Во првите четири месеци на 2020 година, гледаноста на телевизијата во Македонија порасна за рекордно ниво според истражувањата на Nielsen. Голем раст е забележан и на светско ниво. Меѓутоа, како вистински хит помеѓу телевизиските гледачи се покажаа сервисите за стримање, а една од најпопуларните платформи за стримање, која има превод за сите серии и филмови е HBO GO.
Со цел да им овозможи на своите корисници да уживаат во омилената содржина, кога и да посакаат, компанијата Samsung подготви посебна погодност. Почнувајќи од 1 мај, па сѐ до 30 јуни, купувачите на Samsung QLED телевизор од 2019 или 2020 година, добиваат прилика да уживаат во најдобрите серии и филмови до 12 месеци и тоа целосно бесплатно со HBO GO.
Со телевизорот кој што ќе го одберат и врвната Samsung QLED технологија, која што боите, тоновите и движењата на екранот ги прикажува на веродостоен начин, корисниците ќе можат да уживаат во познатите HBO серии како Westworld, True Detective или Game of Thrones. Високата резолуција на QLED моделите и големиот избор на димензии според потребите на корисникот, го прават гледањето на сите видови на содржини вистинско уживање.
Во зависност од тоа кој модел на телевизор ќе го одберат, корисниците добиваат ваучер за HBO GO услуга во траење од шест, девет или 12 месеци. За да може купувачот да го искористи ваучерот, потребно е да ја регистрира својата купувачка во рок од 14 дена од датумот на издавање на сметката. По активацијата на ваучерот, на корисникот му преостанува да ужива во изборот на повеќе од 300 серии и 850 филмови достапни на HBO GO сервисот.
За повеќе информации посетете ја https://www.samsung.com/mk/offer/hbo-go-promo/.
За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.
Со своите идеи и технологија, Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ апаратите, паметните телефони, преносливите уреди, таблети и дигитални куќни апарати, мрежни и LSI системи, меморијата и LED технологија. За повеќе информации и вести, посетете ја news.samsung.com.