зсо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Sep 2023 16:37:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png зсо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стано: ЕУ внимателно ја следи ситуацијата на северот од Косово, без одложување да се формира ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-eu-vnimatelno-ja-sledi-situatsijata-na-severot-od-kosovo-bez-odlozhuvane-da-se-formira-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-eu-vnimatelno-ja-sledi-situatsijata-na-severot-od-kosovo-bez-odlozhuvane-da-se-formira-zso/#respond Thu, 21 Sep 2023 16:37:39 +0000 https://kurir.mk/?p=880418

Европската унија внимателно ги следи неодамнешните настани на северот од Косово и ушпте еднаш потенцира дека, без никакви одложувања и предуслови, мора да почне формирањето на Заедницата на српски општини, изјави денеска портпаролот на Европската унија, Петер Стано. Запрашан за коментар на завчерашното апсење на тројца Срби на Косово и дали ЕУ планира да преземе нешто околу тоа, Стано на денешната прес конференција во Брисел кажа дека Унијата внимателно ја следи ситуацијата и дека е во близок контакт со партнерите и властите со цел целосно да се разбере развојот на настаните. -Ќе реагираме во јавноста, доколку и кога тоа ќе биде соодветно, рече Стано и нагласи дека ставот на 27-те земји членки на ЕУ за ситуацијата на северот на Република Косово е јасно изразен во соопштението што беше објавено претходно неделава. Запрашан дали ЕУ смета дека Заедницата на српски општини мора да се формира во согласност со косовскиот Устав, Стано кажа дека ставот на ЕУ е јасен - работата за формирање на ЗСО мора да почне без предуслови и одложувања. -Секоја страна знае што треба да направи и каков е ставот на ЕУ, рече портпаролот на ЕУ и додаде дека прашањето како тоа треба да се направи е нешто што треба да се разговара во рамките на дијалогот, а не во јавноста или медиумите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stano-eu-vnimatelno-ja-sledi-situatsijata-na-severot-od-kosovo-bez-odlozhuvane-da-se-formira-zso/feed/ 0
Вучиќ: Во Брисел се обидоа да воведат нов план за имплементација, јас одбив https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-vo-brisel-se-obidoa-da-vovedat-nov-plan-za-implementatsija-jas-odbiv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-vo-brisel-se-obidoa-da-vovedat-nov-plan-za-implementatsija-jas-odbiv/#respond Wed, 03 May 2023 18:50:42 +0000 https://kurir.mk/?p=830310

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференција рече дека Србија се соочува со „сериозна опасност“ во однос на Косово и додаде дека вчера на почетокот на средбата имало обид да се „направи нов план за имплементација“, јави дописникот на МИА од Белград. - Што се однесува до Косово, сè беше трик и намерата беше да се измами Србија да го признае Косово … Вчера, на почетокот, имаше обид да се создаде нов план за имплементација, каде што првата точка требаше да биде презентација на статутот на Управувачкиот тим на ЗСО, точка два беше да ги пуштиме во меѓународни организации, а три ЗСО, рече Вучиќ на прес-конференција во Претседателството на Србија. Вучиќ изјави дека ЕУ и Борел имале коректен однос. - Имаше предлог, привремено решение, кое Курти го одби, канцелариите (во општините на северот на Косово) да не се заземаат на 28 мај … Мислев дека тоа е идеална можност да се извлече (Курти) од срамот, но не, тоа е план. Тој е воодушевен … Начинот како што се однесуваа со жените (што го претставија статутот на ЗСО), како што се однесуваа кон дамите, не смеете да си го дозволите тоа, изјави Вучиќ. „Тој рече (Курти) дека не му се допаѓа ниту една точка, дека се е неуставно. Тогаш сфатив дека се беше игра од почеток до крај, да се урне Србија, додаде претседателот на Србија. Србија е подготвена на компромиси, но не и да биде „глупава, како што некои замислуваат“, нагласи претседателот на Србија и додаде дека на Косово се потребни мир и стабилност. Тој предупреди дека новоизбраните градоначалници на општините на северот на Косово, кои беа избрани на неодамнешните локални избори на кои Србите од северот не учествуваа, „ќе влезат во своите канцеларии на 28 мај“. Вчера во Брисел се одржа нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина. На таа средба беше усвоена Декларацијата за исчезнати лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-vo-brisel-se-obidoa-da-vovedat-nov-plan-za-implementatsija-jas-odbiv/feed/ 0
Курти предложи нов нацрт-статут на ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-predlozhi-nov-natsrt-statut-na-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-predlozhi-nov-natsrt-statut-na-zso/#respond Wed, 03 May 2023 16:52:27 +0000 https://kurir.mk/?p=830272

Косовскиот премиер Албин Курти денеска ја објави својата верзија на нацрт-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство (Заедница на српски општини - ЗСО) и додаде дека „фундаментално не се согласува“ со Нацрт-статутот што синоќа беше претставен во Брисел од страна на Управувачкиот тим. "Фундаментално не се согласувам со нацртот. Тој ја претставува желбата за Република Српска на Косово", напиша Курти на Твитер. Според неговите зборови, Статутот на ЗСО треба да произлезе од авторитетот на конвенциите на Советот на Европа, односно од Рамковната конвенција, како и да обезбеди можност припадниците на српската заедница во Косово да ги промовираат и заштитат своите интереси преку рамката на самоуправување. Во верзијата на Курти се наведува дека ЗСО ќе промовира нетериторијален проект, каде функционално би биле претставени сите Срби на Косово, врз основа на правото на глас и принципите предвидени со Уставот на Косово, во согласност со принципот на еднаквост пред законот и недискриминација. Врз основа на него, се додава, сите Срби на Косово би го оствариле своето право на слободно здружување заради заштита или застапување за политички, национални, културни, социјални, економски и други права и цели. ЗСО, според предлогот на Курти, би обезбедил директен канал за комуникација со Владата на Косово, меѓу другото и преку учество во Консултативниот совет на заедниците. Се додава дека ќе обезбеди можност да се финансира од буџетот на косовската Влада, меѓународни организации, институции на трети земји и донации, вклучително и од Србија, но дека се мора да помине во процедурите и прописите на Министерството за финансии на Косово. Треба да ја предвиди можноста за соработка со сите институции, вклучително и општините, со цел да се поддржи нејзината работа и мисија за своите членови. „Во целост ги признава уставните карактеристики на Република Косово, како што се почитувањето на независноста, единствениот институционален систем, територијалниот интегритет на Републиката и ќе придонесе за негова целосна реализација во пракса“, се наведува во нацрт-статутот на Курти. ЗСО, се додава во предлогот, ќе ги користи постојните закони за давање можности за одредени непрофитни услуги, формирање здруженија од областа на културата, уметноста, науката и образованието, како и студиски и други здруженија за изразување, негување и развој на српскиот идентитет, со закони кои се во сила на Косово. Во нацртот се наведува дека ќе обезбеди процедура за регистрација кај надлежниот орган на Владата на Косово за администрација и општи процедури за усогласување со законите кои важат во Косово, како и дека ќе обезбеди и промовира почитување на политичкиот плурализам, правото на говор, слобода на здружување и право на слободна заштита на политичкиот и верскиот идентитет на Србите во Косово. Проектот, како што се додава во предлогот на Курти, како придружна обврска, треба да ја персонифицира заедничката определба на Косово и Србија да останат искрени и посветени на обезбедување дека нивните немнозински заедници ги исполнуваат истите стандарди за заштита на човековите права. „Стандарди кои се заеднички за демократските и обединети општества и кои никого не оставаат зад себе“, се додава во нацрт-законот предложен од косовскиот премиер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-predlozhi-nov-natsrt-statut-na-zso/feed/ 0
Со одлука на косовскиот министер Красниќи разрешен Управувачкиот тим за изработка на статутот на ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-odluka-na-kosovskiot-minister-krasniki-razreshen-upravuvachkiot-tim-za-izrabotka-na-statutot-na-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-odluka-na-kosovskiot-minister-krasniki-razreshen-upravuvachkiot-tim-za-izrabotka-na-statutot-na-zso/#respond Wed, 03 May 2023 15:50:37 +0000 https://kurir.mk/?p=830238

Косовскиот министер за локална самоуправа, Ељберт Красниќи, денеска донесе одлука за разрешување на Управувачкиот тим за изработка на Статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО). Управувачкиот тим за изготвување на Статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО) на вчерашната средба меѓу косовскиот премиер Аљбин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го презентираше нацрт-статутот, кој, според косовските власти, е во спротивност со договорот од 2013 година, одлуката на Уставниот суд и Уставот на Косово. „По вчерашната презентација во Брисел на нацрт-статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство, според надлежностите што му се дадени на Управувачкиот тим во Брисел со договорите од 2013 и 2015 година, овој тим сега и самиот е без статус“, напиша Красниќи на Фејсбук. Во Управувачкиот тим членуваа Данијела Вујичич, Јелена Боловиќ, Игор Каламар и Дејан Радојковиќ. По синоќешната средба косовскиот премиер изјави дека нацрт-статутот презентиран од Управувачкиот тим е суштински некомпатибилен со Уставот на Косово. -Изразив став дека таков нацрт, тоа што го слушнавме и прочитавме, е суштински некомпатибилно со уставноста, законитоста, човековите права, европските вредности, малцинските права според европските стандарди, и покрај тоа ќе бидеме заинтересирани да најдеме решение, изјави Курти во Брисел. Тој додаде дека на средбата предложил нацрт-визија во однос на членот 7 од основниот договор, имајќи го предвид членот 10 како треба да бидат вредностите и принципите, рамката која го регулира прашањето за немнозинските или малцинските заедници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-odluka-na-kosovskiot-minister-krasniki-razreshen-upravuvachkiot-tim-za-izrabotka-na-statutot-na-zso/feed/ 0
Хил: Чуствувам напредок, најважен е фактот дека Приштина треба да ја формира ЗСО https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hil-chustvuvam-napredok-najvazhen-e-faktot-deka-prishtina-treba-da-ja-formira-zso/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hil-chustvuvam-napredok-najvazhen-e-faktot-deka-prishtina-treba-da-ja-formira-zso/#respond Wed, 29 Mar 2023 07:27:33 +0000 https://kurir.mk/?p=817583

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, синоќа во Прешево изјави дека чувствува напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина и дека според него „еден од најважните елементи на сето ова е фактот што Приштина треба да ја формира Заедницата на српски општини“, пренесе Бета -Секако дека има и други работи што Приштина треба да ги направи, но мислам дека сето тоа води кон подобра ситуација со Европската унија и всушност ова може да се гледа како договор меѓу Приштина и Брисел, рече Хил и додаде дека „ истото може да се каже и за српската страна“. Амбасадорот додаде дека верува оти претставниците на Брисел имаат „голема заслуга“ за овој договор. -Господин Лајчак, особено господин Борел, кој „потроши“ 12 долги часови додека имаше многу други важни работи во врска со Украина, се занимаваше со проблемите на Србија и Косово, рече Хил во изјавата за новинарите по средбата со градоначалникот на Прешево, Шќиприм Арифи. Хил, исто така, кажа дека е јасно „дека САД апсолутно 100 отсто го поддржуваат она што ЕУ сака да го направи“, пренесе Бета. Тој нагласи дека САД, иако не се страна во дијалогот, се сметаат себеси за дел од тој процес и ќе продолжат да се ангажираат во него. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hil-chustvuvam-napredok-najvazhen-e-faktot-deka-prishtina-treba-da-ja-formira-zso/feed/ 0
Според Брнабиќ главен предуслов за Брисел е воведување санкции за Русија, додека за Белград е формирањето ЗСО во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spored-brnabik-glaven-preduslov-za-brisel-e-voveduvane-sanktsii-za-rusija-dodeka-za-belgrad-e-formiraneto-zso-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spored-brnabik-glaven-preduslov-za-brisel-e-voveduvane-sanktsii-za-rusija-dodeka-za-belgrad-e-formiraneto-zso-vo-kosovo/#respond Fri, 10 Feb 2023 14:15:22 +0000 https://kurir.mk/?p=799027

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска оцени дека „услов на сите услови“ за влез на Србија во Европската Унија е воведувањето санкции против Русија. Таа додаде дека „услов на сите услови“ за Белград е формирањето на Заедница на српски општини во Косово. - Ми се чини дека условот на сите услови е воведување санкции против Русија и дека без тоа ЕУ нема да отвора нови кластери и поглавја. Тука сме и за дијалог со Приштина, но Приштина не е, рече Брнабиќ во Лебане, на претставувањето на резултатите од првите 100 дена од работата на српската влада. Таа потенцира дека „услов на сите услови“ за понатамошни разговори со претставниците на Приштина е формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), во согласност со договорите постигнати на оваа тема пред десет години. - Тоа е услов на сите услови за понатамошна дискусија. дефинирајте ги одговорностите, рече Брнабиќ во Либан, по презентирањето на резултатите од првите 100 дена работа на српската влада. ЗСО, и тоа не а не онаква каква што замислува некоја невладина организација од Србија, од Косово и Метохија или од странство, потенцира Брнабиќ, потенцирајќи дека е неопходна ЗСО во согласност со договорите кои јасно ги прецизираат и дефинираат одговорностите, рече Брнабиќ. Таа потсети дека во април ќе се навршат 10 години од потпишувањето на Бриселскиот договор со кој беше предвидено формирање на ЗСО и додаде дека последните изјави на претставниците на Приштина само потврдуваат дека не сакаат да ја формираат таа заедница, ниту да ги почитуваат договорените спогодби. - А ако не ги почитувате потпишаните договори, тогаш колку вредат потписите на новите договори? И кој ќе ги спроведе?, праша таа. Таа рече дека за напредокот на Србија говорат и последните два годишни извештаи за напредокот на Европската комисија. - Направивме голем исчекор со усвојување на сет правосудни закони кои се усогласуваат со измените на Уставот, но ќе видиме дали ќе видиме конкретни резултати наместо само вербални пофалби, не верувам, рече Брнабиќ. Прашана за плановите во рамките на иницијативата Отворен Балкан, српската премиерка рече дека во текот на годината очекува голем напредок во имплементацијата на договорот за соработка меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија. - Особено е важно да започнеме со издавање на Open Balkan ID броеви за граѓаните од сите три земји за да можат со овие картички да патуваат, да работат, да студираат, да се лекуваат и да престојуваат во секоја од тие три земји како да се нивни граѓани, рече Брнабиќ. Таа оцени дека симболично е особено важно граничните премини да имаат отворени ленти наменети само за граѓаните, автомобилите и камионите од тие три земји. Апсолутно повеќе нема да има чекање. Овде граѓаните ќе ги видат сите придобивки од иницијативата, рече Брнабиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spored-brnabik-glaven-preduslov-za-brisel-e-voveduvane-sanktsii-za-rusija-dodeka-za-belgrad-e-formiraneto-zso-vo-kosovo/feed/ 0