зравствени работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Sep 2021 05:17:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зравствени работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОД ДЕНЕСКА: Невакцинираните здравствени работници во Грција на принуден одмор https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-nevakciniranite-zdravstveni-rabotnici-vo-grcija-na-prinuden-odmor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-nevakciniranite-zdravstveni-rabotnici-vo-grcija-na-prinuden-odmor/#respond Wed, 01 Sep 2021 05:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=557555

Одлуката на грчката Влада за задолжителна вакцинација на сите вработени во државните и приватните болници во Грција, од денеска стапува во сила, а невакцинираните здравствени работници ќе бидат на принуден, неплатен одмор, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, околу 10 до 15 илјади вработени во болниците и понатаму се невакцинирани. Во јули беше соопштено дека од 16 август вакцинацијата ќе биде задолжителна за сите вработени во центрите и институциите во Грција наменети за грижа на лица, а од 1 септември и за здравствените работници, како и за административниот персонал во болниците, здравствените центри, дијагностички центри, центрите за рехабилитација, клиниките итн, без разлика дали се приватни или јавни здравствени структури. Пораките од Владата во изминатите денови беа дека одлуките и законот ќе се применат и тоа во целост и нема да има никакво пролонгирање. Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому во понеделникот објасни дека „законот што предвидува суспензија за оние кои не примиле барем една доза, ќе се спроведе и законот ќе се примени во целост“ и додаде дека дури и да решат невакцинираните да се имунизираат по 1 септември, не е сигурно дека ќе се вратат на истите позиции. Против задолжителната вакцинација е грчката федерација на вработени во државните болници, кои минатата седмица одржаа масовни протести во Солун и Атина и истакнаа дека не се против вакцината, туку едноставнo не се согласуваат имунизацијата да биде задолжителна. Најавуваат и дополнителни протести, кога првите невакцинирани здравствени работници и официјално ќе бидат испратени на принуден одмор. Паралелнo со задолжителната вакцинација, од денеска стапува во сила и одлуката за отповикување на сите редовни годишни одмори на сите вработени во болниците, брзата помош, Националната организација за јавно здравје, како и во јавните установи за примарна здравствена заштита.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-nevakciniranite-zdravstveni-rabotnici-vo-grcija-na-prinuden-odmor/feed/ 0
Талибанците ги повикаа жените здравствени работници да се вратат на своите работни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-gi-povikaa-zenite-zdravstveni-rabotnici-da-se-vratat-na-svoite-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-gi-povikaa-zenite-zdravstveni-rabotnici-da-se-vratat-na-svoite-rabotni-mesta/#respond Sat, 28 Aug 2021 09:16:09 +0000 https://kurir.mk/?p=555909

Две недели по враќањето на власт во Авганистан, тврдокорните исламистички талибанци ги повикаа сите жени вработени во јавниот здравствен сектор да се вратат на работа, јави ДПА. Министерството за здравство ги упатува женските здравствени работници во главниот град Кабул и провинциите да се вратат на своите работни места, објави синоќа на Твитер талибанскиот портпарол Сабиула Муџахид. Ултраконзервативните Талибанци се обврзаа дека ќе ги почитуваат правата на жените во рамките на толкувањето на исламот, но останува нејасно како жените и девојчињата ќе поминат под контрола на милитантите. Во голема мера не е јасно дали жените во Авганистан ќе можат да продолжат да ги извршуваат своите професии. Имаше само конкретни изјави за поддршка на жените во здравствениот и образовниот сектор. Неодамна имаше извештаи од северот на земјата дека на акушерките, на пример, повеќе не им е дозволено да присуствуваат на состаноци со машки лекари, потсетува ДПА. За време на владеењето на Талибанците од 1996 до 2001 година, на жените не им беше дозволено да ги лекуваат машки лекари, што сериозно го ограничи нивниот пристап до здравствена заштита. На прес-конференција оваа недела, портпаролот на Талибанците, Сабиула Муџахид, рече дека жените кои работат треба да останат дома додека не се воспостават нови правила. Нивните плати сепак ќе им бидат исплатени, рече тој. Не беше јасно дали зборува само за државни службеници или и за приватни компании. Новинарките кои известуваа од терен, рекоа дека талибанските борци им кажале да си одат дома. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-gi-povikaa-zenite-zdravstveni-rabotnici-da-se-vratat-na-svoite-rabotni-mesta/feed/ 0