звук – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Mar 2023 18:49:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png звук – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вака звучи кога растение плаче: Откриено е дека испуштаат звуци кога ги сечат и не ги полеваат (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vaka-zvuchi-koga-rastenie-plache-otkrieno-e-deka-ispushtaat-zvutsi-koga-gi-sechat-i-ne-gi-polevaat-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vaka-zvuchi-koga-rastenie-plache-otkrieno-e-deka-ispushtaat-zvutsi-koga-gi-sechat-i-ne-gi-polevaat-video/#respond Fri, 31 Mar 2023 18:49:41 +0000 https://kurir.mk/?p=818664

Растението може да испушта звуци кога е загрозено. Едно истражување покажува дека растителното царство не е толку тивко како што мислевме, и дека некои растенија всушност создаваат звуци ако не се наводнуваат. Се верува дека растенијата „плачат“, односно испуштаат звуци кога се сечат, а научници ги снимиле овие звуци кај доматите и тутунот, како и кај пченката и виновата лоза. Ултразвучните вибрации претходно биле снимени кај одредени видови со помош на сензори кои директно го допирале растението. Меѓутоа, новото истражување за првпат докажува дека растението всушност емитува звуци, кои можат да ги слушнат животните со силно сетило за слух. Луѓето не можат да ги слушнат овие звуци бидејќи нашето уво не може да прими толку високи фреквенции. Затоа научниците ги намалиле фреквенциите на растението за да можеме и ние да ги слушнеме. Во повеќето случаи, растенијата испуштаат звук сличен на пуканки, за кои се верува дека се воздушни меури кои се појавуваат. Доматите кои не се полевале пет дена го правеле овој звук почесто и погласно, речиси на секои две минути. Кога растението домати било исечено, на секои 2,5 минути испуштало звук како аларм. Професорката Лила Хадани, биолог на Универзитетот во Тел Авив и еден од авторите на студијата, која испитувала стотици растенија, вели дека откриле дека светот околу нас е полн со звуци што ги создаваат растенијата. -И тие звуци содржат информации, велат дека им недостига вода или дека се повредени, вели Хадани. Вели дека претпоставува дека овие звуци можат да се слушнат од живите суштества околу нас. Научниците користеле алгоритми за вештачка интелигенција за да го споредат шумот на здравите растенија од домати и тутун со оние кои биле исечени или без вода до две недели во звучно изолирана акустична комора. Откриле дека растенијата, кои не биле наводнувани, испуштале „звуци за помош“ пред да почнат да се сушат, а звуците почнале да се слушаат по пет дена без вода. Звуците се емитувале се повеќе и повеќе како што растението повеќе дехидрирало. Овие звуци би можеле да им помогнат на одгледувачите, а со помош на сензори да знаат кое растение е несреќно и жедно, а земјоделците би можеле да ги спасат земјоделските култури. Научниците, исто така, откриле дека растенијата, вклучувајќи винова лоза, пченица, пченка и кактуси, создаваат бучава кога се сечат или дехидрираат. Звуците траеле подолго кога растението било дехидрирано во споредба со кога било исечено, а различни растенија се чини дека произведуваат различни звуци врз основа на фактори како што е фреквенцијата на бучавата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vaka-zvuchi-koga-rastenie-plache-otkrieno-e-deka-ispushtaat-zvutsi-koga-gi-sechat-i-ne-gi-polevaat-video/feed/ 0
МОРНИЧАВО ВИДЕО: Сеизмолог го снимил звукот на разорниот земјотрес во Турција, „имаше моќ на 130 атомски бомби“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mornichavo-video-seizmolog-go-snimil-zvukot-na-razorniot-zemjotres-vo-turtsija-imashe-mok-na-130-atomski-bombi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mornichavo-video-seizmolog-go-snimil-zvukot-na-razorniot-zemjotres-vo-turtsija-imashe-mok-na-130-atomski-bombi/#respond Tue, 07 Feb 2023 12:36:05 +0000 https://kurir.mk/?p=797242

Хамдула Ливачоглу, сеизмолог од Универзитетот во Турција, вчера рано наутро го снимил звукот на земјотресот што ги погоди Турција и Сирија. „Човечкото уво не може да чуе фреквенции помали од 20 херци. Фреквенциите на земјотресните сигнали се исто така типично помали од 20 херци. За да се претвори земјотресот во звук, брзините на појасот на сигналот за земјотрес што го снимаат сеизмометрите се зголемуваат во зависност од периодот и сеизмограмот се компресира. Така содржината на фреквенцијата е подигната до праговите што може да ги чуе човечкото уво“, објасни тој. Турскиот геофизички инженер Овгун Ахмет Ерџан објави дека јачината на земјотресот што се случи е како 130 атомски бомби. „Земјотресот беше со јачина од 7,7 степени и јачина на приближно 130 атомски бомби, траеше 43 секунди“, објави тој, според „Индекс“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mornichavo-video-seizmolog-go-snimil-zvukot-na-razorniot-zemjotres-vo-turtsija-imashe-mok-na-130-atomski-bombi/feed/ 0
НАСА објави звук од вселената: „Се слуша црна дупка“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-objavi-zvuk-od-vselenata-se-slusha-crna-dupka-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-objavi-zvuk-od-vselenata-se-slusha-crna-dupka-video/#respond Tue, 23 Aug 2022 11:38:04 +0000 https://kurir.mk/?p=722602

НАСА на својот Твитер профил објави аудио снимка од вселената, која претставува звучни бранови кои доаѓаат од црна дупка и минуваат низ група галаксии. - Заблудата дека нема звук во вселената доаѓа од фактот дека поголемиот дел од вселената е вакуум, низ кој не може да патуваат бранови. Јатото галаксии има толку многу гас што го снимивме вистинскиот звук. Овде тој е засилен и измешан со други адитиви за да се слушне црната дупка, напишаа под видеото. Таканаречената сонификација се разликуваше од претходните напори кои беа ограничени на преведување на астрономски податоци во звук. Овој пат звучните бранови снимени од научниците беа преточени во звук. НАСА објасни дека овие звучни бранови потоа се ресинтетизираат во звуци што луѓето можат да ги слушнат. Снимените ноти биле кренати 57 или 58 октави и не биле репродуцирани со виолини или други инструменти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nasa-objavi-zvuk-od-vselenata-se-slusha-crna-dupka-video/feed/ 0
ВИДЕО: Инцидент во Струмица откако било побарано да се измери јачината на звукот од џамијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-incident-vo-strumica-otkako-bilo-pobarano-da-se-izmeri-jachinata-na-zvukot-od-dzamijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-incident-vo-strumica-otkako-bilo-pobarano-da-se-izmeri-jachinata-na-zvukot-od-dzamijata/#respond Fri, 13 Sep 2019 08:24:41 +0000 https://kurir.mk/?p=240182

Припадници на СВР Струмица заедно со инспекторатот за животна средина синоќа нешто по 20 часот биле спречени во намерата да ја измерат јачината на звукот на џамија во турско маало. Околу 300 верници од исламската вероисповед излегоа на улицата кога полицијата пристигнала во маалото, убедени дека намерата е да се забрани пеењето на оџата, јави порталот „Струмица Денес“. Од СВР Струмица за порталот изјавија дека дејстувањето било најдобронамерно со цел да се измери јачината која синоќа била поголема од дозволената. Како што велат очевидци за „Струмица Денес“ дошло до инцидент откако дел од насобраните верници извикувале дека ќе ја запалат црквата „Св.15 Тивериополски Свештеномаченици“. Православното население кое живее во истото маало велат дека тие немаат никаков проблем против џамијата како објект, ниту пак против луѓето од исламската вероисповед, но треба да се внимава на пресилната бучавост од звучниците на џамијата за што потпишаа и петиција. Од СВР Струмица велат дека ќе биде побарана средба со верските заедници и проблемот во најбрзо време да биде решен на мирен начин без никакви дополнителни инциденти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-incident-vo-strumica-otkako-bilo-pobarano-da-se-izmeri-jachinata-na-zvukot-od-dzamijata/feed/ 0
Зошто не го сакаме звукот на сопствениот глас? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-go-sakame-zvukot-na-sopstveniot-glas/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-go-sakame-zvukot-na-sopstveniot-glas/#respond Thu, 04 Oct 2018 19:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=110888

Колку пати ви се случило да го чуете сопствениот глас на снимка и да речете: „Нема шанси ова да е мојот глас“? Дали сме објективни кога е во прашање звукот на нашиот глас, дали е тој навистина смешен или само така ни се чини? Да, звукот на нашиот глас кој ние го слушаме е многу различен од она што другите го доживуваат, затоа што тој допира до нас преку други канали. Кога звучните бранови од надворешниот свет ќе допрат до надворешното уво, како туѓиот глас, тие проаѓаат низ ушниот канал до ушното тапанче, создавајќи вибрации кои мозокот ги претвора во звук. Кога зборуваме, нашите ушни тапанчиња и внатрешното уво вибрираат поради звучните бранови кои ги праќаме во просторот околу нас, но тие исто така се изложени и на друг извор вибрации- движењата предизвикани од прозводството на звук. Нашите гласни жици и дишни патишта треперат и тие вибрации исто така си го наоѓаат својот пат до органите за слух. Телото подобро ги пренесува ниските и богати тонови отколку воздухот, па кога тие два извори ќе се спојат во една перцпеција за сопствениот глас, тој звучи подлабоко и побогато. Затоа кога ќе чуеме како нашиот глас звучи без сите телесни вибрации, тој звук ни е непознат, може да звучи потполно поинаку, па дури и незгодно, има многу повисок и потенок звук. Или како што би рекле полаички- „попискаво“. И баш така не слушаат и сите останати, баш како на снимките кои ги слушаме, само нам ни се чини дека тоа не сме ние, затоа што не ги слушаме сите вибрации кои влијаат на тоа да го доживуваме нашиот глас подлабоко и побогато. Причината поради која не ни се допаѓа звукот на нашиот глас повеќе има врска со психологијата и нашиот став за себе. Исто како што го перцепираме нашето тело и изгледот кога се гледаме на фотографии. Да, снимениот звук од нашиот глас може да ни делува необично, но ништо повеќе од тоа. И кога некој ќе ни каже дека звучиме сосема океј, тогаш можеме да знаеме дека тоа е објективен суд, а не нашата искривена перцепција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-ne-go-sakame-zvukot-na-sopstveniot-glas/feed/ 0