Вечерва, легендарната македонска група Меморија ќе ги забавува битолчани на концертот што ќе се одржи во Ракометното игралиште во градот со почеток во 19:30 часот. Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, секогаш со поддршка за културата во државата, е еден од главните партнери на бендот и за овој настан.
Денеска претпладне, тимот на Универзитетот заедно со членовите на Меморија, беа во кафе Пајтон, а тие што им се придружија имаа можност да го завртат тркалото на среќата и да освојат карти за вечерашниот концерт или некоја друга од многуте вредни награди што ги доделува Универзитетот.
Во рамките на Универзитетот работат вкупно 5 факултета со студиски програми во областа на туризмот, економијата, маркетингот, управувањето со човечките ресурси и информатиката.
Тимот на Универзитетот секојдневно ги очекува идните академски граѓани пред својот објект да одговори на секое прашање во врска со студиите на оваа препознатлива високообразовна институција. Уписите на Универзитетот се во тек.