четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Јадете ги овие работи, тие се најсилен афродизијак

Јадете ги овие работи, тие се најсилен афродизијак

Помеѓу двајца луѓе сексуална привлечност или постои или не, но доколку ја има, можете да ја засилите со афродизијаци и тоа оние од храната.

Еве кои намирници можат успешно да ја нагласат желбата за секс, пред сѐ, поради тоа што ја подобруваат циркулацијата, го намалуваат стресот и го ослободуваат хормонот на среќа.

На прво место е ѓумбирот, кој ја подобрува циркулацијата и функционирањето на крвотокот, па со самото тоа ја зголемува и сексуалната желба.

Истото место го дели и црната чоколада, која воедно го намалува и стресот и го ослободува хормонот на среќа.

Свежата краставица ја подобрува циркулацијата и протокот на крв во половите органи, па со самото тоа го зајакнува и либидото. Аспарагусот е богат со витамин Е, кој ја нагласува сексуалната желба, како и авокадото.

Уште малку па на трпезата ќе дојде и лубеницата, чии афродизијачки својства со споредуваат со оние на „вијаграта“, а сето тоа е поради тоа што добро делува на опуштање на крвните садови.