петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Комерцијални објави

Јавен оглас за вработување во ЈКП „Пролетер“-Ресен

Јавен оглас за вработување во ЈКП „Пролетер“-Ресен

Врз основа на чл.21 ст.1 т.7од Статутот на ЈКП,,Пролетер,,-Ресен бр.01-31/1 од 20.05.1998 год., чл.37-е ст.2, а во в.в со чл.37-и од Законот за јавните претпријатија односи (сл.в.бр.38/96……….275/19), чл.20-г ст.1 од Законот за вработените во јавниот сектор (сл.в.бр.27/14……….14/20), чл.22 ст.1 т.1-2, ст.2-4 и чл.23 ст.1 и ст.6-7 од Законот за работните односи (сл.в.бр.62/05……….110/19), а согласно Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавниот сектор(сл.в бр.34/15) и Одлуката за распишување на јавен оглас бр.01/2020 за вработување на 1(еден) помошно-техничко лице и 1(еден) давател на јавна услуга во областа на комуналните дејности заради кои се основани јавните претпријатија од група III, подгрупа 5 во ЈКП,,Пролетер,,-Ресен бр.02-397 од 29.09.2020 год., в.д Директорот на претпријатието Музафер Мурати на ден 30.09.2020 год. го објавува следниов:

Ј А В Е Н О Г Л А С БР.01/2020

за вработување на неопределено и полно работно време на 1(еден) помошно-техничко лице и 1(еден) давател на јавна услуга во областа на комуналните дејности заради кои се основани јавните претпријатија од група III, подгрупа 5 во ЈКП,,Пролетер,,-Ресен

За следниве работни места:

1. КДР 04 01 А02 001 КВ – Автомеханичар во Одделение Комунална хигиена и Јавна чистота во Сектор за други комунални услуги – 1(еден) извршител на неопределено и полно работно време (40 часа неделно)..

2. КДР 03 05 А03 020 – Раководител на одделение градски гробишта и пазар во Сектор за други комунални услуги – 1(еден) извршител на неопределено и полно работно време (40 часа неделно)..

Заинтересираните кандидати за 2 (двете) погоре наведени работни места треба да ги исполнуваат следниве општи услови за вработување согласно 37-ж од Законот за јавните претпријатија:

-да е државјанин на Република Македонија

-активно да го користи македонскиот јазик

-да е полнолетен

-да има општа здравствена способност за работното место и

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Покрај општите услови за пополнување на работното место на давател на јавна услуга кандидатот треба да ги исполнува и следниве посебни услови :

За работното место под реден бр.1

– да има соодветни стручни квалификации потребни за работното место: –
стекнато најмалку ниво на квалификации III, 180 кредити според ЕЦБЕТ или тригодишно средно образование.
– да има соодветно работно искуство потребно за работното место: – со или без работно искуство (работното искуство ќе се зема во предвид доколку кандидатот го има)
– да поседува соодветни посебни работни компетенџии потребни зза работното место – КВ Автомеханичар

За работното место под реден бр.2

-да има соодветни стручни квалификации потребни за работното место:-стекнато најмалку ниво на квалификации 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршени VII/1 степен.
– да има соодветно работно искуство потребно за работното место:- со работно искуство од најмалку 2(две) години во струката од кои најмалку 1(една) година на работно место во јавниот сектор, односно најмалку (4)четири години работно искуство во струката од кои 2(две) години на раководно место во приватниот сектор.
– да поседува соодветни посебни работни компетенџии потребни зза работното место:- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење преку приложување на потврда.

Распоред на работно време

(Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време)
Полно неделно работно време изнесува 40 часа.
Работни денови: од Понеделник до Петок
Работно време: од 07:00 – 15:00 часот.

Основна нето плата ќе изнесува:

-За работното место под реден бр.1 Автомеханичар во Одделение Комунална хигиена и Јавна чистота во Сектор за други комунални услуги ке изнесува 17.288,00 денари

-За работното место под реден бр.2 Раководител на одделение градски гробишта и пазар во Сектор за други комунални услуги ќе изнесува 25.146,00 денари

Рок за пријава:

Рокот за пријавување по јавниот оглас изнесува 15 дена од денот на неговото објавување во дневните весници.

Пријавите за вработување се пополнуваат на образец изготвен од страна на институцијата кој што заинтересираните кандидати ќе можат да го подигнат од aрхивата на претпријатието.

Пријавата со потребната документација да се доставуваат во запечатен плик со назнака за јавен оглас 01/2020 по пошта или лично во архивата на претпријатието на адреса ул.,,Обиколна бр.22, Ресен, контакт тел:047/451-643, Контакт лице Зора Марковска.

Кон пријатава заинтересираните кандидати потребно е да достават:
-Уверение за државјанство,
-Фотокопија од лична карта
-Лекарско уверение за општа здравствена состојба
-Доказ дека со со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
-Доказ за поседување на стручни квалификации – Диплома за завршено соодветно образование.
-Доказ за работно искуство
-Доказ за поседување на соодветни работни компетенции за соодветното место

Документите да се достават во оригинал или копија заверена на Нотар.
Јавниот оглас трае 15 дена сметано од денот на објавувањето на огласот во дневен печат.
Некомплетните, ненавремените и неуредно пополнетите пријави нема да се земаат во предвид при разгледувањето.

Изборот на кандидатите ќе се врши во законски предвидениот рок по истекот на рокот за пријавување.
Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од две фази:

1. Фаза 1 Административна селекција која опфаќа проверка на пријавите и веродостојноста на доставените податоци и докази во прилог на пријавата со условите утврдени во јавниот оглас

2. Фаза 2: Интервју

По завршување на постапката секој кандидат ќе биде писмено известен за извршениот избор.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисфалификуван од натамошната постапка по овој оглас.

ЈКП,,Пролетер,,-Ресен

В.д Директор

Дипл.есс Музафер Мурати