жртва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 18:09:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жртва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трета жртва во невремето во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/treta-zhrtva-vo-nevremeto-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/treta-zhrtva-vo-nevremeto-vo-grtsija/#respond Wed, 06 Sep 2023 18:09:45 +0000 https://kurir.mk/?p=875370

Бројот на жртвите од невремето „Даниел“ во Грција се зголеми на три лица, откако попладнево беше пронајдено безживотното тело на 82-годишен маж во грчкиот град Кардица, јави дописничката на МИА од Атина. Утрово, во областа Магнисиа беше пронајдена мртва постара жена, додека пак вчера, животот го загуби сточар откако врз него паднал ѕид, поради лизгање на земјиштето. Невремето со интензивни и обилни дождови, молњи и ветер од вчера зафати повеќе делови на Грција, меѓу кои и Атина, а најпогодени се регионите во централното подрачје на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/treta-zhrtva-vo-nevremeto-vo-grtsija/feed/ 0
Бројот на жртви од поплавите во Украина, во зоните под контрола на Москва, се зголеми на 41 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zhrtvi-od-poplavite-vo-ukraina-vo-zonite-pod-kontrola-na-moskva-se-zgolemi-na-41/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zhrtvi-od-poplavite-vo-ukraina-vo-zonite-pod-kontrola-na-moskva-se-zgolemi-na-41/#respond Wed, 21 Jun 2023 08:38:08 +0000 https://kurir.mk/?p=848127

Русија денеска соопшти дека бројот на загинати од уривањето на браната Каховка и поплавите во областите што таа ги контролира во јужна Украина, се зголеми на 41. -За жал, бројот на загинати се зголеми до 41, изјави претседателот на проруската регионална влада во Херсон, Андреј Алексејенко. Во претходниот извештај на локалните проруски власти, што беше објавен во саботата, се наведуваше за 29 загинати лица. На 6 јуни беше уништена хидроенергетската брана Каховка на реката Дњепар, која се наоѓа во областа контролирана од Русија во регионот Херсон (јужна Украина). Стотици квадратни километри низводно беа поплавени, поради што илјадници жители мораа да бидат евакуирани. Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната. Алексејенко кажа дека Нова Каховка постепено се опоравува од катастрофата и дека денеска е обновено снабдувањето со електрична енергија по гранатирањето на украинските сили. -Нивото на водата практично се врати во нормала во населбата Алешковски, каде што беа поплавени само пониските области. Сепак, високи водостои сè уште има во населените области на областа Голаја Пристан, вклучително и самиот град и блиските населби, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zhrtvi-od-poplavite-vo-ukraina-vo-zonite-pod-kontrola-na-moskva-se-zgolemi-na-41/feed/ 0
ТРАГЕДИЈА: Уште еден млад живот згасна на македонските патишта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-ushte-eden-mlad-zhivot-zgasna-na-makedonskite-patishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-ushte-eden-mlad-zhivot-zgasna-na-makedonskite-patishta/#respond Mon, 01 May 2023 07:35:17 +0000 https://kurir.mk/?p=829329

Дваесет и петгодишен жител на Карбици загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Штип-Плачковица. Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во информира дека несреќата се случила синоќа околу 21.00 часот помеѓу штипските села Таринци и Нов Караорман. Сообраќајната незгода се случила помеѓу автомобил „Ауди А5“ со штипски регистарски таблици управувано од 25-годишниот  К.Т. од село Карбинци и патничко возило „Хјундаи Аксент" со штипски регистарски таблици управувано од 43-годишниот  Д.М. од Стар Караорман. Во несреќата на место починал К.Т. , а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, додека Д.М. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница - Штип. Увид на местото на несреќата извршиле увидна екипа на СВР - Штип и јавен обвинител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-ushte-eden-mlad-zhivot-zgasna-na-makedonskite-patishta/feed/ 0
Трагедија: Почина маж од Василево, му се слошило додека возел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-pochina-mazh-od-vasilevo-mu-se-sloshilo-dodeka-vozel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-pochina-mazh-od-vasilevo-mu-se-sloshilo-dodeka-vozel/#respond Tue, 14 Feb 2023 11:52:02 +0000 https://kurir.mk/?p=800342

На 13.02.2023 во 07:30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Василево, струмичко, Г.Ц.(64) од село Василево, управувајќи товарно возило „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото,  излетал од патот и удрил во ограда. Лекар од Медицински центар Струмица констатирал смрт кај возачот, кому му се слошило и починал пред ударот. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-pochina-mazh-od-vasilevo-mu-se-sloshilo-dodeka-vozel/feed/ 0
Прва жртва по истекувањето на амонијакот: Пронајдено тело во близина на пругата во Пирот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prva-zrtva-po-istekuvanjeto-na-amonijakot-pronajdeno-telo-vo-blizina-na-prugata-vo-pirot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prva-zrtva-po-istekuvanjeto-na-amonijakot-pronajdeno-telo-vo-blizina-na-prugata-vo-pirot/#respond Mon, 26 Dec 2022 11:21:48 +0000 https://kurir.mk/?p=780535

Припадници на пожарникарите утрово нашле тело на напознат маж во близина на приугата во Пирот, јавуваат српските медиуми. Телото е најдено на околу 70 метри од вовот кој превезуваше цистерни со амонијак, од кои четири се превртеа. Новинар на Пирот плус онлајн, Н.П. успеал да дојде до местото каде вчера се преврте вагон од кој истече амонијак. Како што наведува за порталот, на местото затекнал безживотно тело на маж, по што веднаш пријавил во Итната помош. Н.П. направил снимка од возот, но брзо морал да се оддалечи, затоа што почувствувал тегби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prva-zrtva-po-istekuvanjeto-na-amonijakot-pronajdeno-telo-vo-blizina-na-prugata-vo-pirot/feed/ 0
Се запали стан во Битола: Неофицијално има и жртва во пожарот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-zapali-stan-vo-bitola-neoficijalno-ima-i-zrtva-vo-pozarot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-zapali-stan-vo-bitola-neoficijalno-ima-i-zrtva-vo-pozarot/#respond Fri, 06 May 2022 09:10:39 +0000 https://kurir.mk/?p=672784

Утринава се случил пожар во стан во висококатницата во близина на црквата Св„ богордица“ во Битола, пренесува Тера.мк Интервенирале екипи на противпожарната единица, а според информациите на Тера.мк  има и жртва во пожарот. Повеќе информации наскоро.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-zapali-stan-vo-bitola-neoficijalno-ima-i-zrtva-vo-pozarot/feed/ 0
Истрагата тапка во место три месеци: Нема обвинение за смртта на скопјанецот прегазен кај  мостот „Гоце Делчев“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istragata-tapka-vo-mesto-tri-meseci-nema-obvinenie-za-smrtta-na-skopjanecot-pregazen-kaj-mostot-goce-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istragata-tapka-vo-mesto-tri-meseci-nema-obvinenie-za-smrtta-na-skopjanecot-pregazen-kaj-mostot-goce-delchev/#respond Thu, 21 Apr 2022 15:03:01 +0000 https://kurir.mk/?p=666590

На 26-ти јануари во сообраќајна несреќа кај мостот „Гоце Делчев“ во Скопје животот го загуби 76-годишниот С.А. Булеварот го преминувал на пешачки премин каде беше удрен од автомобил марка Бе-ем-ве со кумановска регистрација. До ден денес, правдата во овој случај чека барем еден чекор до разврска. Но, случајот, од непознати причини тапка во место. По трагедијата, телото беше предадено на обдукција, а обвинителот нареди да бидат обезбедени снимките од видео надзорот на околните објекти за да се утврдат причините за несреќата. Цели три месеци истрагата е на исто ниво како и на денот на несреќата. Нема обвинение за сторителот иако уште истиот ден во јавноста беше обелоденет нејзиниот идентитет. КУРИР дознава дека доказите за овој случај се прибрани и причините за смртта се јасни од првиот ден. Наши извори брифираат дека доказен материјал уште се собира, но одбија да ни одговорат кои се резултатите од анализата на крв и урина кои беа направени кај жената која го управуваше автомобилот кој го усмрти скопјанецот. Сега загинатиот С.А. беше нечиј татко, нечиј дедо, пријател, сосед... Правдата во овој случај, како и во останатите, треба да биде што поскоро задоволена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istragata-tapka-vo-mesto-tri-meseci-nema-obvinenie-za-smrtta-na-skopjanecot-pregazen-kaj-mostot-goce-delchev/feed/ 0
Трагедија: Млад македонски граѓанин почина во сообраќајка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-mlad-makedonski-gragjanin-pochina-vo-soobrakjajka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-mlad-makedonski-gragjanin-pochina-vo-soobrakjajka/#respond Mon, 21 Feb 2022 09:38:58 +0000 https://kurir.mk/?p=634183

На 21.02.2022 година во 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила со охридски регистарски ознаки: „Ауди“ управувано од М.Л.(24) од селото Белчишта, општина Дебарца и „Фолксваген Поло“, управувано од Х.К.(30) од Охрид. На местото на несреќата починал возачот Х.К., а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека, М.Л. возач на возилото „Ауди“ се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-mlad-makedonski-gragjanin-pochina-vo-soobrakjajka/feed/ 0
Прва жртва од пожарот на траектот во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prva-zrtva-od-pozarot-na-traektot-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prva-zrtva-od-pozarot-na-traektot-vo-grcija/#respond Sun, 20 Feb 2022 18:00:26 +0000 https://kurir.mk/?p=634047

Припадници на противпожарната служба на Грција попладнево извлекоа безживотно тело на маж од траектот „Euroferry Olympia“, што воедно е и првата жртва од пожарот што избувна во петокот наутро, а продолжува потрагата по останати десет исчезнати патници, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално спасувачките екипи телото го пронашле јагленосано во кабина на камион. Утрово, како што претходно објави МИА, по два дена од избувнувањето на пожарот, по над 50 часа поминати во гаражата на траектот, беше пронајден жив и спасен еден од исчезнати патници, 21-годишен државјанин на Белорусија, возач на камион, кој сам успеал од гаражата да стигне до палубата, од каде што беше преземен од спасувачките екипи, а потоа и превентивно пренесен во болница. Пожарот изби во петокот, по четири часот наутро, од засега непознати причини, додека италијанскиот траект „Euroferry Olympia“ пловел во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса, а тргнал од Игуменица за Бриндизи. Според официјалниот список, имало 239 патници и 51 член на екипажот, како и автомобили и камиони. Дополнително произлезе дека меѓу спасените се и две лица, веројатно мигранти кои патувале нелегално, без билет. Спасени се вкупно 281 лице, а десет се водат како исчезнати, додека еден патник го загуби животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prva-zrtva-od-pozarot-na-traektot-vo-grcija/feed/ 0
ТРИ ДЕНА ПО ТРАГЕДИЈАТА ПРОНАЈДЕНА 45-ТАТА ЖРТВА – станува збор за дете , еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-dena-po-tragedijata-pronajdena-45-tata-zrtva-stanuva-zbor-za-dete-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-dena-po-tragedijata-pronajdena-45-tata-zrtva-stanuva-zbor-za-dete-eve-gi-detalite/#respond Fri, 26 Nov 2021 13:31:15 +0000 https://kurir.mk/?p=600141

При денешниот дополнителен увид на автобусот со државјани на Република Северна Македонија што имаше несреќа на автопатот „Струма“ во вторникот, е пронајдено уште едно тело на дете, информира заменик-главниот обвинител и шеф на Националната истражна служба на Бугарија, Борислав Сарафов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, со ова бројот на жртвите во сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“ се искачи на 45. Претходно, портпаролот на главниот обвинител на Бугарија, Сијка Милева на дописникот на МИА од Софија му потврди дека при дополнителен увид што денеска го извршија истражители од бугарската Национална истражна служба во опожарениот автобус е пронајдено уште едно тело. Сарафов денеска во изјава БНР потврди дека во понеделниот вечерта во 21.15 часот по бугарско време преку граничниот премин „Капитан Андреево“ од Турција во Бугарија со автобусот на „Беса транс“ влегле 52 лица. Според Сарафов, од нив 45 загинати биле пронајдени во опожарениот автобусот, а седум повредени биле пренесени во софиската болница „Пирогов“. Сарафов информира и дека бугарските истражители и обвинител кои допатуваа во земјава ќе останат во Скопје најдоцна до недела. – Мора да ја донесат документацијата поврзана со автобусот и ДНК профилите на роднините на загинатите. Веднаш потоа ќе започне идентификацијата на жртвите од несреќата, додаде Сарафов. Тимот од обвинители и истражители од бугарската Национална истражна служба, според најавите, до властите на земјава официјално треба да достават барање за правна помош. Ним ќе им бидат предадени собраните ДНК материјали од роднини на жртвите во автобуската несреќа и по нивното враќање во Бугарија, ќе започне споредувањето и идентификацијата со пронајдените тела на загинатите македонски државјани во автобусот. По завршувањето на оваа постапка ќе следува пренесување на телата во земјава и предавање на нивните роднини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-dena-po-tragedijata-pronajdena-45-tata-zrtva-stanuva-zbor-za-dete-eve-gi-detalite/feed/ 0