Уписите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се отворени. Тим составен од професори и студенти секој ден ги пречекува заинтресираните идни академски граѓани пред самиот Универзитет, со одговор на сите прашања поврзани со уписите на некоја од студиските програми на Универзитетот.
Универзитетот нуди можност за додипломски и магистерски студии на пет факултета, но и можност за допонително дооформување на образованието до 240 ЕКТС (завршување четврта година). Првата година на додипломските студии чини само 699 евра. Уписите за сите видови студии се во тек.
Тие што ќе одлучат да се запишат на прв циклус студии на некој од факултетите на Универзитетот, по четиригодишно студирање, ќе може да се стекнат со едно од следните звања:
Дипломиран менаџер во туризмот
Дипломиран економист: финансии, банкарство и осигурување
Дипломиран економист: менаџмент на човечки ресурси
Дипломиран економист: меѓународен маркетинг менаџмент
Дипломиран инженер по информатика: софтверско инженерство
Студентите со завршен прв циклус студии, може да го продолжат своето образование на магистерските студии на Универзитетот и да се стекнат со некое од следните звања:
Магистер по туризам
Магистер по економија, насока: финансии
Магистер по економија, насока: менаџмент на човечки ресурси
Магистер по економија, насока: меѓународен маркетинг менаџмент
Магистер по информатика: софтверско инженерство
Тимот на Универзитетот ве очекува да ви помогне да го направите вистинскиот избор на еден од неговите пет факултети!