Жорж Бизе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 12 Mar 2021 06:13:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Жорж Бизе – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Операта „Кармен“ вечер од 19 часот во Националната опера и балет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/operata-karmen-vecher-od-19-chasot-vo-nacionalnata-opera-i-balet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/operata-karmen-vecher-od-19-chasot-vo-nacionalnata-opera-i-balet/#respond Fri, 12 Mar 2021 06:13:41 +0000 https://kurir.mk/?p=481105

Операта „Кармен“, ремек делото на Жорж Бизе, ќе биде изведена вечер со почеток во 19 часот во Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска. Во главните улоги настапуваат солистите Зоран Сотиров, Ристе Велков, Злата Тошевска, Катерина Стојановска, Марика Поповиќ, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернест Ибраимовски, а во улогата на Кармен, премиерно ќе настапи Николина Јаневска. Од Националната опера и балет информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите за заштита од Ковид – 19. Влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на претставата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/operata-karmen-vecher-od-19-chasot-vo-nacionalnata-opera-i-balet/feed/ 0
Премиера на обновената „Кармен“ со Ирена Кавкалеска во насловната улога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-obnovenata-karmen-so-irena-kavkaleska-vo-naslovnata-uloga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-obnovenata-karmen-so-irena-kavkaleska-vo-naslovnata-uloga/#respond Fri, 08 Nov 2019 06:49:58 +0000 https://kurir.mk/?p=261495

По 17 години од претходната обнова, Операта вечер од 20 часот премиерно ќе ја изведе новата обнова на оперската претстава „Кармен“ на Жорж Бизе, овојпат во режија на Нина Најденова од Бугарија. Во насловната улога, како и во 2002 година, повторно е мецосопранот Ирена Кавкалеска, првенка во Националната опера и балет. Новата „Кармен“ е седма верзија по првото нејзино поставување на нашата сцена во 1951 година. Ќе настапат солисти, хорот, оркестарот и балетски ансамбл на НОБ. Кореограф е Олга Панго, диригент е  Енрико Довико од Италија, сценографијата е на Елена Иванова од Бугарија, а костимограф е Марија Пупучевска. Последен пат во верзијата на „Кармен“ од 2002 година Кавкалеска настапи пред пет години. Таа на прес-конференција  рече дека очекува дека и сега имаат добра претстава што ќе ја привлече публиката која, рече, секогаш сака да ја гледа оваа популарна опера. – Ми прави големо задоволство да ја изведувам оваа опера, секогаш ја изведувам со истиот ентузијазам. По толку години не мислам како технички ќе ја исполнам, туку како ќе уживам во неа, рече Кавкалеска. „Кармен“ е приказна за љубов, омраза, одмазда. Оригиналната партитура на Бизе била микс на драма и музика – песни, танц и дијалог за да се раскаже приказната, при што композиторот користел музички традиции, како што е шпанскиот фолклор. Оваа опера во четири чина која припаѓа на т.н. опера комик е најпозната во француската оперска литература. Настаната е според истоимената новела на Проспер Мериме и имала неуспешна премиера на 3 март 1875 зашто прикажала приказна за ниски страсти, разбојништва, грабежи, проституција… различна од дотогашните „елегантни“ теми. Премиерата на „Кармен“ на македонската сцена била на 4 март 1951 со Ана Липша Тофовиќ во насловната улога, а тоа било и влез на француската опера кај нас. Во претходните обнови, покрај Кавкалеска, ликот на Кармен го толкуваа и оперските певици Милка Ефтимова и Анастасија Низамова. По вечерашната премиера,  обновената „Кармен“ репризно ќе биде изведена на 12 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/premiera-na-obnovenata-karmen-so-irena-kavkaleska-vo-naslovnata-uloga/feed/ 0