петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Комерцијални објави

Патот на младите режисери

Патот на младите режисери

Додека ние го гледаме филмот како готов производ за опуштање по напорниот ден, неговото создавање е многу посложено зад камерите. Голем број на луѓе се грижат филмот да изгледа беспрекорно и да ја донесе точната порака до публиката. Од сите нив, најприсутен во секоја работа е режисерот. Тој е вклучен во речиси сите сегменти од правењето на филмот. Неговата визија е онаа која најмногу влијае на сите сцени затоа што негова работа е да го долови напишаното сценарио во визуелно искуство, а многу често и режисерот е оној кој го пишува и сценариото. Режисерот ги развива сцените, ликовите на карактерите, избира како ќе изгледаат, работи на светлото, сценографијата и внимава на секој елемент да е на своето место.

Притисокот врз режисерот е огромен, особено ако е млад режисер по години, но и по искуство во овие води. Тие ги носат најголемите одлуки за филмот. А, снимањето на еден филм може да трае и со години. Најчесто, додека работат на еден филм, во меѓувреме бараат и следен за нивен нов ангажман.

Работните часови на режисерите се често непредвидливи. Можат да работат во понеделник цел ден, а наредните денови да снимаат по 3-4 часа. За нив не е чудно да работат за викенд, навечер, ниту пак за празници.

Патот до успехот за нив е доста тежок, макотрпен и поплочен со многу различни карактеристики на работата кои со текот на времето се подобруваат, избегнуваат или пак се користат во нови форми и делови од следните филмови.

Кога си нов во работата како младите режисери, не секогаш ти е дадена шанса да се докажеш во бурните води на филмската индустрија. Но, затоа тука е Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ кој што има за цел да ги награди младите режисери за нивните филмови. Идејата на „Киненова“ е откривање на млади и нови таленти од целиот филмски свет без разлика на нивната географска положба. За „Киненова“ е секогаш прво филм, како што им е и слоганот оваа година. За да се уверите во квалитетот на младите, но и на докажаните режисери и добрите филмови, проследете ја програмата на Телевизија 24 на која што ќе се прикажуваат филмовите од овогодинешното издание на „Киненова“ и приредете си одлична филмска вечер со пријателите.