Жосеп Борел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 18:43:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Жосеп Борел – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Борел: Прекин на поддршката за Палестинците би бил најголемиот подарок за Хамас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-prekin-na-poddrshkata-za-palestintsite-bi-bil-najgolemiot-podarok-za-hamas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-prekin-na-poddrshkata-za-palestintsite-bi-bil-najgolemiot-podarok-za-hamas/#respond Tue, 10 Oct 2023 18:43:29 +0000 https://kurir.mk/?p=887602

На денешниот вонреден состанок на министрите за надворешни работи на земјите на ЕУ со огромно мнозинство, со исклучок на две или три членки, е донесена одлука дека Унијата мора да продолжи со поддршката и финансирањето на палестинските власти и нема да има кратење на исплатата на развојната помош, изјави вечерва во Мускат високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел. - Европската комисија и некои земји членки предложија ревизија на тоа кој ги добива овие средства, за да бидеме сигурни дека нема поврзаност меѓу нашата поддршка и терористичките активности на Хамас, но таа ревизија не треба да биде изговор за одлагање на нашата соработката, истакна Борел на прес-конференција по вонредната средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ посветена на израелско-палестинскиот конфликт. Според него, би претставувало голема грешка ако во овој критичен момент се прекине соработката со палестинските власти, бидејќи тоа би претставувало најголем подарок што може да му се даде на Хамас и би ги загрозило односите на Унијата со арапскиот свет. - Во услови кога има зголемен број раселени лица, не смееме да ја прекинеме поддршката, рече Борел, истакнувајќи дека ЕУ напротив мора да ја зголеми хуманитарната поддршка за жртвите на актуелните трагични настани. Борел нагласи дека на средбата се разговарало „за драматичните моменти со кој се соочуваме од саботата, кога Хамас го нападна Израел со масовни убиства на цивили и со киднапирање на луѓе“, при што министрите ги споделиле своите ставови и реакции за случувањата на теренот. - Изразивме осуда на терористичките напади, осуда на нападите врз цивили, побаравме ослободување на заложниците, заштита на цивилите и почитување хуманитарното и военото право, што значи да нема блокади на храната, водата и електричната енергија за цивилното населени во Газа, отворање на хуманитарни коридори, згрижување на луѓето кои побегнаа од бомбардирањето во Газа и да им се овозможи влез во Египет, истакна Борел. Според него, овие критични настани треба да ја разбудат свеста за потребата од навраќање на проблемот на Палестинците и Израел. - Израел има право на самоодбрана, но тоа мора да биде во согласност со меѓународното хуманитарно право. Сепак, некои одлуки се во спротивност со ова право, додаде Борел. Тој нагласи дека Унијата мора да ја продолжи соработката со палестинските автономни власти, бидејќи, како што рече, има јасна разлика меѓу Хамас и палестинскиот народ и власти. - Ние го сметаме Хамас за терористичка организација и движењето тоа го потврди однесувајќи се на ваков начин, но палестинските власти се нешто сосема друго. Палестинските власти се наш партнер. Ние не соработуваме со Хамас, но соработуваме, ги поддржуваме и ќе работиме со палестинските власти. Сите Палестинци не се терористи, па затоа колективното казнување на сите Палестинци би било нечесно и контрапродуктивно. Тоа би било против нашиот интерес и интересот на мирот, додаде Борел. Тој нагласи дека ЕУ мора да ја засили соработката со арапскиот свет и да се поддржат напорите на Саудиска Арабија, Лигата на арапските држави, Египет и Јордан за заживување на мировниот процес на Блискиот Исток. - Мораме да го потсетиме светот дека палестинскиот проблем се уште постои. Постигнувањето мир меѓу Израел и арапските земји е добро, но неопходно е да се воспостави мир и со Палестинците. Во спротивно циклусот на насилство, ќе се повторува постојано, истакна Борел. Тој додаде дека е реафирмирана поддршката на решението за создавање две држави – Израел и Палестина, бидејќи, како што рече, не знаеме за друго решение. - Затоа мора да работиме тоа да стане остварливо, иако сега 30 години по Договорот од Кејмп Дејвид тоа изгледа подалечно од кога било досега, рече Борел. Тој потсети дека претпладнево се одржа, како што рече важен состанок на Совет за соработка на ЕУ и Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ), на кој е изразена поддршка на понатамошно консолидирање на стратешкото партнерство меѓу двете организации и на заедничка посветеност да се работи на постигнување мир меѓу Израел и Палестинците. Во заедничката изјава по средбата на Советот за соработка ЕУ-ГЦЦ се нагласува дека министрите изразиле длабока загриженост за сериозните случувања во Израел и Газа и ги осудиле сите напади врз цивилите, при тоа повикувајќи на заштита на цивилите и потсетувајќи ги страните вклучени во конфликтот на нивните обврски според универзалните принципи на меѓународното хуманитарно право. - Повикуваме на воздржаност, ослободување на заложниците и дозволување пристап до храна, вода и лекови според Меѓународното хуманитарно право, нагласувајќи ја итната потреба од политичко решение на кризата за да се избегне повторување на овој маѓепсан круг на насилство. Министрите на ЕУ и ГЦЦ се решени да изразат жалење за насилството и да повикаат на воздржаност и смиреност од сите страни и се согласија да продолжат со консултациите и да останат ангажирани, се наведува во заедничката изјава од денешниот состанок на министерскиот Совет за соработка на ЕУ и ГЦЦ, во која се повикува и на запирање на сите акти на насилство и какви било унилатерални мерки, на ставање крај на насилството и трасирање на патот кон мир и безбедност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-prekin-na-poddrshkata-za-palestintsite-bi-bil-najgolemiot-podarok-za-hamas/feed/ 0
Борел во посета на Оман на средба на Советот ЕУ-ГЦЦ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-vo-poseta-na-oman-na-sredba-na-sovetot-eu-gtsts/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-vo-poseta-na-oman-na-sredba-na-sovetot-eu-gtsts/#respond Mon, 09 Oct 2023 06:16:49 +0000 https://kurir.mk/?p=886680

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел денеска официјално ја почнува тридневната посета на Оман, во чии рамки ќе учествува на министерски состанок на Советот за соработка на Европската Унија и Советот за соработка во Персискиот Залив (ГЦЦ). За денеска е предвидено Борел да одржи предавање на Оманскиот колеџ за национална одбрана во Мускат, да ја посети шпанската фрегата „Навара“, која е вклучена во операцијата „Аталанта“ на воените морнарици на членките на Европската Унија, како и да има средби со дел од учесниците на средбата на Советот за соработка ЕУ-ГЦЦ. Борел заедно со оманскиот министер за надворешни работи Саид Бадр бин Хамад Ал Бусаиди утре ќе претседаваат со 27-от состанокот на Советот за соработка ЕУ-ГЦЦ, на кој ќе учествува и еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич. На последниот ден од посетата на Борел на Оман, предвидени се негови билатерални средби со дел од претставниците на земјите членки на Советот за соработка во Персискиот Залив (ГЦЦ). Вчера, пред заминувањето за Мускат, Борел на платформата Х објави дека ЕУ и земјите од Персискиот Залив имаат многу заеднички предизвици кои бараат блиска соработка, вклучувајќи ги и „трагичните последици од нападот на Хамас врз Израел“. -Треба да продолжиме да работиме за мир, заедно, наведе Борел во објавата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-vo-poseta-na-oman-na-sredba-na-sovetot-eu-gtsts/feed/ 0
Борел по средбата со Вучиќ и со Курти во Брисел: Денеска не успеавме да ги надминеме несогласувањата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-po-sredbata-so-vuchik-i-so-kurti-vo-brisel-deneska-ne-uspeavme-da-gi-nadmineme-nesoglasuvanata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-po-sredbata-so-vuchik-i-so-kurti-vo-brisel-deneska-ne-uspeavme-da-gi-nadmineme-nesoglasuvanata/#respond Thu, 14 Sep 2023 15:00:52 +0000 https://kurir.mk/?p=878124

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, денеска изјави дека на средбата меѓу лидерите на Србија и на Косово не било можно да се решат меѓусебните несогласувања. Според него, премиерот на Косово, Албин Курти, не бил подготвен да го започне процесот за формирање на Заедницата на српските општини, но инсистирал на де факто признавање на Косово. По средбата Борел истакна дека патот на двете страни кон ЕУ е преку дијалог и дека формирањето на Заедницата на српските општини и е клучен елемент во процесот на нормализирање на односите. „Без нормализација, нема да има европска иднина ниту за Косово, ниту за Србија“, предупреди Борел. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-po-sredbata-so-vuchik-i-so-kurti-vo-brisel-deneska-ne-uspeavme-da-gi-nadmineme-nesoglasuvanata/feed/ 0
Борел: Кон крајот на септември ќе се одржи министерска средба ЕУ-Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-kon-krajot-na-septemvri-ke-se-odrzhi-ministerska-sredba-eu-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-kon-krajot-na-septemvri-ke-se-odrzhi-ministerska-sredba-eu-zapaden-balkan/#respond Thu, 31 Aug 2023 19:01:31 +0000 https://kurir.mk/?p=873167

Војната во Украина како колатерален ефект го има забрзувањето процесот на проширување на Унијата со земјите од Западниот Балкан и Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел на прес-конференцијата по завршувањето неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Унијата во шпанскиот град Толедо. - Украина ќе стане членка на ЕУ, а исто и Западниот Балкан. Но, поставувањето на временска рамка (за проширувањето), може да ја мобилизра нашата енергијата и енергијата на земјите кандидатите за членство, истакна Борел, најавувајќи дека на предлог на шпанското претседателство со ЕУ кон крајот на следниот месец ќе се одржи заеднички состанок на шефовите на дипломатиите на членките на Унијата со нивните колеги од земејите од Западниот Балкан. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, тој нагласи дека проширувањето е процес што се базира на исполнување на критериуми. - Една земја ќе стане членка кога ќе ги испокни сите услови, но важно е да му се даде политички поттик на процесот, истакна Борел, додавајќи дека и Унијата мора сама да се подготви за процесот на прием на нови членки. Борел водено најави дека на 14 септември ќе се одржи нов дијалог на високо ниво меѓу Србија и Косово во обид за надминуавње на разликите меѓу двете страни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-kon-krajot-na-septemvri-ke-se-odrzhi-ministerska-sredba-eu-zapaden-balkan/feed/ 0
Борел: Работиме на безбедносни гаранции за Украина на долг рок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-rabotime-na-bezbednosni-garantsii-za-ukraina-na-dolg-rok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-rabotime-na-bezbednosni-garantsii-za-ukraina-na-dolg-rok/#respond Wed, 30 Aug 2023 18:53:57 +0000 https://kurir.mk/?p=872687

Наспроти меѓународната осуда, рускиот претседател Владимир Путин не покажува знак дека има намера да прекине со аграсијата врз укрианскиот народ и затоа подршката на Европската Унија за Украина е важна за да може земјата да се одбрани од инвазијата од Русија, порача денеска високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел по неформалната средба на министрите за одбрана на блокот во шпанскиот град Толедо. - Работиме на безбедносните гаранции што може да и се дадат на Украина на долг рок, не само сега во војната, туку и за да и се обезбеди одржлива финансиска поддршка, рече Борел на заедничката прес-конференција со шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес. Тој нагласи дека поддршката од ЕУ за Украина ќе се состои во три дела, од кои првиот ќе опфати создавање на Фонд за догорочна финансиска поддршка за периодот од 2024 до 2027 година, за што ќе се разговара и на утрешната неформална средба на министрите за надворешни работи во Толедо. Според Борел, во рамките на овој Фонд за Украина ќе бидат обезбедувани по пет милијарди евра годишно. Високиот претставник на ЕУ нагласи дека вториот дел од поддршката се состои од мисијата за обука на украинските војници, во чии рамки во моментов се обучуваат 25.000 припадници на Вооружените сили на Украина, дел и во Толедо, а се е планира до крајот на октомври нивниот број да се зголеми до 30.000, а до крајот на годината и до 40.000. - Но, не е важен само квантитетот, туку треба да се обезбеди и квалитет, рече Борел. Тој додаде дека во рамките на овие обуки ќе се врши и тренинг на пилоти на украинското Воено воздухопловство за управување со летала од западно производство, при што им се заблагодари на Холандија и Данска за донираните авиони Ф-16 на Украина. Третиот дел од поддршката, како што нагласи Борел, ќе се состои во обезбедување на муниција и проектили за Украина од европската одбранбена индустрија во износ од 1,1 милијарди евра. Тој потенцира дека е предвидено овој план да се разлизира на тој начин што земјите членки на ЕУ ќе склучуваат договори со европската одбранбена индустрија за производство на муниција, која потоа ќе се доставува во Украина. Според Борел, во реализацијата на овие планови ЕУ тесно ќе соработува со НАТО. Тој нагласи дека на средбата станало збор и за последиците по глабалното снабдувањето со храна, по одлуката на Москва да се повлече од Црноморскиот договор за житото. - Ќе продолжиме да и помагаме Украина во диструбуцијата на храна до меѓународните пазари, додаде Борел. Роблес, од своја страна, истакна дека средбата во Толедо се одржала во духот на единството и псоветеноста на ЕУ за мир, истакнувајќи дека поддршката на одбраната на Украина, претставува и поддршка на мирот. - Посветени сме на зедничката одбрана на ЕУ. Сакаме да продолжиме да инвестираме во одбраната, бидејќи тоа не значи само инвестирање во безбедноста, туку и инвестирање во нови работни места и развој, додаде Роблес. Таа потенцира дека во услови на комплексна ситуација во светот, ЕУ останува посветена на одбрна на своите вредности и затоа е важно да има сили, кои ќе бидат спремни итно да реагираат доколку биде потребно. На средбата станало збор и за случувањата во Нигер по воениот удар, кој, како што нагласи Борел, создава нова нестабилност во и онака кревкиот регион на Сахел, додавајќи дека ЕУ соработува со Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) во изнаоѓањето решение за кризата во оваа земја. - За решавање на африканските проблеми, ќе се држиме до африканските предлози, истакна Борел, нагласувајќи дека во моментов ЕУ ја прекинала воената соработка и доставувањето на воена помош на властите во Нигер. Околку можноста за евентуални санкции за воената хунта на Нигер, Борел најави дека се разгледува и таква опција, но оти за тоа ќе се разговара на утрешната средба на шефовите на диплматиите на ЕУ. На новинарско прашање дали се планира повлекување на француските војници кои во рамките на меѓународната мисија се стационирани во Нигер, Борел рече дека за такво нешто воопшто не е разговарано, а ниту Франција не покренала таква иницијатива. Запрашан за ситуацијата во Габон по денешниот воен удар, Борел рече дека состојбата се следи внимателно со цел да се добие целосна слика за случувањето во оваа земја, пред да се преземат одредени чекори. За евентуалното евакуирање на државјаните на ЕУ од Габон, Борел рече дека доколу тоа биде потребно ќе се преземат мерки за евакуација, како што Унијата прави секогаш за да ги заштити своите граѓани. Во однос на настаните во Нигер и Габон, Роблес изјави дека на средбата била изразена голема загриженост за случувањата во Сахех, потенцирајќи дека единствето манифестирано околу Украина, мора да се преслика и за случувањата во Африка. Запрашан што очекува по загинувањето на првиот човек на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, Борел одговори дека „сигирно ќе ми биде најдена замена“ и таа веројатно „ќе продоложи да оперира во служба на Путин во Африка“. Неформалните состаноци на министрите на ЕУ се собири на кои не се носат никави одлуки, туку само се раговара за одредени теми и се разменуваат мислења и гледишта врз основа на кои потоа се израборитваат предлог-решенија кои се усвојуваат на формиланите министерски заседанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-rabotime-na-bezbednosni-garantsii-za-ukraina-na-dolg-rok/feed/ 0
Борел му ја честиташе победата на Аревало на претседателските избори во Гватемала https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-mu-ja-chestitashe-pobedata-na-arevalo-na-pretsedatelskite-izbori-vo-gvatemala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-mu-ja-chestitashe-pobedata-na-arevalo-na-pretsedatelskite-izbori-vo-gvatemala/#respond Mon, 21 Aug 2023 15:00:31 +0000 https://kurir.mk/?p=869226

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел денеска му ја честиташе победата на Бернардо Аревало на вчерашниот втор круг од претседателските избори во Гватемала. - ЕУ му честита на народот на Гватемала за мирното учество во вториот круг од претседателските избори во неделата на 20 август и за силната посветеност на демократијата покажана во текот на целиот процес. Во очекување на конечното објавување на официјалните резултати, исходот од гласањето е веќе многу јасен. ЕУ им честита на победничкиот претседателски кандидат Бернардо Аревало и кандидатката за потпретседател Карин Херера, наведува Борел во пораката. Тој натаму потенцира дека ЕУ го поздравува фактот што гватемалскиот претседател во заминување Алехандро Џаматеј го призна резултатот и ја прифати потребата за мирна транзиција и трансфер на власта што треба да се случи на 14 јануари 2024 година. - Од клучно значење е сите државни институции и сите сектори на општеството да дадат поддршка и да се приклучуат кон овие напори што се во интерес на земјата, додава Борел. Потенцирајќи дека ЕУ е долгогодишен партнер на Гватемала, Борел ја реафирмира целосна поддршка за демократското владеење во земјата, како „неопходна основа за напорите на властите да продолжат со одржлив и инклузивен развој и социјална правда“. Високиот претставник на ЕУ потсетува и дека како дел од својата поддршка на Гватемала и на нејзината демократија, Унијата испрати сопствена Набљудувачка мисија за изборите (ЕОМ), предводена од европретеникот Жорди Кањас. Според Борел, Мисијата уште утре ќе излезе со прелиминарна изјава за текот на изборниот процес, а во рок од два месеци ќе објави конечен извештај за проценка на усогласеноста на изборите со меѓународните и регионалните стандарди и со препораки за идните изборни процеси. Според неофицијалните резултати од вчерашниот втор круг од претседателските избори во Гватемала, Аревало, кој беше кандидат на социјалдемократското Движење Зрно (Семила) освои 60,9 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Сандра Торес од конзервативната Национална унија на надежта (УНЕ) доби 39,1 проценти од гласовите.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-mu-ja-chestitashe-pobedata-na-arevalo-na-pretsedatelskite-izbori-vo-gvatemala/feed/ 0
Борел ги повика Вучиќ и Курти на итен состанок во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-gi-povika-vuchik-i-kurti-na-iten-sostanok-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-gi-povika-vuchik-i-kurti-na-iten-sostanok-vo-brisel/#respond Thu, 22 Jun 2023 07:00:33 +0000 https://kurir.mk/?p=848443

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) Жосеп Борел соопшти дека ги повикал српскиот претседател, Александар Вучиќ и косовскиот премиер, Албин Курти, на итна средба во Брисел со цел да се најде излез од актуелната криза, јави Мина. Борел на Твитер напиша дека е потребна итна деескалација и нови избори на северот на Косово, со учество на припадниците на српската заедница. „Ова е најважното нешто за регионот и ЕУ“, напиша Борел. Вучиќ денеска изјави дека заминува на средба во Брисел, но дека нема да разговара со Курти, туку само со Борел. Курти претходно потврди дека денеска ќе отпатува за Брисел на средбата свикана од високиот претставник на ЕУ по зголемените тензии на северот на Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-gi-povika-vuchik-i-kurti-na-iten-sostanok-vo-brisel/feed/ 0
Борел ја предупредува Москва да не го користи наводниот напад врз Кремљ како изговор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-ja-predupreduva-moskva-da-ne-go-koristi-navodniot-napad-vrz-kreml-kako-izgovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-ja-predupreduva-moskva-da-ne-go-koristi-navodniot-napad-vrz-kreml-kako-izgovor/#respond Thu, 04 May 2023 15:28:38 +0000 https://kurir.mk/?p=830606

Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, денеска ја предупреди Москва да не го користи наводниот напад со дрон врз Кремљ како изговор за зајакнување на воената офанзива во Украина. -Ја повикуваме Русија да не го користи наводниот напад како изговор за продолжување на ескалацијата на војната, рече Борел пред состанокот на министрите за развој на ЕУ. „Загрижени сме (...) што (Москва) може да го искористи ова како оправдување за уште поголема мобилизација на војниците и за уште повеќе напади врз Украина“, кажа првиот европски дипломат. -Ја видов снимката и слушнав што рече украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека Украина не е вмешана. Украинците ја бранат својата земја. Тие се борат на нивно тло, не ја напаѓаат Русија, нагласи Борел. Русија вчера ја обвини Украина за напад врз Кремљ со беспилотни летала во текот на изминатата ноќ, и инциденто го оцени како неуспешен обид за атентат на претседателот Владимир Путин, додавајќи дека нападот претставува „планирана терористичка акција“ и го задржува правото да возврати. Украина негираше каква било вмешаност во инцидентот откако беше објавена снимка од летечки објекти што се приближуваат до Кремљ, од кои еден експлодира. Руската јавна телевизија денеска објави снимка од претседателот Путин на работна средба во Кремљ, што е негово прво појавување во јавноста откако Москва објави за обидот за атентат врз него. На снимките, што се без датум, Путин е придружуван од министерот за економски развој Максим Речетников. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-ja-predupreduva-moskva-da-ne-go-koristi-navodniot-napad-vrz-kreml-kako-izgovor/feed/ 0
Борел: Очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се вперени во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borel-ochite-na-eu-i-na-zapaden-balkan-deneska-se-vpereni-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borel-ochite-na-eu-i-na-zapaden-balkan-deneska-se-vpereni-vo-ohrid/#respond Sat, 18 Mar 2023 11:23:19 +0000 https://kurir.mk/?p=813468

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел, оцени дека очите на ЕУ и на Западен Балкан денеска се насочени кон Охрид, јави дописникот на МИА од Белград. - По интензивната шатл-дипломатија меѓу Белград и Приштина, со претседателот на Србија и Албин Курти ќе разговараме за имплементацијата на анексот - составен дел од Договорот на патот кон нормализација на односите, напиша Борел на Твитер. Борел, заедно со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак има одвени средби во Охрид со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, по што е предвидена планирана трилатерална средба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borel-ochite-na-eu-i-na-zapaden-balkan-deneska-se-vpereni-vo-ohrid/feed/ 0
Жозеп Борел во дводневна посета на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhozep-borel-vo-dvodnevna-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhozep-borel-vo-dvodnevna-poseta-na-makedonija/#respond Thu, 16 Mar 2023 06:43:13 +0000 https://kurir.mk/?p=812477

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на земјава, каде како што е најавено, ќе ја предводи делегацијата на ЕУ на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Северна Македонија. Борел, според агендата, денеска ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а утре ќе претседава со Советот за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и земјава, каде Северна Македонија ќе ја претставува премиерот Ковачевски, а Европската комисија ќе ја претставува комесарот Оливер Вархеи. По Советот, во 11:30 часот ќе следи заедничка прес-конференција. За време на посетата, Борел, како што е најавено, ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и со претседателот на Собранието, замениците-претседатели, координаторите на политичките партии и претседавачи на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за европски прашања при Собранието на Северна Македонија. Борел во земјава доаѓа од Албанија, каде имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама и ќе претседава со 12-тиот Совет за стабилизација и асоцијација меѓу ЕУ и Албанија. Овие посети, како што е најавено, се можност да се разговара за билатералните односи меѓу ЕУ и Албанија и ЕУ и Северна Македонија, во согласност со нивните договори за стабилизација и асоцијација и да се разгледаат најновите случувања во двете земји и во Западен Балкан. Ова е првпат советите да се одржуваат во Тирана и Скопје. Борел, по Скопје на 18 март заминува во Охрид, каде премиерот Ковачевски ќе биде домаќин на средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти, како дел од дијалогот Белград-Приштина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zhozep-borel-vo-dvodnevna-poseta-na-makedonija/feed/ 0