Модерен дизајн и современ архитектонски стил е амбиентот во кој се сместени рестораните, кафулињата и баровите што ќе бидат дел од Гурманската авенија (Gourmet Avenue) на Diamond Mall. Овој посебен простор функционира како екстензија на Diamond Mall и ќе нуди привлечни содржини за средби и дружење и преку ден и навечер.
Меѓу угостителските објекти што ќе понудат уникатни вкусови и содржини во Гурманската авенија ќе има кафулиња со здрави опции на храна и пијалаци, различни ресторани за вистинските гурмани со избор на сочни стекови, италијански и мексикански специјалитети, вкусни интернационални и локални јадења, како и специјалитети од азиската кујна. Нема да недостасуваат и барови за забава во ноќните часови со специјална програма и музички содржини.
Овој простор ќе биде и место за организација на настани од областа на културата и уметноста и ќе им овозможи на посетителите да уживаат во дополнителни интересни содржини.
За отворањето на Diamond Mall на 20 октомври е подготвена и посебна вечерна програма со специјално шоу со дронови и настап на симфониски оркестар кој ќе изведува светски хитови. Програма продолжува и следните денови, со содржини за деца и тинејџери во текот на денот и музичка програма во вечерните часови. На 21 октомври ќе настапуваат диџеите Никифор, Мистер Мајк и Том Нови, а на 22 октомври, Каролина Гочева.