Зоранчо Митровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Mar 2023 09:59:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Зоранчо Митровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зоранчо Митровски, сопственикот на „Езимит“, доби условна казна затвор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zorancho-mitrovski-sopstvenikot-na-ezimit-dobi-uslovna-kazna-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zorancho-mitrovski-sopstvenikot-na-ezimit-dobi-uslovna-kazna-zatvor/#respond Thu, 30 Mar 2023 09:59:55 +0000 https://kurir.mk/?p=818098

Зоранчо Митровски, сопственикот на компанијата „Еземит“, доби условна казна затвор од две години, во раздвоената постапка за случајот „Империја“ по признание на вина. Двегодишната казна затвор му се изрекува доколку во следните пет години не стори друго кривично дело. Митровски и „Еземит вино" ДООЕЛ солидарно треба да платат и штета од 92,25 милиони денари во корист на буџетот. Обвинетиот на претходното рочиште доброволно даде признание на вина за делата кои му се ставаат на товар за злоупотреба на службена положба и перење пари. Своевремено во периодот 2012-2013 со искористување на своите позиции во Одборот на директори на АД Бетон и за лична корист, заедно со останатите обвинети, нанеле штета од 256 милиони денари или 4 милиони евра на АД Бетон. -Судот за кривично дело злоупотреба на службената положба му утврдува казна затвор од една година и три месеци, додека за делото перење пари казна затвор од една година и еден месец. Согласно законот за двете кривична дела Судот му одредува една единствена алтернативна мерка условна осуда казна затвор од две години затвор, ако во следните пет години не стори друго кривично дело, изјави судијката Николовска Масевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zorancho-mitrovski-sopstvenikot-na-ezimit-dobi-uslovna-kazna-zatvor/feed/ 0
Зоранчо Митровски ја призна вината во случајот „Империја“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zorancho-mitrovski-ja-prizna-vinata-vo-sluchajot-imperija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zorancho-mitrovski-ja-prizna-vinata-vo-sluchajot-imperija/#respond Mon, 20 Mar 2023 14:58:02 +0000 https://kurir.mk/?p=814223

Обвинетиот Зоранчо Митровски ја призна вината во случајот „Империја“, по што Основниот Кривичен суд Скопје одлучи дека по однос на овој обвинет, постапката ќе се раздвои. Овој процес се води против преостанатите три лица од предметот, по спроведената истражна постапка против 19 лица. Обвинетиот Цветен Панделески, од друга страна, пред судот рече дека не може да го разбере обвинението. - Јас ова обвинение не можам да го разберам, не се чувствувам виновен, рече тој. Панделески одговори дека не се чувствува виновен за ниту едно од делата што му се ставаат на товар. Обвинетиот Јованчо Тасковски, преку неговиот адвокат, побара прекин на постапката од краток временски период, поради увид во штетата. - Се двоуми и да признае вина, и да не признае, поради тоа што се работи за специфичен кривично-правен настан, за кој се работи од 2014 година, односно, со тогашното СЈО 2018 година, при што на мојот клиент му пренесов дека има и трошоци на постапка, а кој не е способен финансиски истото тоа да го покрие. На господинот Тасковски му е неопходен краток временски период, тоа да го консултира и со своите членови на семејството. Затоа бараме од судот да ни овозможи дополнително да се произнесеме, рече адвокатот Мерџан Даути. Судот го прифати ова барање и одлучи постапката да продолжи на 22 март. Претходно, во своите воведни зборови, обвинителката Лиле Стефанова кажа дека ќе го убеди судот за сторените кривични дела на обвинетите. - Судот ќе го убедиме на кој обвинетите Цветан Панделески и Зоранчо Митровски ги пренесувале средствата, на кои сметки отишле и како го сториле кривичното дело користејќи ја својата службена положба и овластување, рече обвинителката Лиле Стефанова. Таа рече дека останува на предлозите од обвинителниот акт во врска со имотната корист како и сите други предлози дадени во доказите. Во овој случај обвинети се Цветан Панделески, Зоранчо Митровски и Јованчо Тасковски, кои се гонат за кривичните дела „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“, а Основното јавно обвинителство достави и предлог од тројцата обвинети да се конфискува имот во вкупна вредност од 292 333 000 денари или 4 753 382 евра. Прво и второобвинетиот се гонат за „злоупотреба на службена положба“ и „перење пари“, а на првообвинетиот на товар му се става и кривичното дело „измама“ за кое се товари и третообвинетиот. Според опишаните дејствија во Обвинителниот акт, прво и второобвинетиот и веќе едно осудено лице, во периодот од месец мај до месец август 2013 година како соизвршители ги искористиле своите овластувања како одговорни лица – членови на Одбор на директори на правно лице и претставници на акционерскиот капитал. За дел од лицата опфатени во истражната постапка, помеѓу другото, имаше пресуди врз основа на предлог спогодби, застарување како и решенија за неповедување на кривична постапка. Помеѓу спогодбите беше и спогодбата на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој призна вина и се спогоди со Обвинителството за организиран криминал со што беше осуден на 3 години затвор и исплата од 6,1 милиони евра во кеш за уделот во хотелот Мериот и му беше одземен и имот во вредност од околу 30 милиони евра. Спогодба, исто така, направи и бизнисменот Орце Камче кој доби казна затвор од една година и обврска да уплати 5,2 милиони евра на управата за јавни приходи заради пресметан непалтен данок со фирмата „Орка холдинг“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zorancho-mitrovski-ja-prizna-vinata-vo-sluchajot-imperija/feed/ 0