ЖРСМ Транспорт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Aug 2023 08:19:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ЖРСМ Транспорт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Продолжува прекинот на железничкиот сообраќај поради бојкот на вработените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-prekinot-na-zheleznichkiot-soobrakaj-poradi-bojkot-na-vrabotenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-prekinot-na-zheleznichkiot-soobrakaj-poradi-bojkot-na-vrabotenite/#respond Sat, 26 Aug 2023 08:24:26 +0000 https://kurir.mk/?p=871117

Железничкиот сообраќај во државава и денеска е во прекин поради бојкотот на машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт. Причина за бојкотот, што почна вчера попладне, е неисплатениот втор дел од платата за јули годинава. Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, за МИА изјави дека од стартот на бојкотот не сообраќаат ниту патничките ниту товарните возови. Досега, како што вели, не се реализирани предвидените сообраќања согласно со возниот ред на шест патнички и пет товарни возови. Димовски најави дека бојкотот ќе трае до исполнување на барањето, но и постигнување договор за редовна целосна исплата на платите. -Ова веќе на ништо не личи, речиси за секоја плата мора да правиме бојкот и затоа ќе бараме да почнеме преговори и да се постигне договор да прекине оваа пракса, рече Димовски. И на крајот на јули имаше прекин во железничкиот сообраќај исто така поради неисплатен втор дел од плата, а од истата причина и претходно во неколку наврати вработените ја бојкотираа работата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzhuva-prekinot-na-zheleznichkiot-soobrakaj-poradi-bojkot-na-vrabotenite/feed/ 0
Поради неплатени сметки: Исклучена струјата во „ЖРСМ Транспорт“, можен прекин на железничкиот сообраќај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-neplateni-smetki-iskluchena-strujata-vo-zrsm-transport-mozen-prekin-na-zeleznichkiot-soobrakjaj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-neplateni-smetki-iskluchena-strujata-vo-zrsm-transport-mozen-prekin-na-zeleznichkiot-soobrakjaj/#respond Thu, 15 Dec 2022 08:47:23 +0000 https://kurir.mk/?p=775865

Исклучена е струјата на „ЖРСМ Транспорт“ АД во депото во Лисиче во Скопје и во објектите во Велес, поради долг за електрична енергија кон „ЕВН Македонија“, потврдија за МИА од железничкото претепријатие. Оттаму најавуават дека исклучувањето на струјата ќе повлече и прекин на сообраќајот што ќе се случи откако ќе биде потрошена нафтата во возовите. Без објектите каде е исклучена струјата, појаснуваат, не може да функционира претпријатието, бидејќи тука се снабдуваат возовите со нафта, а пумпата работи на струја. Според последните информации, „ЕВН Македонија“ побарува од „ЖРСМ Транспорт“ над 400 милиони денари за електрична енергија. Раководството на „ЖРСМ Транспорт“ е во комуникација со Владата, од каде неодамна најавија дека државата ќе ги плати долговите за струја на државни институции. Премиерот Димитар Ковачевски завчера изјави дека Владата ќе ги покрие долговите за неплатена струја на државни институции на ЕВН. -Тоа се буџетски организации и заради зголемената цена на електрична енергија, Владата направи прераспределба на финансиски средства кои се одобрени и ќе ги достави до Собранието со цел да се обезбеди непречено работење на овие институции, рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање. ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и „ЖРСМ Транспорт“ и други. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-neplateni-smetki-iskluchena-strujata-vo-zrsm-transport-mozen-prekin-na-zeleznichkiot-soobrakjaj/feed/ 0
Украден кабел од влечен мотор од локомотива, истата повеќе не е во возна состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukraden-kabel-od-vlechen-motor-od-lokomotiva-istata-povekje-ne-e-vo-vozna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukraden-kabel-od-vlechen-motor-od-lokomotiva-istata-povekje-ne-e-vo-vozna-sostojba/#respond Mon, 03 Oct 2022 12:29:54 +0000 https://kurir.mk/?p=740412

Во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, денеска во Одделот за одржување на влечните средства, утврдена е извршена кражба на кабел од влечен мотор од локомотива серија бр. 642 и делови и кабли од манипулатор. -Поради кражбата на деловите и дополнителните оштетувања, оваа локомотова не е повеќе во возна состојба, со што е направена енормна штета на компанијата, имајќи ги предвид малиот број на возни средства со кои располага истата, се наведува во соопштението. Кражбата е пријавена до Министерството за внатрешни работи и утврдена е фактичката состојба од страна на Одделот на криминалистичка техника, со што е започната истражна постапка. -Бидејќи кражбата е извршена во кругот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, стојат претпоставките дека оваа кражба не претставува ништо друго, туку саботажа на работењето на компанијата, велат од таму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukraden-kabel-od-vlechen-motor-od-lokomotiva-istata-povekje-ne-e-vo-vozna-sostojba/feed/ 0