понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Комерцијални објави

Жан Митрев ја прекина инвестицијата во Катланово поради последните случувања!

Жан Митрев ја прекина инвестицијата во Катланово поради последните случувања!

Како резултат на случувањата во последните осум месеци, клиниката „Жан Митрев“ информира дека се принудени да ја стават во мирување изградбата на новиот радиолошко-онколошки центар во Катланово кој требаше да почне со реализација минатата година.

„Центарот за Радиологија и Онкологија” е проектирана инвестиција вредна 45 милиони евра, која е планирана со учество на странски партнери. Предвидено е да се гради на локација во месноста Катланово во близина на Скопје каде треба да работат околу 350 медицински лица – доктори и друг медицински персонал. Радиолошко-онколошкиот центар планирано е да биде опремен со најсовремена апаратура за дијагностика и третман на тешко болни пациенти. Исто така, проектиран е и специјален дел наменет за рехабилитација и згрижување на пациентите засегнати од малигни и други заболувања. Со остварување на овој проект ќе се обезбеди врвна медицинска нега и третман за пациентите.

Се надеваме дека оваа година конечно ќе започнеме со изградбата на овој проект што е од исклучително значење за Македонија и регионот, се вели во соопштението на клиниката „Жан Митрев“.