среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Комерцијални објави

Паметни Samsung Galaxy Note20 мобилни уреди со моќ на компјутер

Паметни Samsung Galaxy Note20 мобилни уреди со моќ на компјутер

Секојдневно најголемиот дел од времето го минуваме пред своите мобилни уреди и компјутери, извршувајќи ги работните обврски, или пак користење на истите во слободно време со слушање музика, играње игри, следење информации, читање,…

Кога работата е во прв план, преносните лаптопи се со нас иако не би сакале да ни претставуваат обврска да ги носиме со и да ни зафаќаат дополнителен простор непотребно.

Сакате во својот џеб да имате телефон со моќ на компјутер? Тогаш го имаме решението за Вас, а неговото име е новата серија Samsung Galaxy Note20.

Note е првиот телефон кој успеа да спои пенкало со телефон и да овозможи еден целосно нов свет. Како што почнуваме да живееме во нова нормалност, се јавува потреба од нови уреди.

Моделите од Note20 серијата не се паметни телефони како било кој друг мобилен уред. И Galaxy Note20 и Note20 Ultra моделот, се буквално засебни компјутери, со големина доволна да ја собере во твојот џеб. Опциите за гејминг се дефинитивно на повисоко ниво, а одличните леќи на камерите и професионална 8К опција за снимање ви носи професионално и моќно мобилно искуство кое веќе е достапно и кај нас.

Ова е моќниот телефон кој засекогаш ќе го смени начинот на кој работиш и играш.

На екранот од 120 Hz лизгањето по екранот е непречено и има одлична интеракција преку допир. Благодарение на тоа, кога пишуваш со S Pen пенкалото имаш чувство како да пишуваш со вистинско пенкало.

Infinity-O екранот е феноменален, што ги прави допирањата со S Pen пенкалото уште попрецизни, за да може да пишуваш најнормално. И не само тоа, S Pen пенкалото има опција за Bluetooth поврзување, која го претвора во корисен безжичен управувач за твојот телефон.

Dynamic AMOLED 2X Infinity-O Display на Galaxy Note20 Ultra овозможува глетка со многу бои и без заслепувачка светлина, дури и преку ден при силна сончева светлина. Исто така значително ја намалува сината светлина за да го намали напрегањето на очите – нешто кое е навистина добредојдено во секојдневие кога постојано сме опкружени со екрани.

Со Dynamic AMOLED дисплејот на Galaxy Note20 Ultra твоите слики нема да бидат избледени и ќе можеш да добиеш неверојатно живописни слики независно од различните нивоа на светлина. Екранот на Ultra моделот може да постигне највисока светлина до 1500 нити, за да го направи твоето искуство со мобилниот телефон пореалистично.

Името на последникот крик во технологијата сега може да го олесни и да биде дел од вашето секојдневие со вашиот следен најдобар избор досега – серијата Galaxy Note20 на јужнокорејската компанија Samsung!