жртви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 17:35:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png жртви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Расте бројот на жртвите од земјотресот во Непал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zhrtvite-od-zemjotresot-vo-nepal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zhrtvite-od-zemjotresot-vo-nepal/#respond Sat, 04 Nov 2023 17:35:52 +0000 https://kurir.mk/?p=896503

Расте бројот на загинати и повредени во силниот земјотрес што го погоди западен Непал. Најмалку 157 луѓе загинаа, а 170 се повредени. По синоќешниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала во областа Јајаркот во провинцијата Карнали уследиле повеќе потреси. Земјотресот бил почувствуван дури и во главниот град на Индија, Њу Делхи, оддалечен 600 километри. Хималаите, каде што се наоѓа Непал, е геолошки исклучително активна област. Индиската тектонска плоча годишно се повлекува за два сантиметри од евроазиската плоча, што предизвикува силни земјотреси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zhrtvite-od-zemjotresot-vo-nepal/feed/ 0
Министерство за здравство во Газа: Бројот на жртви се зголеми на 9.227 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvo-za-zdravstvo-vo-gaza-brojot-na-zhrtvi-se-zgolemi-na-9-227/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvo-za-zdravstvo-vo-gaza-brojot-na-zhrtvi-se-zgolemi-na-9-227/#respond Fri, 03 Nov 2023 13:26:00 +0000 https://kurir.mk/?p=896186

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа загинале уште 196 лица, што значи дека вкупниот број на жртви на палестинска територија се зголемил на 9.227. Меѓу загинатите има 3.826 деца и 2.405 жени, додека 2.100 лица се водат како исчезнати под урнатините. Портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кидра, рече дека на болниците во Газа им снемува гориво и дека болниците во Индонезија и Шифа користат помали генератори за да ја задржат струјата само во единиците за интензивна нега, инкубаторите и операционите сали. Тој го повика Меѓународниот комитет на Црвениот крст да помогне во испораката на крв од сите крвни групи и му се заблагодари на Египет за евакуацијата на десетици ранети на лекување во изминатите три дена, додавајќи дека се уште има стотици сериозни случаи кои треба да се евакуираат. Во Израел, повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, беа убиени во нападите на Хамас на југот на Израел, а околу 240 беа киднапирани и однесени во Појасот Газа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ministerstvo-za-zdravstvo-vo-gaza-brojot-na-zhrtvi-se-zgolemi-na-9-227/feed/ 0
Расте бројот на жртвите во поплавите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-brojot-na-zhrtvite-vo-poplavite-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-brojot-na-zhrtvite-vo-poplavite-vo-grtsija/#respond Thu, 07 Sep 2023 20:41:47 +0000 https://kurir.mk/?p=875874

Од куќа во селото Астрица во близина на грчкиот град Кардица, еден од најпогодените региони, беа извлечени безживотните тела на две жени, со што бројот на загинати во поплавите во Грција, предизвикани од невремето „Даниел“ се зголеми на шест лица, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално, исчезнати се најмалку шестмина, од кои четворица се странски државјани, од Австрија и Германија. Од попладнево во тек се низа спасувачки акции по копно, вода и од воздух, кои ги водат противпожарната и крајбрежната служба и припадници на армијата. Спасувачки тимови од крајбрежната служба со гумени чамци „пловат“ по улиците кои се претворени во реки во селото Астрица и одат од куќа до куќа за да ги евакуираат жителите, заглавени во нивните домови. поплави грција Припадници на армијата, спасуваат со хеликоптери и булдожери, додека пак од плажите во крајбрежниот дел на областа Магнисиа со помош на чамци на крајбрежната служба, на безбедно биле пренесени над 200 лица. поплави грција Неколку села и помали градови во околината на Кардица во централна Грција се целосно поплавени, а жителите, засолниште најдоа на крововите на домовите во исчекување на помош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/raste-brojot-na-zhrtvite-vo-poplavite-vo-grtsija/feed/ 0
Над 400 жени жртви на семејно насилство во Грција ја инсталирале специјалната апликацијата на грчката полиција „Panic Button” https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-400-zheni-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-vo-grtsija-ja-instalirale-spetsijalnata-aplikatsijata-na-grchkata-politsija-panic-button/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-400-zheni-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-vo-grtsija-ja-instalirale-spetsijalnata-aplikatsijata-na-grchkata-politsija-panic-button/#respond Mon, 07 Aug 2023 13:35:42 +0000 https://kurir.mk/?p=864273

Од март годинава кога пилотски беше воведена апликацијата „Panic Button” на грчката полиција за помош на жени жртви на семејно насилство, до крајот на јули, веќе 466 жени во Солун и Атина побарале да им биде инсталирана, а 47 ја активирале бидејќи се нашле во опасност, соопшти портпаролката на грчката полиција Константина Димоглиду во интервјуто за телевизијата ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор специјална апликација на грчката полиција, за која како што рече Димоглиду, е скриена и не дозволува трети лица кои можеби имаат пристап до мобилниот телефон на жртвата да ја откријат и апликацијата. Додаде дека во конкретниот период од март до јули, 1.686 жени се обратиле до полицијата за случаи на семејно насилство, а од нив само 466 избрале да им биде инсталирана апликацијата, објаснувајќи дека ги информираат жртвите на семејно насилство дека постои апликацијата и ја добиваат по нивна согласност. -Овие бројки не покажуваат пораст на семејното насилство. Овие бројки покажуваат дека сѐ повеќе жени кои биле подложени на семејно насилство долги години, а не вчера, не еден ден пред да пријават, веќе ја информираат грчката полиција. И ова е многу позитивно бидејќи жените сега знаат дека постојат надлежни сектори и апликации за семејно насилство и секако центри за советување, кои можат да ги поддржат по пријавата и доаѓаат и го пријавуваат насилството, објасни портпаролката на грчката полиција. Кон крајот на март годинава грчката полиција ја лансираше апликацијата „Panic Button” во Атина и Солун со цел справување со случаи на семејно насилство и им дава можност на жените жртви, откако ќе ја инсталираат апликацијата на нивните мобилни телефони, со притискање на едно копче, итно и безбедно да ја известат полицијата доколку се во опасност. Апликацијата мора претходно да биде инсталирана и активирана во полициска станица и ги содржи сите податоци на жртвата на семејно насилство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-400-zheni-zhrtvi-na-semejno-nasilstvo-vo-grtsija-ja-instalirale-spetsijalnata-aplikatsijata-na-grchkata-politsija-panic-button/feed/ 0
Бројот на жртви во поплавите во Словенија се искачи на шест https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brojot-na-zhrtvi-vo-poplavite-vo-slovenija-se-iskachi-na-shest/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brojot-na-zhrtvi-vo-poplavite-vo-slovenija-se-iskachi-na-shest/#respond Mon, 07 Aug 2023 10:05:44 +0000 https://kurir.mk/?p=864171

Бројот на загинати во катастрофалните поплави што ја погодија Словенија денеска се зголеми на шест, откако беа пронајдени телата на маж кој работеше на поправка на штетите и уште едно тело во надојдената река Теменица, јавува СТА. Во текот на претходната ноќ, пожарникарите интервенирале за отстранување на последиците од поплавите во 57 случаи, најмногу во Помурје и Корушка. Одредени области се уште се поплавени, многу патишта се уште се затворени, а надлежните служби предупредуваат дека со повлекување на водата, ризикот од одрони на тие места ќе се зголемува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/brojot-na-zhrtvi-vo-poplavite-vo-slovenija-se-iskachi-na-shest/feed/ 0
Повеќе од 1.550 деца се жртви на руската инвазија врз Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-1-550-detsa-se-zhrtvi-na-ruskata-invazija-vrz-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-1-550-detsa-se-zhrtvi-na-ruskata-invazija-vrz-ukraina/#respond Thu, 13 Jul 2023 09:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=856149

Од почетокот на руската инвазија врз Украина до денеска повеќе од 1.552 украински деца се жртви на агресијата односно 494 деца се убиени, а над 1.058 се повредени, соопшти украинското Јавно обвинителство. Најмногу деца загинаа или се повредени во Доњецк – 472, во Харков – 297, во Киев – 129, во Керсон – 116, во Запорожје – 97, во Николаев – 89, во Дњепропетровск – 83, во Чернихив – 71 и во Луганск – 67. При вчерашното гранатирање на Запорожје повредени се шест деца на возраст од три до 18 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-1-550-detsa-se-zhrtvi-na-ruskata-invazija-vrz-ukraina/feed/ 0
Во акција на Европол уапсени 21 лице за експлоатација на жртви на трговија со луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-aktsija-na-evropol-uapseni-21-litse-za-eksploatatsija-na-zhrtvi-na-trgovija-so-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-aktsija-na-evropol-uapseni-21-litse-za-eksploatatsija-na-zhrtvi-na-trgovija-so-luge/#respond Wed, 05 Jul 2023 16:24:42 +0000 https://kurir.mk/?p=853198

Во заеднички акции, кои биле координирани од Европол во средината на јуни, уапсени се 21 лице за трудова експлоатација на жртви на трговија со луѓе, соопшти ова тело на Европската унија. Помеѓу 10 и 17 јуни, Европол координирал заеднички акции наречени ЕМПАКТ, со цел справување со трговијата со луѓе и експлоатација на мигранти за работни цели. Во соопштението се наведува дека во акцијата во која заедно учествувале извршните власти на 31 земја, со поддршка на Евроџаст, Фронтекс и Европската агенција за труд, над 27.000 полицајци извршиле инспекции на вкупно 11.360 локации во повеќе сектори, вклучувајќи гастрономија, земјоделство и индустрија за убавина, особено фокусирајќи се на експлоатација на државјани на земји кои не се членки на ЕУ. Како резултат на инспекцијата, идентификувани се 57 осомничени, приведени се 21 од нив, за трудова експлоатација и идентификувани се 261 жртва. Податоците собрани за време на операцијата доведоа до започнување на 86 нови истраги за да се идентификуваат дополнителни потенцијални осомничени и жртви поврзани со случаи на трговија со луѓе низ ЕУ и во други земји. Операциите биле насочени кон низа сектори, вклучително и преработка на храна и месо, ресторани, услуги за достава на храна, салони за убавина, градежништво, рударство, транспорт и земјоделство, а официјалните лица, исто така, беа насочени кон трудова експлоатација на домаќинките и негуватели на приватните имоти.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-aktsija-na-evropol-uapseni-21-litse-za-eksploatatsija-na-zhrtvi-na-trgovija-so-luge/feed/ 0
Четири жртви во пукање во Јапонија, осомничениот уапсен по 12 часа потрага https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-zhrtvi-vo-pukane-vo-japonija-osomnicheniot-uapsen-po-12-chasa-potraga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-zhrtvi-vo-pukane-vo-japonija-osomnicheniot-uapsen-po-12-chasa-potraga/#respond Fri, 26 May 2023 06:05:55 +0000 https://kurir.mk/?p=838862

По 12-часовна потрага во рурален дел на Јапонија вчера е уапсен маж (31) под сомнение дека извршил повеќекратно убиство, откако четири лица беа убиени во редок инцидент со пукање и прободување со нож, јави телевизијата НХК (NHK). Осомничениот, инаку, син на шефот на градскиот совет на Накано, во префектурата Нагано, се криел во куќата на неговиот татко, откако наводно застрелал двајца полицајци кои пристигнале на местото на настанот како одговор на пријавата дека една жена е избодена со нож, соопшти телевизијата. Двајцата полицајци и една жена биле пренесени во болница и по неколку часа била констатирана нивната смрт, јавуваат медиумите. По нападот починала уште една постара жена. Таа од четвртокот попладне лежела на земја пред куќата и полицијата не можела да пријде до неа, јавуваат медиумите. НХК соопшти дека осомничениот бил камуфлиран и наводно во престрелката користел нешто што личело на ловечка пушка. Полицијата го уапсила мажот утринава околу 4:30 часот, околу 12 часа по првиот повик за итна помош, наведуваат медиумите. Пукањата се исклучително ретка појава во Јапонија, каде поседувањето оружје е строго регулирано и секој што сака да поседува пиштол мора да помине низ ригорозен процес на проверка. Осомничениот имал дозвола за ловечка пушка, јавува НХК. Полицијата на префектурата Нагано попладнево треба да одржи прес-конференција на која ќе ги соопшти сите детали на инцидентот и мотивите на сторителот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-zhrtvi-vo-pukane-vo-japonija-osomnicheniot-uapsen-po-12-chasa-potraga/feed/ 0
„Нејзиното невино срце престана да чука“: 10-тата жртва на Коста била под број 10 на неговиот монструозен список https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nejzinoto-nevino-srtse-prestana-da-chuka-10-tata-zhrtva-na-kosta-bila-pod-broj-10-na-negoviot-monstruozen-spisok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nejzinoto-nevino-srtse-prestana-da-chuka-10-tata-zhrtva-na-kosta-bila-pod-broj-10-na-negoviot-monstruozen-spisok/#respond Tue, 16 May 2023 07:33:51 +0000 https://kurir.mk/?p=834620

Девојчето А.А.(13) кое беше тешко повредено во масакрот што го изврши нејзин соученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, вчера почина по 12 дена тешка борба на лекарите за нејзиниот живот и стана 10-та жртва на најстрашното злосторство во Србија. Итна интервенција Девојчето кое се здоби со тешки повреди на главата во крвавиот пир на нејзиниот другар од одделението 7/2 на 3 мај, поради што од самиот почеток беше во критична состојба, се наоѓаше на Универзитетската детска клиника во Тиршова. Да потсетиме, тринаесетгодишното момче кое утрото ги зеде пиштолите и муницијата од сефот на својот татко и отиде на училиште со план да ги убие другарите, направи невидено злосторство на нашите простори. Во холот на училишната зграда прво убил чувар, а потоа дежурните ученички. По таа „крвава гозба“ момчето влегло во училницата и на вратата пукал во професорката по историја, а потоа и во другарите. Покрај наставничката по историја, повредени се уште шест ученици, меѓу кои беше и А.А. Министерството за здравство вчера излезе со соопштение. -Пациентот кој се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со сериозни повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, почина и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување, стои во соопштението на министерството. Нашиот свет застана -Сите се надевавме дека таа ќе издржи, дека ќе се случи некое чудо. Секој ден одевме во црква и се молевме за нејзиното оздравување. Иако прогнозите не беа светли, знаеме дека лекарите вложиле натчовечки напори да и го спасат животот. За жал, не издржа ниту нејзиното невино срце. Нејзиниот живот заврши вчера, а со тоа и нашиот свет. Нема закрепнување од оваа трагедија. И по две недели не можеме да се соземеме и прашање е дали некогаш ќе успееме, рекол познаник на семејството на девојката. -Несреќната девојка била на списокот за убиства, кој бил пронајден на бирото на момчето во неговата соба, при полициската истрага. Момчето со рака го напишало нејзиното име на парче хартија, а ја ставил на 10-то место, вели изворот. -Пред нејзиното име напиша девет имиња на лист, но едно пречкрта. Не е утврдено зошто пречкртал едно име, вели изворот и додава дека во текот на истрагата на бирото на момчето во станот била пронајдена шема, слична на видео игрите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nejzinoto-nevino-srtse-prestana-da-chuka-10-tata-zhrtva-na-kosta-bila-pod-broj-10-na-negoviot-monstruozen-spisok/feed/ 0
Млади животи згаснаа поради монструмот Урош: Ова се жртвите на крвавиот пир во Младеновац https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mladi-zhivoti-zgasnaa-poradi-monstrumot-urosh-ova-se-zhrtvite-na-krvaviot-pir-vo-mladenovats/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mladi-zhivoti-zgasnaa-poradi-monstrumot-urosh-ova-se-zhrtvite-na-krvaviot-pir-vo-mladenovats/#respond Fri, 05 May 2023 08:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=830841

Полицаецот М.П. и неговата сестра К.П. загинале на лице место во крвавиот пир што се случил вчера во селата Дубона и Мало Орашје. Ги убил Урош Блажиќ (21) кој пукал во нив со автоматска пушка. Д.Т., И.И. и В.К. биле застрелани во училишниот двор, а преживеал само В.К. Седеле во училишниот двор кога избило пукањето. -Слушнав три-четири истрели и видов како некој пука од калашников… Сите беа околу клупата. Овде три години нема ниту убиство, ниту самоубиство, што е ова сега, што се случи со него, навистина не знам, велат мештаните. -Како што дознавме, на повредената девојка Н.В. ѝ е ампутирана рака, објави Телеграф.рс. Да потсетиме, Урош Блажиќ доцна синоќа уби 8 и рани 14 лица. Уапсен беше утрово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mladi-zhivoti-zgasnaa-poradi-monstrumot-urosh-ova-se-zhrtvite-na-krvaviot-pir-vo-mladenovats/feed/ 0