среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Комерцијални објави

УНИБанка со промоција на новата Mastercard дебитна картичка за млади

УНИБанка со промоција на новата Mastercard дебитна картичка за млади

Имателите на оваа картичка, на возраст од 18 до 25 години добиваат и бесплатен бесконтактен стикер за мобилен телефон. 

Новата Mastercard дебитна картичка за млади на УНИБанка,  доаѓа со модерен дизајн и пакет на многубројни бесплатни услуги. Имателите на оваа картичка може да добијат и бесплатна бесконтактна стикер картичка, која се лепи на мобилниот телефон и со која може да се прават трансакции без воопшто да се носи  паричник.

Бесконтактната стикер картичка на УНИБанка е една од најновите технологии и форми на средствата за плаќање. Со неа клиентите добиваат квалитетна и брза услуга без да носат готовина и без да воведуваат ПИН при плаќања до 750 денари. Едноставно е, само треба да се залепи стикер картичката на мобилниот телефон, да се доближи до ПОС терминалот и плаќањето е завршено.

Новиот продукт нуди и бесплатно електронско и мобилно банкарство, како и бесплатна СМС услуга за првите шест месеци од издавање на картичката и е идеално за секојдневна употреба, без дополнителна грижа за паричникот.

За повеќе информации: http://unibank.mk/categories/view/984