зрачење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Jul 2020 17:35:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зрачење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Луѓето зрачат..Некои ќе те разболат, а некои ќе те излечат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-zrachat-nekoi-kje-te-razbolat-a-nekoi-kje-te-izlechat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-zrachat-nekoi-kje-te-razbolat-a-nekoi-kje-te-izlechat/#respond Wed, 22 Jul 2020 16:03:46 +0000 https://kurir.mk/?p=379791

Мораш прво да го прифатиш она што си добил, за да можеш да направиш она што посакуваш. Не одложувај го уживањето во животот за оној ден кога ќе ти се исполнат сите твои желби, кога ќе бидат остварени сите твои потреби, кога ќе ги достигнеш сите свои цели . Тој ден нема никогаш да се случи, немој тоа да те држи во рака и денес, да не си дозволиш да се чувствуваш онака, како што би се чувствувал тој ден. Кога и да се најдеш во некоја тешка ситуација, верувај дека таа ќе се промени. Поминуваат и добрите и лошите страни на животот и какви и да се, секогаш држи ја главата горе. Нема секогаш да нижиш успеси, ниту пак секогаш ќе губиш. Се’ е тоа ланец на случувања со кои ги поврзуваш своите мисли и чувства во една целина, која се вика твој живот. Затоа научи да го почитуваш секој момент кој го имаш и најмногу од се’, започни со мали работи и моменти со луѓето, кои ги сакаш. Животот не нуди секој ден најубави изданија, но можеш да бидеш задоволен со ова што имаш денес и она што си, бидејќи помина долг пат до тука. Сите оние работи за кои некогаш си се прашувал зошто се случуваат во твојот живот, од оваа перспектива ти даваат одговори. Тргни ги сите преостанати бариери во себе за да можеш да ги тргнеш бариерите однадвор, кои те делат од животот каков што сакаш да го живееш. Најубавото издание на животот не ти се нуди бесплатно, за него треба да се избориш. И за тоа ти е потребна голема доза на храброст, да ги промениш работите кои можеш да ги промениш, а уште подобро да ги прифатиш оние кои не можеш. Не се обвинувај самиот себе си за грешките кои си ги направил и навредите кои ти ги направиле другите. Секогаш постои излез, само е потребно време да го пронајдеш. Отфрли ги замерките, бесот, стравот, сомнежот, изговорите и ќе видиш како животот одеднаш почнува да ти нуди подобри изданија. Се’ е на тебе. Ти си оној кој избира! by Рита]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/lugjeto-zrachat-nekoi-kje-te-razbolat-a-nekoi-kje-te-izlechat/feed/ 0
Калифорнија издаде сериозно предупредување за зрачењето на мобилните телефони https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kalifornija-izdade-seriozno-predupreduvanje-za-zrachenjeto-na-mobilnite-telefoni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kalifornija-izdade-seriozno-predupreduvanje-za-zrachenjeto-na-mobilnite-telefoni/#respond Fri, 22 Dec 2017 09:33:36 +0000 http://kurir.mk/?p=644

Можеби најголемата разлика помеѓу животот сега и животот на една генерација пред нас е дека ние константно сме поврзани еден со друг преку интернет. Мобилните телефони од кои што сме зависни и без кои не можеме да живееме испуштаат електромагнетно зрачење. Одделот за јавно здравје на американската држава Калифорнија издаде упатства за безбедно користење на мобилните телефони. „Иако науката сè уште се развива, постои загриженост помеѓу здравствените стручњаци за последиците од долгорочно, зголемено изложување на енергија што ја емитуваат мобилните телефони“, вели д-р Карен Смит, директорка на калифорниското одделение за јавно здравје. Пред една година професорот Џоел Московиц од Универзитетот „Беркли“ покренал тужба за да го натера одделението да ги објави откритијата од истражувањето дали употребата на мобилни телефони го зголемува ризикот од тумор. Нацрт-документите се објавени во март, но финалната објава е далеку поопширна. „Производителите на мобилни телефони сакаат да го држите телефонот на минимална оддалеченост од вашето тело, а вие треба да откриете која е таа оддалеченост. Ако го држите веднаш до телото, ќе ја прекршите границата на безбедност“, вели Московиц. Според Федералната комисија за комуникации, не постои национален стандард за граници на безбедноста. Но агенцијата бара од производителите на мобилни телефони да обезбедат сите телефони да се во согласност со објективните граници за безбедно изложување. Одделението за јавно здравје препорачува да не го носите телефонот во џебот, да не го држите директно на уво подолго време, да го користите колку што е можно помалку, да не спиете близу него и да бидете свесни дека вашиот телефон - ако се наоѓате во автомобил, автобус или воз, ќе емитува повеќе радиофреквентни бранови за да ја одржува врската „Суштината на истражувањето е дека зрачењето на мобилните телефони претставува голем ризик за здравјето“, истакнува Московиц.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kalifornija-izdade-seriozno-predupreduvanje-za-zrachenjeto-na-mobilnite-telefoni/feed/ 0