зорана михајловиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Oct 2022 13:21:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зорана михајловиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Српската вицепремиерка: Веќе сме во светска енергетска војна, потребен е нафтовод до Скопје со два крака-Солун и Драч https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vicepremierka-vekje-sme-vo-svetska-energetska-vojna-potreben-e-naftovod-do-skopje-so-dva-kraka-solun-i-drach/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vicepremierka-vekje-sme-vo-svetska-energetska-vojna-potreben-e-naftovod-do-skopje-so-dva-kraka-solun-i-drach/#respond Wed, 12 Oct 2022 13:21:37 +0000 https://kurir.mk/?p=744320

Српската вицепремиерка и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ денеска изјави дека Србија мора јасно да ја дефинира својата позиција на новата светска геополитичка карта и да си го најде своето место во следните 100 години, јави дописникот на МИА од Белград. - Мислам дека ние како држава дефинитивно треба да одлучиме и јасно да го дефинираме нашиот став, бидејќи тоа се работи кои го надминуваат нормалното однесување. Ние сме на работ на светска војна во 21 век, кога сите треба да се бориме за подобри услови за живот, изјави Михахјловиќ за ТВ Прва. Според неа, Русија води освојувачка, а не ослободителна војна, а рускиот претседател го доведува целиот свет, секој граѓанин, секое дете на чекор од страдањето. -Во таква ситуација мораме да имаме јасен став и да си го најдеме местото во наредните 100 години. Светот се менува, геополитичката ситуација е поинаква, а ние мораме да гледаме во иднината и да си го бараме местото, рече Михајловиќ. Таа додаде и дека целиот свет е во енергетска светска војна и дека и покрај кризата Србија прави се за да обезбеди доволно количество енергенти за стопанството и домаќинствата. -Она што се случува со нафтоводот „Дружба“, кој е најдолгиот нафтовод во светот, долг околу 4.000 километри и низ кој поминува само руска нафта, изгледа како продолжение на она што се случи со гасоводот Северен тек. Бидејќи прво се мислеше дека е одржување, па се зборуваше дека има дефект, па се покажа дека не е така, туку се работи за саботажа, рече срспката вицепремиерка. Таа повтори дека нема опасност од недостиг на нафтени деривати на српскиот пазар и дека новиот пакет санкции на ЕУ со кој се забранува увоз на руска сурова нафта нема да влијае на стабилноста на снабдувањето. Михајловиќ оцени дека изградбата на нафтовод до Унгарија и до Албанија и Грција, преку Северна Македонија, ќе значи дека Србија станува транзитна рута. -Го имаме Јанаф, преку тој гасовод добиваме нафта, но важно е стратешки да размислуваме. Нафтовод од Панчево до Ниш, Скопје и два крака – до Солун и Драч, а од друга страна, изградба на нафтовод од Панчево до Унгарија, би значело да Србија станува транзитна рута. Станува збор за инвестиции од 500 до 700 милиони евра, но тоа е вообичаено за вакви големи проекти кои се значајни не само за Србија и регионот, туку и за пошироко, се наведува во соопштението за медиуми на вицепремиерката Михајловиќ. Таа додаде дека кога станува збор за Турски тек преку кој Србија добива гас, важно е дека државата реагирала, доколку има некакви најави, сите надлежни институции кои се занимаваат со тоа да се грижат за она што минува низ Србија да биде заштитено. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srpskata-vicepremierka-vekje-sme-vo-svetska-energetska-vojna-potreben-e-naftovod-do-skopje-so-dva-kraka-solun-i-drach/feed/ 0
Михајловиќ: Зелените коридори важни за регионот, губиме 300 милиони евра поради чекање на граници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mihajlovikj-zelenite-koridori-vazni-za-regionot-gubime-300-milioni-evra-poradi-chekanje-na-granici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mihajlovikj-zelenite-koridori-vazni-za-regionot-gubime-300-milioni-evra-poradi-chekanje-na-granici/#respond Wed, 13 May 2020 11:53:39 +0000 https://kurir.mk/?p=345357

Српската вицепремиерка и министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ денеска изјави дека идејата за зелени коридори, произлезена од земјите членки на ЦЕФТА, Европската унија и Западен Балкан, треба да придонесе за побрзи и поефикасни премини преку границите, со оглед на тоа дека чекањето трае со часови, јави дописникот на МИА од Белград. -Минатата недела Владата на Србија донесе одлука за зелените коридори и започнуваме со имплементација. Тоа е посебен систем и режим со цел да се направи сé што е потребно на граничните премини на најбрз и најефикасен начин. Ние веќе го испробавме тоа за време на вонредната состојба -кога станува збор за меѓународниот транспорт, оцени Михајловиќ во соопштението од нејзиниот кабинет. Михајловиќ истакна дека чекањето на границите чини многу – и време и пари. -Секоја година на граничните премини се чека 27 милиони часови. Тоа ги чини земјите од Западен Балкан 300 милиони евра. Очекуваме брзо спроведување на оваа одлука кон Северна Македонија, Црна Гора и БиХ и исто така го покренавме прашањето за зелените коридори и со земјите од ЕУ. За еден или два месеци, можеме да очекуваме резултати, бидејќи ова прашање е важно за економијата и економскиот развој, кажа Михајловиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mihajlovikj-zelenite-koridori-vazni-za-regionot-gubime-300-milioni-evra-poradi-chekanje-na-granici/feed/ 0
Михајловиќ: Меѓународниот сообраќај низ Србија фунционира, влезени 150.000 камиони https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mihajlovikj-megjunarodniot-soobrakjaj-niz-srbija-funcionira-vlezeni-150-000-kamioni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mihajlovikj-megjunarodniot-soobrakjaj-niz-srbija-funcionira-vlezeni-150-000-kamioni/#respond Thu, 16 Apr 2020 11:44:26 +0000 https://kurir.mk/?p=333118

Српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ изјави денеска дека меѓународниот транспорт преку Србија функционира добро, затоа што снабдувањето е неопходно, не само од аспект на медицинската опрема, јави дописникот на МИА од Белград. -Од 13 март до денес, на територијата на Србија влезени се околу 150 илјади камиони, од кои околу 70 илјади се за потребите на Србија, а остатокот е во транзит. Сите наши служби – од царината, санитарната инспекција до полицијата, даваат се од себе за да овозможат транспортот да се одвива што е можно побрзо и ефикасно и снабдувањето не смее да престане, изјави Михајловиќ за РТС. Таа истакна дека покрај патниот, функционираат и водениот и железнички транспорт. -Суштина на зелениот коридор предложен од државите членки на ЦЕФТА е сообраќајот, штој се одвива низ повеќе земји, да биде што е можно побрз и ефикасен. Србија е прва во регионот која предложи и подготви се за сообраќајот да се одвива на најбрз можен начин. Ги укинавме и полициските конвои бидејќи тоа го забавува сообраќајот. Сите камиони што минуваат низ Србија можат да застанат на едно од осумте постојки, каде што можат да наполнат гориво и да продолжат понатаму. Снабдувањето на граѓаните е на прво место, кажа таа. Михајловиќ додаде дека кога станува збор за патничкиот сообраќај, Србија ќе има големи загуби. -Сега бележиме над 120 милиони штета во транспортот, при што се проценува дека до крајот на годината штетата би можела да изнесува речиси 700 милиони евра. Државата подготвува посебна програма за обнова на градежништвото и транспортот, каде се вработени 330.000 работници оцени Михајловиќ. Србија почна со примена на системот на „зелени коридори“ на одредени гранични премини меѓу кои и со Северна Македонија, во рамките на ЦЕФТА регионот, сопштија во понеделникот од Стопанската комора на Србија (ПКС). Зелените коридори претставуваат систем на гранични премини под посебен режим, на кои ќе се забрзаат царинските и други процедури. Граничните премини во овој режим отворени се 24 часа на ден, седум дена во неделата, а во Србија во овој режим ќе работат премините на Прешево, Сремска Рача, Гостун и Мердаре. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mihajlovikj-megjunarodniot-soobrakjaj-niz-srbija-funcionira-vlezeni-150-000-kamioni/feed/ 0
Тајно се омажи најубавата српска министерка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tajno-se-omazi-najubavata-srpska-ministerka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tajno-se-omazi-najubavata-srpska-ministerka/#respond Sun, 22 Dec 2019 09:03:36 +0000 https://kurir.mk/?p=280659

Српската министерка за транспорт и потпретседателката на владата, Зорана Михајловиќ неодамна тајно се омажила за својот партнер, бизнисменот Владимир Атанасковиќ, пишуваат српските медиуми. Михајловиќ  подолг период се среќавала со Атанасковиќ, а својот приватен живот го криеше од јавноста. Но новиот сопруг неочекувано се пофалил на социјалните мрежи и обелоденил дека се во брак. Зорана и Владимир се познаваат од средно училиште каде што ја започнале врската. Откако матурирале Владимир заминал во странство, а Зорана во меѓувреме се омажила и родила син. По две децении повторно се среќаваат на една Нова Година и ја продолжуваат врската. Инаку, Зорана Михајловиќ е една од најатрактивните министерки која плени со својот изглед, но и често е мета на критики на медиумите. Неодамна откри колку килограми ослабнала и дека во слободно време тренира бокс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tajno-se-omazi-najubavata-srpska-ministerka/feed/ 0
Македонија и Србија со заеднички граничен премин на Табановце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-srbija-so-zaednichki-granichen-premin-na-tabanovce/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-srbija-so-zaednichki-granichen-premin-na-tabanovce/#respond Thu, 12 Apr 2018 12:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=39651

Македонија и Србија први во регионот постигнаа договор за олеснување на сите постапки за пренос на стока и патници на граничните премини, изјавија македонскиот вицепремиер задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и српската вицепремиерка и министерка за градежништво, инфраструктура и сообраќај Зорана Михајловиќ по денешната средба во Белград на која присуствуваше и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, јаци дописникот на МИА. - Најдовме разбирање во рамките на нашата соработка да воспоставиме една царинска испостава на граничниот железнички премин Табановце и таквата станица да ја финасираме заеднички и да побараме средстава од Фондот за инвестиции за Западен Балкан, за што е веќе разговарано. Се договривме таквиот проект да го почнеме што порано и  мислиме дека во 2019 година ќе можеме да почнеме со градење, изјави Анѓушев. Разговарано е и за инфраструктурните проекти што ги поврзуваат двете земји, при што Анѓушев посочи дека изградбата на Коридорот 10 веќе е завршена во делот на железницата, а кон крајот на април ќе биде пуштена и последната делница од Демир Капија до Смоквица. И Белград е подготвен наместо во 2020 година според плановите на ЕУ, изградбата на заедничкиот премин да започне во текот на идната година, изјави вицепремиерката Михајловиќ и додаде дека и во Србија се довршува изградбата на автопатот преку Грделичка Клисура на Коридорот 10. - До туристичката сезона ќе може да се помине преку Грделичка Клисура. Автопатот донекаде ќе биде изграден и треба да одлучиме дали така ќе го отвориме или ќе почекаме месец-два до есен додека не биде комплетно изграден, изјави Михајловиќ. Таа изрази благодарност до Македонија за помошта во областа на елоктронското издавање градежни дозволи и катастарот и се заложи за интензивирање на заедничката соработка. Вицепремиерот Анѓушев и министерот Сугарески деенска во Белград имаа средба и со претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж. Пред претставниците на српските компании, членки на комората, ги презентираа можностите за инвестирање и мерките за поддршка на стопанството од Планот за економски раст на Владата на Република Македонија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-i-srbija-so-zaednichki-granichen-premin-na-tabanovce/feed/ 0