четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА КОЈА ЌЕ ВЕ РАСПЛАЧЕ: Има Алцхајмерова болест, но една работа не може да заборави

ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА КОЈА ЌЕ ВЕ РАСПЛАЧЕ: Има Алцхајмерова болест, но една работа не може да заборави

Додека Питер и Лиса Маршал една саботна ноќ седеле на креветот и гледале телевизија, тој ја прашал дали ќе се омажи за него. Она што Питер (56) го заборавил е дека тие веќе биле во брак.

Пред три години на Питер му била дијагностицирана Алцхајмерова болест, по што тој почнал да го губи помнењето. Заборавил кога прв пат ја сретнал Лиса, го заборавил првиот бакнеж, но и свадбата.

-Ова е потресно. Направивме нови спомени, но ме боли секогаш кога сакам да кажам „Се сеќавам ли на тоа?“. Сакам да се сеќавам на нив, но Питер не може на ништо да се сети, а уште помалку на она што било пред 20 години, изјавила Лиса.

Тие се во брак 12 години, а се запознале како соседи во Пенсилванија. Тогаш и двајцата биле во брак со други партнери, но се спријателите и останале во близок однос се додека семејството на Питер не се преселило. По речиси една година без контакт тие повторно се поврзале кога откриле дека двајцата се развеле. По еден заеднички состанок станале неразделни и ја одржува осумгодишната врска на далечина се додека нивните деца не се запишале на факултет.

-Начинот на кој тој ме сака, е толку нежен, духовит, романтичен. Секогаш беше страствен кога е во прашање нашата врска и јас, раскажува Лиса.

Таа во 2009 година се преселила во Конектикат, по што се венчале. На Лиса и било лесно да воочи дека нешто не е во ред со него, но и било тешко да се соочи со реалноста. Најпрво тој започнал да ги заборава клучевите, паричникот, а потоа почнал да заборава зборови и кое е нивното значење.

По дијагностицирање на болеста, почнале да исчезнуваат сите нивни сеќавања. Прв пат заборавил дека има жена додека биле на патување на Роуд Алјенд.

-Одевме во нашата куќа таму, а тој ми даваше упатства како да стигнеме, како да сум некој странец. После неколку месеци додека гледавме серија, а сцената беше од венчавка ми рече: „Ајде и ние ова да го направиме.“ А ние веќе бевме венчани. Тоа многу ме погоди. Се заљуби во мене во втор пат. Се чувствував почестено, како принцеза, како Пепелашка. Јас сум најсреќната девојка на светот, вели таа.

Со поддршката од нивните деца тие на крајот од април повторно се нашле пред олтарот за да ги обноват брачните завети.

-Влегов во таа приказна без очекувања бидејќи болеста е непредвидлива. Сепак бев возбудена додека се подготвував и го облекував фустанот, секој момент беше волшебен. Тој беше пресреќен. Ми кажа дека ме сака и тоа беше се што ми требаше. Јас сум неговата омилена личност. Нашите срца се поврзани и тоа е се што ми е потребно за и тој да се чувствува безбедно. Тој ме сака, го сакам и јас, единствено тоа е важно, заклучува Лиса.