зоран витанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 17 Jan 2021 13:01:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зоран витанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Витанов: Се додека Македонија има премиер што лаже и спроведува туѓи национални агенди, а не македонски интереси, економијата ќе тоне https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-se-dodeka-makedonija-ima-premier-shto-laze-i-sproveduva-tugji-nacionalni-agendi-a-ne-makedonski-interesi-ekonomijata-kje-tone/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-se-dodeka-makedonija-ima-premier-shto-laze-i-sproveduva-tugji-nacionalni-agendi-a-ne-makedonski-interesi-ekonomijata-kje-tone/#respond Sun, 17 Jan 2021 13:00:47 +0000 https://kurir.mk/?p=456512

-Се задолживме една ипол милијарда евра. Оваа влада ги задолжи граѓаните и никој не знае каде отидоа тие пари, никој не даде отчет за тие пари. И затоа тоа задолжување не се ни осети во економијата. Со една ипол милијарда евра и да не привлековме странска инвестиција, ако продуктивно во капитални инвестиции ги инвестираа ние сега знаете ли каква земја ќе бевме. Ќе бевме број еден во економија на Блаканот. И да потенцирам уште нешто, тие цело време се влечат на Ковидот. Но, за време на Ковидот одредени индустриски гранки се во криза, но одредени индустриски гранки се во експанзија, особено во ИТ индустријата. Да го потсетам премиерот, кој што не лажел очигледно ја лажеше целата нација, дека на граница чекаат Гугл, Фејсбук, Епл и слично. Е во услови на Ковид баш тие индустрии покажаа рапиден пораст, посочи економскиот аналитичар Зоран Витанов. Според него, се додека Македонија има премиер кој што лаже и спроведува туѓи агенди за туѓи национални, а не македонски национални интереси, ние неможеме да разговараме за економија. -Тоа е исто како да разговараме за фудбал, а ги немаме фудбалерите. Фудбалерите отишле да играат пинг – понг. Оние што ги плаќаме за економија не играат на полето на економијата, туку играат на некои други полиња. Поле број еден им е криминалот, поле број два – штитење на некои други туѓи национални интереси на некои соседи, вели Витанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-se-dodeka-makedonija-ima-premier-shto-laze-i-sproveduva-tugji-nacionalni-agendi-a-ne-makedonski-interesi-ekonomijata-kje-tone/feed/ 0
Витанов за привлекувањето на странски инвестиции: Во услови на немање на судство, која будала ќе си вложи своите пари овде? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-za-privlekuvanjeto-na-stranski-investicii-vo-uslovi-na-nemanje-na-sudstvo-koja-budala-kje-si-vlozi-svoite-pari-ovde/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-za-privlekuvanjeto-na-stranski-investicii-vo-uslovi-na-nemanje-na-sudstvo-koja-budala-kje-si-vlozi-svoite-pari-ovde/#respond Sun, 17 Jan 2021 12:56:31 +0000 https://kurir.mk/?p=456508

Според економскиот аналитичар Зоран Витанов, владата на СДСМ и Заев нема ниту кадрова политика, ниту политичка воља за привлекување на странски инвестиции. Прво и основно државата треба да има воља да привлече странски инвестиции, а на оваа Влада откако е дојдена на власт, воопшто не и е фокусот странски инвестиции. -Мојот личен впечаток е дека оваа Влада што не е заинтересирана за националните економски интереси на Македонија. Оваа Влада има друга агенда, а тоа е да направи интерес на соседни држави од политички аспект, а не од економски. Тоа првата причина. Втората причина е дека треба да се има и стручност. Ај да ги видиме кои се тие луѓе кои треба да привлечат странски инвестиции и тоа по име и пезиме. Лице одговорно, советник на премиерот Заев за привлекување на странски инвестиции е Љубе Бошковски. Дали Љубе Бошковски, доколку еве Вие имате приватна фирма, би го ставиле на тоа место за да привлекува странски партнери. Дали во него гледате компентенција. Лице број два е Артан Груби. Кога ми доаѓа мене Артан Груби како име и презиме ме асоцира на Камбоџа. Камбоџа беше една од најкатастрофалните држави во светот, кога луѓе како Артан Груби беа на власт. Дали знаете дека денес, откако Камбоџа одлучи да раскрсти со таквите луѓе, да не бидат воопшто присутни во социјалниот, а не во политичкиот живот, ги изолира таму каде што им е местото, денес Камбоџа е во топ десетте странски дестинации за привлекување на инвестиции, вели Витанов. Е сега во Камбоџа, продолжи тој велат немојте да бидеме како Македонија. Тоа значи дека оваа Влада нема ниту кадрова политика, ниту политичка воља. -И не треба да се залажуваме. Еве уште еден податок. Претходната Влада многу ја критикував за економија, бидејќи премногу беше вмешана во “сомнителна” економија. Не би ја нарекол црна, би ја нарекол сива. Меѓутоа од десетте фирми извозници во Република Македонија во 2020 година, осум се од странските инвестиции што ги привлече претходната влада. Бројките никогаш не лажат во економијата. Немаме странски инвестии бидејќи домаќините од странство кои се спремни своите пари да ги инвестираат, гледаат дека ги инвестираат во недомаќини. И на крај амбиентот. Во услови на немање на судство, не на корумпирано судство, туку на немање на судство, кој будала ќе си уложи своите пари овде, дециден е Витанов.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-za-privlekuvanjeto-na-stranski-investicii-vo-uslovi-na-nemanje-na-sudstvo-koja-budala-kje-si-vlozi-svoite-pari-ovde/feed/ 0
Остра дебата, Витанов контра Бектеши: Министре кажете каде имате работено пред да бидете министер, живеете во свет на припадност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostra-debata-vitanov-kontra-bekteshi-ministre-kazete-kade-imate-raboteno-pred-da-bidete-minister-ziveete-vo-svet-na-pripadnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostra-debata-vitanov-kontra-bekteshi-ministre-kazete-kade-imate-raboteno-pred-da-bidete-minister-ziveete-vo-svet-na-pripadnost/#respond Wed, 23 Sep 2020 20:08:19 +0000 https://kurir.mk/?p=407613

Во остра дебата вечерва поранешниот министер за економија Зоран Витанов, го критикуваше актуелниот министер за економија Крешник Бектеши, па му посочи дека тој живее во свет на припадност, не на компетенции, но и го праша министерот каде има работено економија пред да стане министер. Министре кажете си го вашето CV каде имате работено пред да бидете министер ? - праша Витанов . -Вие треба да зборувате за компетентни Македонци, Турци, Албанци, критериумот е компетенција, не етничка припадност која е непозната категорија во економијата, истакна Витанов. Министерот Крешник Бектеши да не остане покус му рече на Витанов дека никогаш не слушнал за него, за која што реплика Витанов одговори дека пазарот го вреднувал, додека министерот што е актуелен живее во светот на припадности, тој живее во светот на компетенции. -Мене пазарот ме вреднува, вие кажете го вашето CV вие сте на власт, јас вас ве плаќам, нема што јас на вас да ви давам отчет, вие треба на јавноста да и давате отчет, критикуваше Витанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ostra-debata-vitanov-kontra-bekteshi-ministre-kazete-kade-imate-raboteno-pred-da-bidete-minister-ziveete-vo-svet-na-pripadnost/feed/ 0
Витанов го искара Бектеши: Тој што зборува за припадност, не разбира економија, ДУИ е 19 години на власт, а Македонија е дно во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-go-iskara-bekteshi-toj-shto-zboruva-za-pripadnost-ne-razbira-ekonomija-dui-e-19-godini-na-vlast-a-makedonija-e-dno-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-go-iskara-bekteshi-toj-shto-zboruva-za-pripadnost-ne-razbira-ekonomija-dui-e-19-godini-na-vlast-a-makedonija-e-dno-vo-evropa/#respond Wed, 23 Sep 2020 19:19:03 +0000 https://kurir.mk/?p=407592

Зоран Витанов поранешен министер за економија во вечерашната „Топ тема“ на Телма телевизија, му објасни на актуелниот министер за економија Крешник Бектеши, дека економијата не познава припадност, туку познава компетенции, како и тоа дека ДУИ 19 години создава политики на припадност, а Македонија е сеуште на дното од Европа. -Такво нешто економијата не познава, економијата познава компетенции, економијата не познава припадност, вели Витанов. Тој исто така му порача на министерот Бектеши дека тој што зборува за припадност, не разбира економија, можеби е тоа политика, но е штета на економијата и компаниите. -Додека не разбереме дека исто како и во политиката и во економијата ако компетенцијата не е единствен клуч, Македонија гарантирано ќе си остане дно во Европа, ДУИ е 19 години во власта без прекин и ние сме дно во Европа, и ги молам ДУИ нека зборат за што сакаат, ама за економија не, имаа 19 години да зборат за компетенции, ги молам и СДС да престанат ДУИ да ги ставаат во економија затоа што 19 години се на власт и да го потсетам премиерот Заев дека пред да дојде на власта кажуваше дека ДУИ не рабира економија, зошто сега СДС од толку познати економски остави комплетната економија да ја води ДУИ, кои ја водат по припадност, остро го искритикува Витанов, министерот за економија Бектеши. -Ако сакате некоја компанија да пропадне критериумот нека биде припадност, ако сакате некое претпријатие да биде конкуретно, критериумот треба да биде компетенции се друго е „млатење празна слама“ и трошење пари и време, затоа што потрошивме петина век зборејќи за припадности, треба да зборуваме за компетенции, додаде Витанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-go-iskara-bekteshi-toj-shto-zboruva-za-pripadnost-ne-razbira-ekonomija-dui-e-19-godini-na-vlast-a-makedonija-e-dno-vo-evropa/feed/ 0
Витанов: Оваа влада води најлоша економска политика по осамостојувањето на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vitanov-ovaa-vlada-vodi-najlosha-ekonomska-politika-po-osamostojuvanjeto-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vitanov-ovaa-vlada-vodi-najlosha-ekonomska-politika-po-osamostojuvanjeto-na-makedonija/#respond Wed, 07 Nov 2018 14:46:02 +0000 https://kurir.mk/?p=124812

Доколку овој предлог помине така, тоа е апсолутно ДА ќе ги казни успешните, но нема да им помогне на сиромашните. Иако они кажуваат нели обратно треба да знаат луѓето дека персоналниот данок оди во локалната самоуправа.  Што значи воопшто не влегува во централниот буџет за да они креираат политики на сиромашните. Тоа е една обична популистичка манипулација, објаснува за Пресинг Тв економскиот и финансиски консултант, Зоран Витанов. Витанов образложи дека посуштинскиот проблем, тука има една основна работа тоа е дека овој Закон се предлага во средината на ноември и се очекува да отпочне со имплементација од 1-ви јануари следната година. Очигледно предлагачот на законот никогаш не бил во стопанство, затоа што бизнис плановите стопанствениците ги имаат направено година дена уназад за 2019 година. И сега они кога ќе прават нови бизнис планови, кога нови калкулации ќе прават бидејќи персоналниот данок не е како ДДВ. Тоа е директен трошок на претпријатието бидејќи ги дига платите на вработените на менаџментот. Тоа автоматски зборува дека ќе се направи ненадоместлива штета на македонското стопанство особено на оние кои што се конкутрентско извозно ориентирани. Затоа никој не водел сметка. Никој не ги прашал и не се отвори дебата. Посуштинската работа е ако они веќе се решени да им помогнат на сиромашните, нашиот предлог е следен, не 18% нека биде 20% за сите кои што плаќаат над колку они кажаа мислам 90.000 денари иако според мене тоа е ниска основа, меѓутоа во ред и да е така. Но предлагам јас сите кои што имаат под 212 евра месечна плата да ги ослободиме комплетно од персонален данок. Е тогаш ќе верувам и тогаш е фер тие што заработуваат  повеќе да плаќаат за сметка на тие што заработуваат малку, предлага Витанов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vitanov-ovaa-vlada-vodi-najlosha-ekonomska-politika-po-osamostojuvanjeto-na-makedonija/feed/ 0
Витанов до советникот на Заев: Ако не и оди на фирмата, не го менувате името туку луѓето кои ја водат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-do-sovetnikot-na-zaev-ako-ne-i-odi-na-firmata-ne-go-menuvate-imeto-tuku-lugjeto-koi-ja-vodat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-do-sovetnikot-na-zaev-ako-ne-i-odi-na-firmata-ne-go-menuvate-imeto-tuku-lugjeto-koi-ja-vodat/#respond Tue, 18 Sep 2018 19:36:04 +0000 https://kurir.mk/?p=102813

Претседателот на комората на менаџери, Зоран Витанов, денеска беше гостин на 24 Анализа, каде беше заедно со советникот на премиерот Зоран Заев, Ванчо Узунов и Трифун Костовски. Тој кажа дека на една фирма ако не и оди, ако пропаѓа, ако во неа се краде, ако краде магационерот, ако краде директорот, не се менува името на истата за да тргне работата. -Многу е наивно, инфантилно е ако ние мислиме дека сега ќе ни дојдат нашите деловни партнери, нашите добавувачи, нашите клиенти и тоа најголемите, највлијателните и да не убедуваат дека ако го смените името на фирмата, вие веќе внатре нема да крадете, извештаите ќе ви бидат позитивни итн. А плус и кога го сменивме менаџментот, истите магационери, едниот се вика Амди Бајрам, другиот се вика Али Ахмети, третиот се вика не знам како, истите магационери ни останаа во магацинот, тие што ни правеа загуби. Едниот од нив го викаат Тендер Бег, изјави Витанов. На ова советникот на Заев, Ванчо Узунов вели дека мала земја не може да ги смени правилата, туку може да ги прифати или да остане сиромашна. -Ние куварот, магационерот и директорот може да ги смениме наредниот ден, изјави Узунов. На ова Узунов доби прашање од Витанов зошто не се тие сменети. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-do-sovetnikot-na-zaev-ako-ne-i-odi-na-firmata-ne-go-menuvate-imeto-tuku-lugjeto-koi-ja-vodat/feed/ 0
Витанов: Странците доаѓаат за сопствена агенда, народот не ја гледа „јадицата позади црвот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-strancite-doagjaat-za-sopstvena-agenda-narodot-ne-ja-gleda-jadicata-pozadi-crvot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-strancite-doagjaat-za-sopstvena-agenda-narodot-ne-ja-gleda-jadicata-pozadi-crvot/#respond Tue, 18 Sep 2018 19:25:56 +0000 https://kurir.mk/?p=102806

Странските претставници кои доѓаат во Македонија, доаѓаат за сопствена агенда, не доаѓаат за агендата на народот, истакна Зоран Витанов од Асоцијацијата на меанџери во гостувањето на ТВ24. -Факт е дека може многу да влијаат. Се покажа дека немаме многу аналитичен народ, се покажа дека е премногу изманипулиран, а во услови кога е осиромашен народ паѓа лесно под влијание. Има една мудрост „Гладната риба не ја интересира дали има јадица позади црвот“. Кога ќе добие понуда макар и виртуелна со јадица позади, 25.000 евра за земјоделско семејство, а знаеме дека масовност треба да се обезбеди, една таква реченица може неколку илјади луѓе може да ги привлече, да влијае, нагласува Витанов. Својот став, Витанов го објаснува дека во 27 години независност, во Македонија во толку краток период не дошле толку странски претставници како сега. Вели дека сега тие имале нивна агенда и затоа доаѓаат, но како што рече, не верува дека тоа е и наша агенда. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vitanov-strancite-doagjaat-za-sopstvena-agenda-narodot-ne-ja-gleda-jadicata-pozadi-crvot/feed/ 0
Зоран Витанов: Со покаченaта акциза ја плаќаме партиската војска на СДСМ која ќе се вработува во администрацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-vitanov-so-pokachenata-akciza-ja-plakjame-partiskata-vojska-na-sdsm-koja-kje-se-vrabotuva-vo-administracijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-vitanov-so-pokachenata-akciza-ja-plakjame-partiskata-vojska-na-sdsm-koja-kje-se-vrabotuva-vo-administracijata/#respond Wed, 03 Jan 2018 16:37:17 +0000 http://kurir.mk/?p=6058

Денеска во емисијата АлфаСкоп на телевизија Афла гостуваше Зоран Витанов од Асоцијација на менаџери на Репубика Македонија. Витанов на прашање дали покачувањето на акацизата е добра мерка истакна дека оваа мерка е директен удар врз граѓаните. Тој потенцираше дека  било која економска мерка ако како краен ефект нема резултат покачување на стандарот и на економијата воопшто таа е неефикасна мерка. Витанов рече дека и мерката не само што не го качува стандардот туку дека е себична и дека дирекно удира по џебот на граѓаните за задоволување на партиските апетити. Витанов потенцираше  дека оваа мерка директно им штети на сите граѓани вклучувајќи го и него и дека затоа нема смисла да ја поддржува. Имено, најавени се нови вработувања во администрацијата кои Зоран Витанов не ги поддржува. Витанов изјави: -„Испаѓа дека ние со тие 3,5 денари плус треба да ја плаќаме партиската војска“. На прашање дали мерката покачување на акцизата ќе предизвика инфлација, Витанов изјави дека во првата фаза нема да се почувствуваат поскапувања, но дека покачувањата значително ќе се почувствуваат на крајот на 2018-та година и најмногу ќе ги почувствуваат најсиромашните. Исто така коментираше за падот на девизните резерви од 27 милиони евра и укажа дека македонските граѓани треба да се сериозно загрижени за оваа состојба. Витанов ја спореди националната економија со едно домаќинство и истакна дека кога нема база или полно “чекмеже“ дома односно немате ништо под перница, а притоа се земаат кредити и задолжувањата заради непродуктивни трошења како одење на одмор, вели, нема иднина за таквото домаќинство односно за таквата економија. Витанов рече дека непотребни и загрижувачки се трошењата за вработувања во администрацијата кои се наменети за партиски војници на СДСМ  и дека ја уништуваат економијата . Тој истакна дека буџетот е еден од најбруталните и најнекреативните буџети кои некогаш Македонија го имала и дека не ветува голем раст во наредната година и дека проектираниот раст на БДП од 3,5% е нереален. Тој смета дека 1,5% е стапката на раст на БДП и истакна дека и таа е оптимистична. Исто така кажа дека премиерот  нема структура и добар план и економски мерки за раст на економијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zoran-vitanov-so-pokachenata-akciza-ja-plakjame-partiskata-vojska-na-sdsm-koja-kje-se-vrabotuva-vo-administracijata/feed/ 0