Политика на приватност
Kurir.mk се обврзува дека ќе ја почитува анонимноста и приватноста на своите корисници и посетители на порталот. Kurir.mk може да собира лични податоци од корисниците/посетителите само со нивна согласност. Наведените податоци ќе се користат со цел информирање на корисниците, подобар увид и разбирање на потребите на корисниците на Kurir.mk, како и развивање на што поквалитетни услуги. Kurir.mk под ниту еден услов овие податоци нема да ги направи достапни на трета страна, освен во случај кога таква обврска е регулирана со закон.
При вашата посета на порталот Kurir.mk серверот автоматски ја бележи IP адресата на корисникот на сајтот, детали за интернет прелистувачот кој го користите, оперативниот систем на вашиот компјутер, а собира информации и за времето на посета. Ваквите информации ни овозможуваат статистика за посетеноста на нашиот портал, а крајната цел е анализа на најпопуларните содржини меѓу публиката со која ќе овозможиме подобри услуги и содржини за нашите корисници.
Kurir.mk се обврзува дека на најдобар можен начин ќе ги заштити овие податоци, но не може да одговара доколку таквите информации бидат украдени од нашите сервери, нивна злоупотреба, во случај на неовластен упад во нашиот систем или други незаконски активности на корисниците.