петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Комерцијални објави

“УНИБанка” ја исплати втората полугодишна камата на имателите на Перпетуални обврзници

“УНИБанка” ја исплати втората полугодишна камата на имателите на Перпетуални обврзници

“УНИБанкана 22.01.2020г. ја исплати втората полугодишна камата на сопствениците на перпетуални обврзници, со ISIN MKBLBA200011 и шифра на UNIPO. Исплатата беше официјално објавена од страна на банката преку соопштение до Македонската берза. Право на исплата на камата имаа сите лица, регистрирани како сопственици на перпетуални обврзници во Централниот депозитар на хартии од вредност на 21.01.2020 г.

Како потсетување , во јануари 2019 година, „УНИБанка”  издаде прва емисија на перпетуални обврзници со вкупна номинална вредност од 5 милиони евра. Емисијата е без рок на доспевање, а каматната стапка е фиксна,  9%  за првите пет години и се зголемува на 11% по завршување на овој период. Номиналната вредност на обврзницата изнесува 1000 евра и е прв финансиски инструмент од тој тип на македонскиот пазар.

Перпетуалната обврзница котира и со истата може да се тргува на официјалниот пазар на Македонска берза.

За повеќе информации: http://www.unibank.mk/files/attachments/Prospekt.pdf