недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Љубов и секс

3 работи заради кои врските на далечина „пукаат“: Во овие врски нема место за лаги

3 работи заради кои врските на далечина „пукаат“: Во овие врски нема место за лаги

Многу луѓе веруваат дека врските на далечина се вистински предизвик. Донекаде се во право – не е лесно да се одржи врската кога со партнерот се гледате само неколку пати годишно.

За да успее и опстане врската, потребно е да се придржувате до одредени правила, но и да направите план за се да испадне совршено. Се разбира, врските на далечина можат да функционираат исто како и кога партнерите живеат заедно.

Експертите за врски советуваат кои три работи партнерите треба да ги избегнуваат за да не им пропадне врската.

1. Секојдневни кавги

Секако, во ред е да имате несогласувања и расправии, но не дозволувајте кавгите да станат дел од секојдневието. Не е исто кога ќе се расправате со партнерот во живо и телефонски, бидејќи оној од другата страна на „жицата“ може во секое време да ја спушти слушалката или извесно време воопшто да не одговори.

Заради тоа, вашата врска може да биде на несигурна почва; затоа обидете се да ги решите работите со мирен тон и неколкучасовен разговор.

2. Љубомора

Во овие врски љубомората е неизбежна, бидејќи тој црв на сомнеж секогаш буди „каде е, со кого е, што е, кога ќе …“. И вам и на вашиот партнер ви треба личен простор, како и време да си посветите на себе.

Врската на далечина бара бесконечна доверба за да опстане.

3. Лаги

Кога сте во врска на далечина, не треба да има „бели“ лаги. Бидете искрени со партнерот, кажете му што ве мачи, за што размислувате… Никогаш не треба да им кажете дека, на пример, гледате филм, кога всушност сте во кафуле со пријателите.

Ако мислите дека вистината може да повреди друга личност, обидете се да зборувате за тоа, бидејќи секогаш постои начин безболно да го кажете тоа што го имате.