улога била да ги анализира незаконски прибавените материјали и за тоа да ги информира лидерите на СДСМ. „Не обезбедив јас било какви разговори на лична основа. Сето тоа што се случуваше во СДСМ беше обврска да го анализирам. Не бил мој интерес, ниту приватен, ниту на памет ми паѓаше такво нешто. Информациите не завршуваа кај името и презимето мое, туку во партијата“, рече Верушевски, според кого материјалите доаѓале преку други структури во партијата. Контрадикторно во однос на претходните сведочења дека проектот „Вистината за Македонија“ започнал уште во 2008 година, Верушевски посочи дека тој бил запознаен со материјалите дури во 2010 година, по неговото враќање од Италија. „Кон крајот на 2010 година се првите информации кои сум ги добил поврзани со овој случај. Во тој период бев одговорен за безбедносната политика на СДСМ и информациите од ваков карактер беа обврска за анализа. Се правеа тактички анализи. Ги користеше лидерството за своите стратешки одлуки и политики“, изјави пред судот Верушевски. Според Верушевски, со материјалите и нивната содржина бил запознаен уште Црвенковски. „Црвенковски и Заев во цело време на нивното лидерство имаа увид во документацијата. Стратешка одлука беше на Црвенковски како ќе ја користи, а потоа и на Заев“, рече Верушевски. Судењето во предметот „Таргет-Тврдина“ продолжува на 10 октомври со вкрстено испрашување на сведокот Зоран Верушевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shokantno-svedochenje-na-verushevski-bombite-se-straotno-modificirani-i-kompromitirani/feed/ 0
Верушевски: Јас сум најмногу виновен, будала тешка, што овие идиоти се на власт во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verushevski-jas-sum-najmnogu-vinoven-budala-teshka-shto-ovie-idioti-se-na-vlast-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verushevski-jas-sum-najmnogu-vinoven-budala-teshka-shto-ovie-idioti-se-na-vlast-vo-makedonija/#respond Sat, 10 Aug 2019 06:53:02 +0000 https://kurir.mk/?p=228242

Александар Верушевски, син на советникот на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски, на својот фејсбук профил со низа напади врз актуелната власт: За сите оние кои се чудат на новата власт – неблагодарна шутрачка вештачка, недоквакана целина. За нивните постапки, неприлики, лаги, интриги, дворски игри. За многу скоро време на сите ќе ви биде јасно: 1.Зошто немаме систем 2.Зошто не функционира правната држава 3.Зошто нема однос према поединецот 4. Зошто све прокоцкаа Само ќе ви кажам следното Порасипани луѓе од овие (секоја чест на исклучоци) повалкани поискварени ѓаволски ситни души досега немало По ова следува дообјаснување во коментар во кој посочува дека тој е најмногу виновен – како што се нарекува будала тешка, што СДСМ,, нарекувајќи ги идиоти, се на власт во Македонија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verushevski-jas-sum-najmnogu-vinoven-budala-teshka-shto-ovie-idioti-se-na-vlast-vo-makedonija/feed/ 0
Што правел Верушевски до сега: Линијата на премиерот три години била небeзбедна, Заев му даде функција и во СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-pravel-verushevski-do-sega-linijata-na-premierot-tri-godini-bila-nebezbedna-zaev-mu-dade-funkcija-i-vo-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-pravel-verushevski-do-sega-linijata-na-premierot-tri-godini-bila-nebezbedna-zaev-mu-dade-funkcija-i-vo-sdsm/#respond Sat, 20 Jul 2019 13:19:57 +0000 https://kurir.mk/?p=220509

Премиерот Зоран Заев го менува телефонот и телефонскиот број, но и ќе отстpaни неколку луѓе од неговиот кабинет, соопшти Владата. Оваа одлука е донесена откако изби афepaта со руските пpaнкери. Истовремено, од Владата информираат дека по направената анализа на дел од ангажираните лица во премиерскиот кабинет Заев ќе им се заблагодари за соработката. – Во тек е унапредување на протоколите и правилата за закажување состаноци и за спроведување на телефонски разговори во Кабинетот, со цел да се обезбеди високо ниво на проверки и зaштити на комуникациите на претседателот на Владата. – стои во владиното соопштение. Нејасно е што досега работел Зоран Верушевски како советник за национална безбеднocт на премиерот на Република Македонија, доколку телефонската линија на Зоран Заев три години била нeбезбедна. Да не заборавиме дека Верушевски само пред некој ден доби функција во СДСМ како Претседател на Комисијата за внатрешни работи, односно Заев му довери и партиска задача. Дали можеби покрај cкaндалот со руските пранкстери и други информации пpoтекувале лично од Зоран Заев? Нејасно е дали и ваквата реакција на Владата е на барање на странските партнери на државата, поради загриженocта од небeeзбедните комуникации на премиерот кој можат да им причинат огромна штeта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-pravel-verushevski-do-sega-linijata-na-premierot-tri-godini-bila-nebezbedna-zaev-mu-dade-funkcija-i-vo-sdsm/feed/ 0
Верушевски и Маричиќ добија партиски функции во СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verushevski-i-marichikj-dobija-partiski-funkcii-vo-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verushevski-i-marichikj-dobija-partiski-funkcii-vo-sdsm/#respond Fri, 19 Jul 2019 07:56:01 +0000 https://kurir.mk/?p=220018

Зоран Верушевски назначен за претседател на Комисија за внатрешни работи,а Бојан Маричиќ за шеф на Комисијата за европски прашања. Ова се дел од одлуките на СДСМ донесени вчера на Централниот одбор на партијата со кој се заокружија промените. Снежана Калеска-Ванчева, пратеничката во Собранието на РСМ е избрана за нов координатор на Форумот на жени на СДСМ, за претседател на Комисија за внатрешни работи е назначаен Зоран Верушевски, на Комисија за европски прашања Бојан Маричиќ, на Комисија за економија Кирил Колемишовски, Комисија за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, Комисијата за здравство Венко Филипче, Комисија за земјоделство Зоран Атанасов, Комисијата за труд и социјална политика Милан Живковиќ, за култура Роберт Алаѓозовски, за образование и наука Елизабета Наумовска. Едмонд Адеми е назначен за шеф на Комисијата за надворешни работи, Драган Николиќ ќе ја води Комисијата за одбрана, Златко Николовски Комисијата за правда, Благој Бочварски Комисијата за транспорт и врски, Фатмир Бекиќи Комисијата за финансии, Драган Гоцевски ќе ја води Комисијата за информатичко општество и администрација, Дејан Павлевски Комисијата за локална самоуправа и Митко Андреевски ќе ја води Комисијата за енергетика. По Централниот одбор синоќа, СДСМ истакнаа дека ги заокружиле промените во партијата, дека биле секојдневно меѓу граѓаните и дека правото владеело со нив. - Тимовите на СДСМ веќе се секојдневно меѓу граѓаните, на теренот, на маалски средби, ги слушаме граѓаните и делуваме. Она што го забележаа нашите тимови се анализира, ќе биде преточено во дополнителни политики и позитивни мерки во интерес на граѓаните.Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот. Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има, истакна синоќа Љупчо Николовски. На следниот Централен одбор на СДСм е најавено носење нов пакет на мерки како што велат од партијата, во интерес на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/verushevski-i-marichikj-dobija-partiski-funkcii-vo-sdsm/feed/ 0
Советникот на Заев, Командант Хоџа тврди: ВЕРУШЕВСКИ СТОИ ЗАД СЛУЧАЈОТ СОПОТ! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-komandant-hodza-tvrdi-verushevski-stoi-zad-sluchajot-sopot-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-komandant-hodza-tvrdi-verushevski-stoi-zad-sluchajot-sopot-video/#respond Sun, 13 May 2018 07:10:18 +0000 https://kurir.mk/?p=53553

Шокантни тврдења од страна на човекот кого Заев си го избра за свој советник за безбедност, Шаќири – командант Хоџа. Тој тврди дека Зоран Верушевски учествувал во организирање на терористички акти со подметнување на бомби во кои загинале цивили ,припадници на АРМ, па дури и НАТО војници. За командант Хоџа, актуелната Влада има доста високо мислење. Така, премиерот лично си го вработи во кабинетот за да го советува за безбедност, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го оправда ова вработување чудејќи се зошто некој истото го нарекува контроверзно. Владата на СДСМ преку нејзини високи претставници тврдеше дека овој човек има углед и е познавач на теренот. КУРИР деновиве објави низа скандалозни изјави од Шаќири, но најголемиот скандал го вадиме на очиглед на јавноста денес. ВНИМАТЕЛНО ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ТВРДЕЊАТА ДАДЕНИ ВО ИНТЕРВЈУ ВО 2010-ТА ГОДИНА КУРИР ВИ ГИ ПРЕНЕСУВА НАЈСКАНДАЛОЗНИТЕ ДЕЛОВИ ОД ИЗЈАВИТЕ НА ЧОВЕКОТ КОГО ЗАЕВ ГО ИЗБРА ЗА СВОЈ СОВЕТНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ! Новинар: За доказите говоревте и во 2003-та, 2004-та и 2005-та година. Дали може барем еднаш да кажете кои се тие лица или тој човек кој ја подметнал бомбата во Сопот? Рековте дека ги имате доказите и ако сите овие личности од политиката во Македонија и од меѓународниот фактор знаат кој го сторил тоа, зошто тогаш да не се спомнат имиња? Шаќири: Ние случајно наидовме на едно 16-годишно момче кое било принудено да подметне мина во Сопот, ни ги кажа сите детали. Новинар: За кого станува збор? Шаќири: Тоа е Артим Дестани од селото Лојане, младо момче кое било манипулирано од тогашните структури на југословенската УДБА и денешна ДБК во Македонија предводени од ЗОРАН ВЕРУШЕВСКИ. Новинар: Претходно го спомнавте и Зоран Верушевски. Која била неговата улога во сето ова? Шаќири: Преку канцеларијата на ЗОРАН ВЕРУШЕВСКИ како поранешен директор на ДБК овие процеси биле монтирани, ја подметнаа експлозијата во кумановската железница близу село Ваксинце, две бомби во Куманово, две во Скопје, едната близу гимназијата, не знам дали бепе средно или основно училиште, но за среќа бомбата експлодираше пет минути пред децата да излезат, едно лице почина.  Друга мина експлодираше над село Лојане каде почина војник на АРМ. ВЛАДО БУЧКОВСКИ беше министер, сите овие докази ги имаат институциите во тоа време. Многу добро денес знае ВЛАДО БУЧКОВСКИ да излезе да покаже добра волја да изјавува во корист на случајот Сопот. Бучковски можел тоа да го направи подобро во тоа време, да не изигрува демократ и праведен сега во 2010-та, бидејќи тоа можел да го направи која бил премиер бидејќи располагал со сите докази, бидејќи кога ЗОРАН ВЕРУШЕВСКИ замина имал негов близок директор, Миле Зечевиќ!   Овие терористички акти во јавноста предизвикаа страв и тензии. Државата беше доведувана до нестабилност , а состојбата имаше потенцијал да предизвика меѓуетнички судир. Лицето кому премиерот Заев му даде максимална доверба да го советува за БЕЗБЕДНОСТ, тврди дека зад случајот СОПОТ стои Зоран Верушевски. Јавноста многу добро знае, пак, каква е поврзаноста меѓу Верушевски и Зоран Заев. Во 2003-та година, само две години по конфликтот во 2001-ва, двајца припадници на полскиот контигент на НАТО и едно цивилно лице загинаа, а двајца преведувачи беа повредени во експлозија на локалниот пат Сушево-Сопот. Следуваше тензична атмосфера на безбедносен и меѓуетнички план. Сличајот долги години се влечеше по судници. Во март 2010-та година се слушна пресудата. -Единаесеттемина жители на селото се виновни за поставување на мина на железничката пруга во селото во 2003 година кога загинаа двајца војници од контингентот на НАТО и еден жител на селото. Вкупно ќе треба да одлежат 150 години затвор. Шестмина од нив се осудени на затворска казна затвор во траење од 15 години, а еден на 14-годишна затворска казна, пренесоа медиумите. Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева го бараше случајот Сопот во своја надлежност.  Потоа се откажа од гонење за тероризам на обвинетите во случајот СОПОТ, бидеќи немала доволно докази. Осудените, беа ослободени од затвор.

ДА СЕ ИСТРАЖАТ ТВРДЕЊАТА НА КОМАНДАНТ ХОЏА, ЧОВЕКОТ КОЈ БЕШЕ НАЗНАЧЕН ЗА СОВЕТНИК НА ЗАЕВ

ВРЗ ОСНОВА НА РЕЛЕВАНТНОСТА НА ИЗВОРОТ, ЧОВЕК ВО КОГО ПРЕМИЕРОТ И ВЛАДАТА ИМА СИЛНА ДОВЕРБА ДА ИМ БИДЕ СОВЕТНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ, СЕ ОЧЕКУВА ИНСТИТУЦИИТЕ ВО НАЈБРЗО МОЖНО ВРЕМЕ ДА СЕ ПРОИЗНЕСАТ ПО ОДНОС НА ОВИЕ КВАЛИФИКАЦИИ. КОМАНДАНТ ХОЏА Е ОЧИГЛЕДНО ЛИЦЕ ВО КОЕ ЧЕЛНИЦИТЕ НА ВЛАСТА ИМААТ МАКСИМАЛНА ДОВЕРБА И ЗА КОГО ТВРДЕА ДЕКА Е ДОБАР ПОЗНАВАЧ НА СОСТОЈБИТЕ. ТОА Е ПРИЧИНА ПОВЕЌЕ ЗА ОВИЕ НЕГОВИ ТВРДЕЊА ДА ИЗЛЕЗАТ НА ВИДЕЛИНА И ДА БИДАТ ПРЕДМЕТ СО КОЈ НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА СЕ СООЧАТ И ДА ПРЕВЗЕМАТ НЕШТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnikot-na-zaev-komandant-hodza-tvrdi-verushevski-stoi-zad-sluchajot-sopot-video/feed/ 0
Адвокатот на Верушевски предложен за нов член на Совет за јавни обвинители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-na-verushevski-predlozen-za-nov-chlen-na-sovet-za-javni-obviniteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-na-verushevski-predlozen-za-nov-chlen-na-sovet-za-javni-obviniteli/#respond Tue, 20 Feb 2018 17:37:06 +0000 http://kurir.mk/?p=23350

Адвокатот Ангеле Илиевски кој го застапуваше Зоран Верушевски како првообвинет во случајот Пуч, е едниот предлог на Собранието за член Советот на јавни обвинители. Вториот предлог на Собранието за пополнување на испразнетото место во Советот е адвокатот и поранешниот член на Судскиот совет, Ангел Солев кој ја потврдува неговата кандидатура по огласот на Собранието, но вели дека ќе почека формално да заврши постапката. Двата предлози за нови членови на Советот за јавни обвинители,  се ставени на дневен ред на денешната седница на Комисијата на Собранието за прашања на изборите и именувањата, за кои ќе треба да гласаат пратениците, но за точката сепак денес нема да се гласа. Според Законот за Советот на јавни обвинители, тројца членови ги избира Собранието на Република Македонија од редот  на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои  двајца се припадници на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/advokatot-na-verushevski-predlozen-za-nov-chlen-na-sovet-za-javni-obviniteli/feed/ 0