Добро избраната храна значи живот, здравје, енергија. Навиките за исхрана на родителите, најчесто стануваат навики кои ги следат и децата. Така што, несомнено може да се каже дека здравата исхрана и начинот на живот кај децата се формира од најрана возраст.
Редовното консумирање на млечни производи е од суштинско значење, преку нив телото ги прима потребните витамини и минерали кои му овозможуваат енергија во текот на денот. Употребата на ферментирани млечни производи овозможува подобро варење на храната, зајакнување на имунолошкиот систем и го намалува хроничниот замор. Таквите производи се преполни со нутритивни вредности кои се корисни за здравјето на коските.
Светските истражувања покажуваат дека не е доволно само да се обезбедува информација за здрава исхрана, туку мора да се знае и за тоа од каде потекнува храната која се консумира. За избор на млечни производи, особено е важно потеклото на истите и нутритивните вредности кои ги имаат. Млекарата ИМВ од Битола, со својот бренд VEMILK, нуди широка палета на квалитетни и 100% безбедни млечни производи.
Призводите VEMILK потекнуваат од најчистистиот и најмлечниот регион во нашата држава. Во подножјето на планината Баба, брендот VEMILK, успешно ја гради својата приказна уште од 2017 година. Следејќи ги најновите стандарди, со користење на најсовремената технолошка опрема, VEMILK гарантира највисок квалитет на своите производи.
Уште од мали, децата треба да знаат од каде доаѓа храната и како истата се подготвува. Производите на VEMILK, кои се корисни за целото семејство, се подготвуваат преку добро усогласен технолошки процес, кој се одвива согласно строг HACCP стандард, со опрема во која се вршат лабараториски испитувања. Покрај најсовременето производство, VEMILK користи и ЦИП систем за темелно чистење на опремата, а истото го прави после секој технолошки процес и со тоа овозможува одличен квалитет на производите.
Големото семејство на VEMILK постојано расте и се проширува. Белото саламурено сирење, кашкавалот, биеното сирење, урда, свежното млеко, јогуртот и кисело-млечните производи, се дел од богатиот асортиман на VEMILK, а за нивниот квалитет и вкус потврдуваат верните и задоволни потрошувачи.
Производите на VEMILK за многу кратко време се издигнаа и станаа препознатливи на пазарот со својот уникатен вкус, а истите може да се најдат во скоро секој маркет и помала продавница.
Храната треба да биде едно од најголемите задоволства во животот, токму затоа треба да се консумира добро избрана и квалитетна храна. Производите на VEMILK имаат нутритивни вредности, богати со витамини, минерали, растителни влакна и пробиотици, а со нивното користење, енергијата во денот ќе биде на највисоко ниво.
За повеќе информации за производите на VEMILK и начинот на производство, посетете ја веб страната https://vemilk.com/.