Зорица Зафировска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 02 Dec 2022 09:00:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Зорица Зафировска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Преглед на уметничкото творештво на Зорица Зафировска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pregled-na-umetnichkoto-tvoreshtvo-na-zorica-zafirovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pregled-na-umetnichkoto-tvoreshtvo-na-zorica-zafirovska/#respond Fri, 02 Dec 2022 09:00:02 +0000 https://kurir.mk/?p=769980

Во КЦП Центар-Јадро вечер преку разговор во живо ќе биде направен преглед на ументичкото творештво на уметницата Зорица Зафировска. Овој проект е во рамки на серија разговори во живо со македонски визуелни уметници, кој започна во 2021 година. Проектот беше заокружен со издавање на репрезентативна публикација со транскрипти од снимените разговори и богат визуелен материјал, а беше организирана и групна изложба во Загреб. Како уметница и културна работничка, Зорица Зафировска работи на значајни социополитички теми, како трговија со луѓе, бездомништво, конзумеризам и екологија за кои прави специфични, временско просторни инсталации, мали акции, партиципативни и волонтерски активности. Во последните години работи на герила градинарење, истражувања, споделувања на искуства и знаења поврзани со средината во форма на акции и видеа претставени на дигитални платформи. Во презентацијата и разговорот кој ќе го води кураторот Владимир Јанчевски, ќе биде направен преглед на творештвото на визуелната уметница Зорица Зафировска, авторка која 15тина години континуирано се претставува на самостојни и групни изложби во земјата и странство, со фокус на некои од нејзините најзначајни дела и проекти кои се резултат на подолготраен истражувачки процес. Како што соопштија од КЦП Центар-Јадро, намерата е да се постигне поголема промоција како и генерациско поврзување што ќе помогне во воспоставувањето на континуитет и интензивирање на дијалогот на локалната уметничка сцена.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pregled-na-umetnichkoto-tvoreshtvo-na-zorica-zafirovska/feed/ 0