четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Дали машко-женските пријателства се мит или вистина?

Дали машко-женските пријателства се мит или вистина?

Могу мажи и жени барем еднаш во животот се нашле во ситуација да бидат во однос помалку од врска, а повеќе од другарство, кое најчесто го дефинираат како пријателство.

Дали постојат машко-женски пријателства и доколку постојат во која ситуација се истите можни и дали секогаш имаат некоја „позадина“ за српски Телеграф открива познатиот психијатар.

-Машко-женските пријателства се илузуја и тие секогаш имаат позадина и потајна желба дека еден ден ќе се случи нешто повеќе, вели познатиот српски психијатар Јован Мариќ.

Тој со машко-женските пријателства се занимавал во своитекниги и како што истакнува во пракса никогаш не забележал „искрено пријателство помеѓу маж и жена, но дека измеѓу нив не постоела љубав“.

Што се крие зад односот

Мариќ вели дека тоа обично е обострана илузија на двете лица кои еден во друг гледаат „пријатели“, а во суштина тој однос е многу покомплициран.

-Жените се тие кои што најчесто можат да функционираат во тој однос мислејќи дека тоа е пријателство, затоа што нив им е полесно да ја притиснат физичката привлечност, објаснува Мариќ.

Професорот додава дека „жените сепак се похрабри доколку аватат дека тука има нешто повеќе од пријателство“.

-Жената кога ќе савати дека е нешто повеќе од пријателство, таа во еден момент ќе го кажи тоа, а мажите се тие кои што подолго ќе се кријат позади пријателството. затоа што во повеќето случаи се плашат да не го нарушат односот со жената која им значи, вели познатиот психијатар.

Пријателство е можно само после врска

Познатиот професор вели дека пријателство помеѓу две личности од спротивен пол речиси „невозможна мисија“ и дека секое друго објаснување на овој однос е бегање од вистината.

-Пријателство, помеѓу маж и жене, ретко се случува, можеби после емотивна врска, вели Мариќ.

Тој наведува дека пријателство помеѓу маж и жена е можно само доколку еден од нив, а обично машкото е хомосексуално ориентирано.