зрновци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Sep 2022 13:31:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зрновци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Коцев: Во село Мородвис во Зрновци ќе се гради нов спортски рекреативен центар https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kocev-vo-selo-morodvis-vo-zrnovci-kje-se-gradi-nov-sportski-rekreativen-centar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kocev-vo-selo-morodvis-vo-zrnovci-kje-se-gradi-nov-sportski-rekreativen-centar/#respond Wed, 28 Sep 2022 13:31:05 +0000 https://kurir.mk/?p=738553

Општина Зрновци ќе добие нов спортски рекреативен центар во вредност од 6 500 000 денари, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на општина Зрновци Борчо Коцев. По комплетно изготвена проектна документација и аплициран проект. Во село Мородвис на местото на земјеното игралиште, ќе никне нов модерен спортско рекреативен центар. Овој спортско рекреативен центар ќе содржи: Модерно фудбалско игралиште, нова ограда, нови голови и ново лед осветлување. Баскет игралиште, нови кошеви и ново лед осветлување. Ново модерно детско игралишт. Нов парк за рекреација на граѓаните. Продолжуваме посветено и одговорно да ја градиме општина Зрновци, за доброто на сите граѓани!, пишува Коцев во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kocev-vo-selo-morodvis-vo-zrnovci-kje-se-gradi-nov-sportski-rekreativen-centar/feed/ 0
Милошоски: Зрновци е пример како се работи, а овие избори освен локално имаат и големо значење за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-zrnovci-e-primer-kako-se-raboti-a-ovie-izbori-osven-lokalno-imaat-i-golemo-znachenje-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-zrnovci-e-primer-kako-se-raboti-a-ovie-izbori-osven-lokalno-imaat-i-golemo-znachenje-za-makedonija/#respond Thu, 30 Sep 2021 18:25:13 +0000 https://kurir.mk/?p=570999

Антонио Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ на митингот во Зрновци рече дека сплотеноста во општината е многу важна и од оваа општина можат и другите да учат.
- Победата во прв круг ќе биде голем елан и за останатите општини. Нашиот иден градоначалник Борчо Коцев има одлична стартна основа за работата понатаму, а во многу скоро време премиер ќе биде Христијан Мицкоски, кажа Милошоски.
Според него овие избори имаат локално, но и политичко значење за цела Македонија.
- Дојде време оваа ненародна власт која покажа само неработење, потценување на граѓаните, време е да си оди. Човек може секогаш да згреши, и во овие изминати години видовме кој е способен и знае да работи, а пример за тоа беше општина Зрновци. Видовме и кој е неспособен и кој не работи, а тоа е Зоран Заев. Затоа овде ќе победи Коцев, рече Милошоски.
Тој повика на 17 октомври да се излезе и да се гласа масовно.
- Тие ќе се обидуваат да прават и притисоци и закани, ќе прават поткуп, ама тоа е со пари од граѓаните, инвеститорите. Затоа време е Заев да го испратиме во историјата, рече Милошоски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-zrnovci-e-primer-kako-se-raboti-a-ovie-izbori-osven-lokalno-imaat-i-golemo-znachenje-za-makedonija/feed/ 0
Коцев: Создаваме нова иднина – Изградба на нов комплекс за младите и пет нови локални патишта се дел од проектите за поубаво Зрновци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kocev-sozdavame-nova-idnina-izgradba-na-nov-kompleks-za-mladite-i-pet-novi-lokalni-patishta-se-del-od-proektite-za-poubavo-zrnovci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kocev-sozdavame-nova-idnina-izgradba-na-nov-kompleks-za-mladite-i-pet-novi-lokalni-patishta-se-del-od-proektite-za-poubavo-zrnovci/#respond Thu, 30 Sep 2021 18:01:25 +0000 https://kurir.mk/?p=570988

Во минатите години покажавме и докажавме дека само сплотени, со многу труд и пожртвуваност, можеме да ја постигнеме целта, да од општина Зрновци изградиме прекрасно место за живеење, светла дестинација за туристите и посетителите, успешна македонска приказна, преку реализирање на огромен број проекти. Успехот не е случајност. Тој е напорна работа, пожртвуваност, истрајност, учење и многу љубов кон она што го работите и создавате за својата општина за своите сограѓани, а тоа го должиме на помладите и идни генерации“, истакна Борчо Коцев, кандидат за градоначалник на општина Зрновци денес на митингот. Коцев додаде дека програмата се состои од идеи, предлози, решенија и потреби на граѓаните од општина Зрновци. - Во четиригодишното работење, главен акцент ќе ставиме на економијата, зголемување на економската моќ на општина Зрновци, за подобар животен стандард на сите граѓани на општина Зрновци со донесување на правилна стратегија за локален економски развој, формирање на локален економски совет, привлекување на инвеститори и реализирање на економско исплатливи капитални проекти и инвестиции во трите населени места на општината, во Видовиште, во Мородвис и во Зрновци, нагласи Коцев. Коцев посочи дека се предвидува изградба на секундарна водоводна мрежа во село Зрновци со должина од 12 километри, изградба на зафат брана на Видовишка река во село Видовиште, изградба на зафат брана на Морошка река во село Мородвис, изградба на затворен пазар во село Зрновци. Коцев вети и изградба на нов комплекс за младите – нов детски парк со фитнес зона на отворено, алпинистички појас и стаза за ролери, се предвидува и речен туризам односно просторно уредување на река Зрновка кај место викано централа со речни базенти, елементи за рекреација. Коцев појасни дека во програмата се предводува дури и изградба на дом за стари лица во село Видовиште, изградба на прочистелна станица за отпадни води и фекална канализација во Зрновци и Видовиште. - Посветено ќе работиме во сферата на инфраструктурата, урбанизмот, земјоделието, културата, туризмот, спортот и комуналниот развој за здрава животна средина транспарентно во сите три населени места, во село Видовиште, Мородвис и Зрновци, рече Коцев. Коцев додаде дека ќе се изградат и асфалтираат и пет нови локални патишта и тоа: · Нов локален од место викано Дива топола до сврзување со постоечкиот локален пат Зрновци - Виница. · Нов локален пат Зрновци – Мородвис. · Нов локален пат Мородвис – локалитет - Манастир „Свети Симеон“. · Нов локален пат во село Видовиште од место викано Гумења до место викано Друм. · Нов локален пат од село Видовиште до манастир „Свети Спас“. - Ова е само дел од она што ќе го прочитате во програмата, а јас со тимот на советници во Советот на општина Зрновци, стручната служба вработена во локалната самоуправа и локалните институции максимално ќе се залагаме за нејзина целосна реализација, посочи Коцев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kocev-sozdavame-nova-idnina-izgradba-na-nov-kompleks-za-mladite-i-pet-novi-lokalni-patishta-se-del-od-proektite-za-poubavo-zrnovci/feed/ 0
Уапсени две лица од кочанско Зрновци – ова е причината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-dve-lica-od-kochansko-zrnovci-ova-e-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-dve-lica-od-kochansko-zrnovci-ova-e-prichinata/#respond Sun, 08 Aug 2021 11:14:25 +0000 https://kurir.mk/?p=547969

На 08.08.2021 во 02.30 часот на влезот на Споменикот на слободата во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Д.С.(24) и А.Б.(26), двајцата од Зрновци, кочанско, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/uapseni-dve-lica-od-kochansko-zrnovci-ova-e-prichinata/feed/ 0
Зрновци ќе добие нов мост изграден со средства од ЕУ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zrnovci-kje-dobie-nov-most-izgraden-so-sredstva-od-eu/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zrnovci-kje-dobie-nov-most-izgraden-so-sredstva-od-eu/#respond Wed, 06 Jun 2018 07:30:21 +0000 https://kurir.mk/?p=62790

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија амбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе ја посети општина Зрновци во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“, каде ќе биде предаден во употреба мостот обновен со средства од Европската унија. На настанот ќе присуствуваат и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП во Македонија Луиза Винтон и градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков, како и претставници на државните институции во чија надлежност е мостот. Со пуштањето во употреба на мостот ќе биде одбележано завршувањето на транспортната компонента од Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015 година, за која беа обезбедени 10 милиони евра, а во која што мостот во Зрновци, беше и најголем проект од Програмата имплементирана од УНДП. Стариот мост кој беше сериозно оштетен, комплетно беше урнат и на негово место се изгради нов мост во должина од 86 метри, вреден над 43 милиони денари (800.000 евра) обезбедени од ЕУ. Според агендата, евроамабасадорот Жбогар денеска во Зрновци ќе ја посети и градинката „Бисерчиња“, која исто така беше реновирана со средства од ЕУ.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zrnovci-kje-dobie-nov-most-izgraden-so-sredstva-od-eu/feed/ 0