понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Од што зависи успехот на бракот: ДВЕ работи се важни, но ЕДНА од нив е КЛУЧНА!

Од што зависи успехот на бракот: ДВЕ работи се важни, но ЕДНА од нив е КЛУЧНА!

Едно истражување, во кое учествувале 394 парови, открило дека голема улога во тоа каков ќе биде бракот имаат најмногу жените, но и дека мажите се посреќни во овие врски.

Кога станува збор за општо задоволство од животот и за тоа како се чувствувале сопругите во бракот, тоа директно влијаело и на тоа дали мажот е среќен или не.

Причината за тоа е што жените се поподготвени да ги задоволат другите, но и да ги стават туѓите потреби на прво место. Значи, жената повеќе слуша, нуди емоционална поддршка, нуди поголема помош или ги извршува сите секојдневни активности и обврски.

Комуникацијата е клучна

Несреќната жена веројатно порано ќе зборува за тоа, а почесто ќе биде подготвена за дискусија или расправија.

Од друга страна, мажите почесто држат се за себе и на тој начин дозволуваат да расте нетрпеливоста и незадоволството, па жените нема ни да бидат свесни дека нешто не е во ред. Научниците велат дека тоа е особено точно за постарите парови од генерацијата кога навистина не се зборуваше за емоциите.

Само ако парот зборува за своите емоции, колку и да е болно, може да биде навистина среќен и успешен како партнери. Брачните парови си должат самите да ги стават сите карти на маса и да не се срамат од процесот.