жорж мендеш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Jan 2023 14:12:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жорж мендеш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Познато е каде „пукнала тиквата“, како Роналдо и Мендеш се скарале https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznato-e-kade-puknala-tikvata-kako-ronaldo-i-mendesh-se-skarale/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznato-e-kade-puknala-tikvata-kako-ronaldo-i-mendesh-se-skarale/#respond Tue, 24 Jan 2023 14:12:02 +0000 https://kurir.mk/?p=791213

Жорж Мендеш во текот на целата кариера му беше агент на Кристијано Роналдо, но откако Португалецот го даде интервјуто за Пирс Морган, излезе и информацијата дека тој веќе не е заедно со неговиот агент. Шпанскиот медиум „Ел Мундо“ открива зошто Роналдо и Мендеш се разделиле. Во текот на летниот преоден рок Роналдо му рекол на Мендеш да му обезбеди трансфер, желби на Португалецот биле Челси или Баерн Минхен. Кристијано му дал и рок на агентот, затоа и не тргна на подготовките со Манчестер јунајтед. Сепак ниту Челси, ниту Баерн Минхен не го сакале Роналдо, кој имал големи барања за плата и покрај ситуацијата во која се наоѓаше. Мендеш се обидел да му договори трансфер и во други клубови како Наполи, Атлетико Мадрид, ПСЖ... но никој не го сакал Португалецот. Роналдо наместо кај себе, вината ја барал во Мендеш, односот меѓу нив се растурил и тие се разделиле. Пред нивната конечна разделба Мендеш и Роналдо имале уште две караници. Тоа биле случаеви кога фудбалерот не ги слушал советите на својот агент. Првиот случај бил во 2018 година, Мендеш го советувал Роналдо да остане во Реал Мадрид, но тој инсистирал на преселба во Јувентус. Втората била во 2021 година. Мендеш сметал дека враќањето во Манчестер јунајтед ќе биде грешка за Роналдо, но тој не го послушал и одлучил да заигра на Олд Трафорд. Мендеш му имаше договорено трансфер во Манчестер Сити, но Роналдо се предомисли и се врати во стариот клуб од каде што си отиде неславно. Роналдо не успеа да пронајде клуб од Европа кој настапува во Лигата на шампионите, па се задоволи со тоа што стана најплатен играч на сите времиња потпишувајќи за Ал Наср со примања од 500 милиони долари за две ипол години.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poznato-e-kade-puknala-tikvata-kako-ronaldo-i-mendesh-se-skarale/feed/ 0
Јувентус подготвен да ги задоволи барањата на Роналдо: Агентот Мендеш денеска во Торино на преговори со Марота https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/juventus-podgotven-da-gi-zadovoli-baranjata-na-ronaldo-agentot-mendesh-deneska-vo-torino-na-pregovori-so-marota/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/juventus-podgotven-da-gi-zadovoli-baranjata-na-ronaldo-agentot-mendesh-deneska-vo-torino-na-pregovori-so-marota/#respond Tue, 03 Jul 2018 08:25:38 +0000 https://kurir.mk/?p=72325

Кристијано Роналдо во Јувентус по се изгледа повеќе не е само обична приказна, барем како што известуваат медиумите во Италија и Шпанија, работата околу овој трансфер е и повеќе од сериозна. Како што известуваат медиумите во Италија, агентот на Роналдо, Жорге Мендеш денеска во Торино ќе разговараат за трансфер на фудбалерот во Јувентус. Дека работите се и повеќе од сериозни пишува и весникот познат како близок до Реал Мадрид, мадридска Марка, која на својата насловна страна објавува „Јувентус е сериозен во врска со ЦР7“. Марка пишува дека во моментов Јувентус е најдобро позициониран во однос на трансферот на Португалецот. Тие во текстот велат дека Јувентус е спремен да го искористи моментот на незадоволство на Португалецот и да му даде договор кој би го задоволил: 30 милиони евра годишно без бонуси, со траење до 2022 година. Останува да се види која ќе биде сумата која Реал Мадрид ќе ја побара за Роналдо, со оглед на тоа што не постои клуб кој би ја платил клаузулата која е милијарда евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/juventus-podgotven-da-gi-zadovoli-baranjata-na-ronaldo-agentot-mendesh-deneska-vo-torino-na-pregovori-so-marota/feed/ 0